Сигурно на повеќето од вас барем еднаш на мобилен и стигнало порака од мобилен оператор за награден квиз преку пораки во која се добива кола, плазма телевизор ...итн. Е така и мене пред некој ден ми стина порака од ONE играј, одговори на прашањава и ќе освоиш поени кои те водат до твојот нов LG 42'' плазма телевизор И викам ај баш да видам што финта е ова, ќе играм. И стига едно прашање, 2,3,4,5....... чудно сите ги знам, одговарам, освојувам поени и уште малце па плазмата е моја, еве ја само што не ја донеле И така јас се занесов одговарајќи банални прашања и веќе не знам до каде стигнав, кога ми светна сијаличката и сватив бре дека ова нема крај, тешка превара. И застанав.....ама кога погледнав во инбокс колку пораки сум пратила си реков браво, нека ти е наздравје сметката после 10 што ќе ти стигне, ќе си ја платиш глупоста од свој џеб, а LG плазма можеш да сањаш Иначе пораките се 25 ден +ддв, супеерррр Девојки ако знаете дека некој играл ваква игра и добил нешто , кажете, барем да знам дека не сум играла напразно, дека сепак е можно да добиеш нешто.
застанавме со другарки на мал одмор на сред ходник у школо и почнавме да ја пееме ти си ми у крви и да се смееме ко луди
Оваа е уште кога се водевме со дечко ми (Шо би рекла баба). Си одам после доброо вечер и пијана работа ќе си бара занимација.Тогаш хит ни беше Гледам Супер Бинго, и си зема малата мобилен и мртва ладна му звонам на дечко ми во 4 сат и му се дерам на телефон Гледам Супер Бинго и плус се кезам ко несалам.. Е да видите како се отрезнува мачето за секунда кога од таму татко му ми вели..Е јас не го водам.. Место на мобилен сум свртена на фиксен.. И паметната фуп слушалка..демек нема да ме познае а имаат идентификатор.. После тоа месец дена не отидов кај нив...
завчера се изнервирав нешто со него, и ме викна на тел, а јас се дерев: ти не си нормален, ти ова ти она, и за на крај “ да ти е*ам мамето твое“, и оп мајка му да била блиску и ме слушна зини земјо голтни ме нема да пцујам веќе, нема
Во школо, се раздрав МИТРАААААААА! (не Митра де, другарка ми) а наставникот бил во училна. Па доолго убедување ја наговорив мајка ми да правиме торта, дома, и се добро и дојде време за цртање шара. И ајде дај да пробам, на едно место многу, на едно малце, негде развлечено. И мораше тоа да се мачка па пак од почеток во друга боја да правам. Место да дадам кош, јас си ги искршив сите нокти, и го погодив наставникот ни погоре ни подоле туку точно во чело.
Последно ? Денеска кога ја местев ташната за на училиште ми текна дека немам напишано домашна математика и за да се извадам за да немам минус решив намерно да не ја ставам тетратката и пред часот, ваѓам учебник и се правам дека сум заборавила да ја ставам и и викам на другарка ми (како можев вака да се зафркнам, викаш немаме домашна 5 минути се думав зошто сум заборавила и гледав зошто не сум забележала кога тоа да немаме за домашна, пак јас ненамерно ја заборавив да ја ставам ) епа Лукс ако, еднаш и ти да пишуваш задачи во тетратка со широки
минатиот викенд му звонев на еден другар со непознат број нелисо скриен и како за малер тогаш кога ѕвонев сите биле собрани кај него и ме пуштија на звучник .. jас сеуште молчам од другата страна и тие почнаа да караат на телефон а сигурно ни на крај памет не му паѓа дека јас сум таа што ѕвони дел од тоа што го велеа беше : абе ...да му го исп**иш на татко ти , на брат ти , на сите овде 10 души што сме на сите можи така и сега и од таму се смеат јас дома се ваљам од смеење хаха
