Паа , последна ќе да е онаа глупост кога се миев коса хахахаха... Си ставам јас шапонче на косата и здогледувам во мало шишенце на него пишува субрина и во него розово нешто тоа да ти било Вениш! мајка ми го доенела од работа што знам хахахаха и јас си ставам викам чекај малце субрина за да се исчешла поубаво косава оти ми беше претходната вечер целата пунџа што бев на полуматурата и така и ставив од ова "субринава" демек и испаѓам после и и викам на мајка ми ... мамо јас си ставив од субрината сеа поубаво ќе ми се исчешла косава.. и мајка ми вика ииии абе тоа е вениш ХАХАХАХ косата ми се крена викам леле оти не ми кажа.. ццц
Синоќа влегуваме во бар со другарка ми и таа остана да вади карти а јас си продолжив да одам мислејќи дека е зад мене. Кога ми се доближи еден без да го погледнам добро го фатив за рака ама тоа беше само момент и се свестив дека сум грешка со оправдание дека ми е темно не видов другарками се изнасмеа зашто само она и момчето ме приметија
Игравме карти. И јас дека ич не сум несмасна, чашата што беше на масата, ја ставив на земја до мене, за да не ја бутнам со рацете, додека играме. И полн погодок.. При прво станување, ја „рогнав“ чашата. Не буквално, ама сврте едно 20тина крукчиња. Среќа што беше оваква па не се скрши..
Ќе ја запалев куќата ставив сос да се прави и фино лепо си се нацтав ред комп, слушам нешто шушка ко ќе видам почнало да истекува од тенџерето прст пред око не се гледа
Станувам за на училиште прва смена, зима беше па во кујната земав четката и пастата да не ми биде ладно во вц и нели да си ги измијам забите и наместо да ставам паста јас на четката сјај си ставам ама арно се свестив на времее не си ја измив устата со сјајј
Сакав да извадам таква голема чаша од висачите во во кујна. Одозогра ми падна, за малце глава ќе ми расцепеше. Срце ми застана.
^ Елена, ма што стори ти. Само на темава те гледам, извор на глупости . Еве и јас што направив. Си седам така на балкон, со лап-топ в раце и слушам кај што се кљавтат овие одоздола, многу ме изнервираа, башка и под балкон ми беа. Се думам јас што да направам и кога ми текна една луда идеја.. и побарав се што ми е потребно за реализирање на истата. ~ Зедов едно шише и го наполнив со вода. Без да ме видат им го истурив на глава, одма го скрив шишето, и се наместив така демек гледам некаде. По некоја секунда овие се свртеа накај мене, а јас со зачудена фаца ( )и прстот им го покажав нагоре. Уф, колку ми беше мило, на „културен“ начин им покажав, ама тоа е. Па не се живее, абушкубуахабуаха ахахахубубуахахах~
Си дочекав јас лето и да не можам да останам на безент колку што сакам.6 часот јас со комшивката на безент ми дошол еден во црвена капа над мене и ми вели излегувајте затвараме .И јас :Стварно ? Овој па дебилска фаца :Изгледам ли како да се зафркавам да да веднаш изгледуваме. Излеговме што излеговме облекуваме фустанчињата врз купаќи ташните на рамо и демек одиме на кај вратата овој па по нас ) Подзастанавме и овој стои. Почна нешто да зборува бла бла ( не е важно) А ние две за рака и со се ташна и алашта и апостолки в базен.Фацата на чичево дефинитивно
- Бев до продавница, со паста на устата. - Сум земала портокал, сум го поделила на два дела, и се чудам кај му е семката! Јас мислев дека било праска. Сум заборавила и како се јаде, па почнав исто ко праска да го јадам, се излигавив. Шутрак.
Од полна чинја пиперки мајка ми ме предупреди да внимавам бидејќи има 1/2 многуу лути пиперки .И јас од толку пиперки колку ги бројам еци пеци пец за да не ја земам лутата пиперка и девојчето колку сигурно знае дека од полна чинија нема да је земе лутата . Добар гриз беше тоа .Поцрвенев како домат . Па и не само што се олутив веднаш се напив вода па кога ми дојде една смеа сите пред мене ги истуширав
Ми требаше страна за симнување песни и викам ај ќе одам на пребарувањето на форумот гарант ќе најдам некоја и место да пишам симнување песни ја напишав Spoiler Симнување пениси
ми се јадеа макарони...ги прашав домашните дали сакаат, ама не сакаа...не можев да варам цело тенџере..немаше да ги изедам сите...и ми текна супер идеја-сварив во ѓезве колку само за мене..згора на тоа, наместо сол ставив шеќер и после си јадев вкусни благи макарони................
Мислејќи дека у шишенцето има средство за бришење прашина, си ја светнав собата со обична вода, и тоа у шест сабајле.
пред меец дена со другарками се кацивме на тераса а родителите долу со оние сиалици сто се закацуваат за зид правеа зимница и ние зедовме едно сисе вода и ги испрскавме одозгора сијалицата пукна а посто они доле јадеа им го намокривме и јаденето :/
пред еден месец отидовме со таткоми да повозам малце кола да се учам затоа жто 10 месеци ми останаа до полагање и сега имаше кривина и јас немсто на почетокот јас излегов на средина и да ја фатам а ако продолжам уште малце право излетувам во провалија и таткоми ми вика закочи и јас наместо да закочам давам гас и човекот смирено закчи јас упорно гас и таков ми се дере закочи а јас таква мртва ладна притискам кочница
мајка ми отиде на работ и ми рече за 10 минути да го исклучам гравот јас се заиграв на компјутер и после 2 саати одприлика кога отидов да земам несто за јадење и глеам тенџерето скоро празно вриело течело... катастрофа
ова ми се деси вчера се шетавме со другарките и кога се вративме едната виде дека и го нема телефонот и јас и она се вракаме да го бараме а јас и звонам за да го слуснеме и од еднаска звони пред една група деца и они го приметија и за да не го земат јас залетуване скоканје мегу нив и го грабнав телефонот кога сите почнаа да вристат на цел глес -од кај се појави ма -ти си ненормална сто ли не казаа ама и они ме испласија кога почнаа да врескаат иначе беа деца од моето одделение ама јок да види порано се бесе темно а таму немасе улични
Татко ми ако не заебе работа, нема кој. Ставил вино во шише од Кокта и фино лепо го сместил во фрижидер. Си се враќам јас жедна од излегување, отварам фрижидерот и гледам сокче, милина. Ама мене ни на крај памет дека вино има во него, темно како сок. Си отворив јас шишенцето, си го нагрнав како трубач и имаше што да вкусам. Коа го заџиткав, мислев расипан, држ ме мори мајко се испосрав. А кога татко ми дозна, следуваше смеење на моја сметка.