Не епоследно, малку застарено е, ама сега се сетив на тоа....па ајде, ќе го искуцкам... Се договараме да бегаме цел клас од на час. Но, за беља тројца соученици не зезнаа, не идеа. И то оние најнемирните на часови. Сакаа да не зезаат. Ние решивме да одиме без нив, кој сака нека остане. Тргнавме и ни на 10м од школо забележуваме не тргнале сите. Бевме само 10души. Останатите уште се на скали, ги убедуваат другите да тргнат. Девојчињата една по една се враќаат као демек да ги викнат другите и остануваат. На крај, ај и јас да одам да видам до кај се, влегувам во училница и на цел глас. „Абе вие глупи сте или шо? Бегаме или неееее??„ И само слушам некој зад мене вели: „Ајде деца, влегувајте внатре!!„ Професорката насмеана до уши била до мене. Сите се ѕвереа како телиња во шарена врата во мене, а јас уште веламЧ „Па ќе влеземе професорке и онака сме уште тука, нема да седиме в ходник.„ Тогаш тоа ми изгледаше смешно, но кога поразмислив сфатив дека било ептен глупаво. И оттогаш бегав сама, никого не викав освен ако некој сам не се јавеше. Не бевме сложен клас, јбг
си ги отсеков трепките на десното око...пред да одам едно сабајле на факултет ставав римел и реков ај да ги подвиткам со ножички ама од брзање ми се залепија за ножичките,и незнам како потегнав некако,незнам ни сама и оп доле ножичките со се трепки ...хихих плачев после три дена мислев нема да ми пораснат.Многу е чудно окото без трепки
Е многу се усрамив од мојава глупост,искрено Имавме четвртокот 7ми час изборен,и чекавме сите во ходникот да дојди наставникот кој доста доцнеше.И го имав заборавено мобилниот до прозорецот а бев до WC.Кога се вратив гледам неколку машки од класот зеле телефонот,читаат пораки,чепкаат по сликите .. И пошто само нашиот клас имавме седми час од цело училиште зедов слободно да се дерам: "Вратете ми го телефоноот" И зеде еден соученик трча,слегува долу со телефонот а јас цела изнервирана трчам по него и викам "Кајј си бе педеер" ?? И пред мене на скали го гледам наставникот а другарми долу се кини од смеење
Еднаш се договоривме да испаднеме сите другарки заедно ( затоа што многу ретко веке се гледаме ..која на факултет, која на работа , која со дечко )и да седнеме некаде на кафе. Од кога сите си го испија нарачаното решивме да си одиме, но пошто ни стана толку многу интересно, а се уште не ни се одеше дома отидовме во еден улаз (надвор беше претерано ладно , а сакавме да се зафркаваме)и седнавме на скалите. Мораше од сите тие некој да биде ''најпаметен'' т.е. јас...прво почнав да пеам и да играм, и незнам од каде ми дојде така силно да се иждригам и во тој момент а и незнам од каде испадна еден дечко ..па остај тоа и ме погледна право мене...толку многу се усрамив што одтогаш не ми текна да ждригнам некаде на друго место си помислив колкава крава сум...како не ми е срам ..
Хаха видов кај едно девојче една слика, нешто со текст на англиски ама со печатна грешка и сакав во ПП да и пратам на мај бфф, арно ама по грешка пратив кај девочето од сликата. Леле бруки. Одма блок, делит цц
Му свртев на дечко ми на мобилен, и како и секогаш очекував тој да ми крене и јас како и обично само што крена почнав да си се лигавам буци, муци и не ми збори ништо и јас пискам абе буцииии !!! И слушам од таму мајка му и татко му слатко си се изнасмеаа Брукии (сега ми е смешно )
Последната глупост што ја направив е тоа што на мојот симпатија му испратив мече за св. Валентин (пред 5 години) и тоа по пошта му го пратив инаку дечкото не знаеше дека јас постојам
на тестот по италјански во преводот наместо велосипед си напишав ТОЧАК ...и проф. со огромни букви со црвено пенкало имаше напишано велосипед...па што мака ми беше да го преправам а видов што напишав
Бев излезена со пријателките и зборувавме многу гласно и не гледавме ништо пред себе минувајќи улица за малку што не не прегази автомобил