Имаше ракија во шише а јас мислев е вода...убаво си наполнив во чаша и тоа многу и се залетав да се напијам ама тато ми викна и ми кажа дека е ракија иначе како што бев многу жедна...
Она црвенконо кај Анабела шо ринта у потпис го плеснав со раката мислејќи дека е бубашваба шо ми љета на мониторот.
Бев на компјутер. Го исклучив. И таман да го ставам столчето повнатре во бирото, цело ми се струполи наназачки. Ми направи едно Бам! И нормално, сестра ми се разбуди.
Се лупнав со глаата во врата и уште малце фалеше да ја скршам.А да не ја ни спомнувам џумкава што сеа ми ја "краси" главата.Ах,каде јас со овој памет,каде?
Не е последна, ама е глупост богами. Зимата беше, Лукс после секое миење имаше мрсна коса. А убаво измиена косата, истриена, истрзана, измасирана се со ред и со шампон и со регенератор. Ама чудото од шампон Лукс си го користела регенераторот место шампонот(ееј без да прочитам упатсво и регенератор) си се миев со 2 регенератора и чуди се после од кај ми била мрсна косата. Влегува мајка ми во веце, и ми вика, тебе дете од што може толку да ти се мрси косава, никогаш не ти се мрсела, а помрсна од сега не ти била ја се чудам и и ги покувам шампоните еве со овие се миев и мајка ми го гледа регенераторот и ми вика: Па ти си се миела со два регенератора, шампон воопшто не си користела Фејс палм, кога ми светна што сум правела 2 миења по ред ми идеше да го фрлам в канта едниот регенератор. Мистеријата за мрсната коса разрешена Еееј два пати си одев на школо со мрсна коса Паметната, со 2 регенератора ејј, затоа сеа секогаш по 2 пати гледам со што се мијам, дури по 2 пати го препрочитувам упатстовото па после ставам на глава.
- Седев надвор на клупа, жива вода. И како што седам, гледам нешто убаво свежо ми оди. За мерак. После некое време станав, и сфатив дека уствари сум седела на некој тепих, што го переле. Среќа што беше само на горните даски, па само грбот ми беше мокар. Чекај малце, мокар? Утоп бре. - Една девојка во певекс, ја згазив. Она беше со папучи, а јас со патики. Од толку што сум лесна, дури и писна. Ама не сум крива јас, и онака таму нема кај да се свртиш, се збиено.
-Мајка ми ме замоли да го гледам гравот еден саат и после да го исклучам.Каков еден саат бе,јас 4 саата го оставив да се вари,не ни го погледнав. Идам у кујна и што да видам,гравот ни капка вода нема во него,целиот изгорен,катран црн.Пробував некако да му ставам вода па да го лупам изгореното не бре брате ништо не помага.Нема да јадеме грав овој петок ама има и нешто позитивно во сето ова нема да прдиме -Откога веќе го заебав гравот,го глеам брат ми влегува со лубеница.И јас ја зимам да ја сечам и ја ставам на маса.Земав нож и кога да пресечам,кога ми е лизна доле,кога ми тресна,цела кујна со лубеница.Подот,фрижидерот,се,се. Може дека петок 13,затоа
Идам на продавница и гледам по тоа рафтовите нема Ишлери и ја прашувам продавачката - Абе кај ви се тишлерите
Гледам косата ми станала некако сува отворам гугл барам природни маски за коса, наоѓам некоја си со мед банана и млеко, си викам то је то . Е арно амаа бананата требаше убаво да се испасира со блендер али ја такво чудо немам, си ја натолчив колку што можев и ајт со здравје. Ја спремив маската тип топ, ја ставам на коса и нормално очекувам некаков ефект :geek: . Можеби и ќе го имаше ако минијатурните делчиња од бананата ( бидејќи не беше убаво испасирана )не се прилепеја на сееекое можно влакно од косава и морав да ја премијам уште 3 пати за да ги исчистам Ми се јадеше и се сетив дека имам шпагети дома, само треба да ги подгреам, вклучив шпоретот напрајв шо напрајв и лепо фино си се нацртав пред компјутер. Иста прича ко увек...да, ги заборавив. И почнува нешшто да ми мириса, и си викам мх мх некој од комшииве печи кекс или нешто благо што убаво мириса и само одеднаш не беја вагичке комшиите, шпагетите твој беја Како што гледам ми тргнало со шпагетите, лепо фино си ги спремив, си ги сервирав во чинија, на послужавник и се решив да јадам пред компјутер, арно ама послужавникот сум го ставила на крајот од бирото и така пишувајќи на тастатура ни сама незнам како успеав да го одпревртам цел послужавник и хоооп однопаку на земја
Темата „Летни пинџури“ и тоа во Рецепти, ја прочитав како: „Летни пунџи“ и почнав да си ставам слики од пунџи(фризури за коса). Кај ми бил паметот?
Не е последна. Имавме испрашување по бизнис, а јас ништо не научив. И почна проф. да испрашува по броеви 16, 8, 10.. и го кажува 3ти број. А, јас сум трети. И јас и‘ викам на проф.: Професорке 3ти број не е тука, отсутна е М. ( а М е 4ти број). И она вика: Добро продолжуваме понатаму. Испраша една друга ученичка и вели ајде 4ти број. Јас немаше што да правам и станав , ми поткажаа тие околу мене, колку да не испадне дека не знам ништо. Среќа не ги стави оценките во тетратката.
И јас се помешав така, ама пред да пратам се освестив. Инаку мојата последна е што си залепив на раката тетоваша од чунга-лунга, лајк а бос.
Имам едни зелени пиџами и на грбот има крокодил поклон од другарка бидејќи спијам до прозорецот сабајле кај 5, 6 ми пристуде и така сонлива отварам плакарот си облекувам пиџами и назад у кревет, пред полаа стаат ги отварам очите и гледам крокодил се стаписав, срипав од креветот си викам кај мене ме најде овој па и врз мене легнал ко се пробрав видов дека се уствари пиџамите од другарка ми, кај сум ги одбрала нив у толку други па и наопаку сум ги облекла
Пред некој ден требаше да и местам еден дечко на другарка ми, и зашто јас немав интернет оваа готово се се договорила, да излеземе со него и уште еден кој ми се свиѓаше порано и затоа не ми се допаѓаше идејата, ама ај. Идеме ние во 9 во школски, ги чекаме, ги чекаме никој нема, а му немав број на овој. И таман тргнавме да си идеме, гледаме доаѓаат двајца, едниот ми личеше на мојата стара симпатија а другиов мислев дека е тој што требаше да и го местам, и такви се погледнавме, а овие си продолжија, се разминавме бе. И онакви пола саат сме се молеле со другарка ми, сме се кумеле да им отидеме, ако се они знаеш да се поздравиме, незгодно ќе си мислат им касниме пола саат.. па фативме да се караме, ќе се затепавме од што мене ми беше повеќе срам од неа па неќев да идам. И добро, собравме одвај храброст, а другарка ми едниот воопшто не го знаеше, а другиов само од гледање и вика ти оди, ако ги препознаеш да се запознаеме. И јас онаква, викам ааха, да Марко е овој, чекај еве го и твојов, и онаква му идам, му се убацувам, и го гледам таква 5 минути право во очи, и се чудам зашто не ми личи на тој на другарка ми, викам зашто има плави очи човеков и откако го изнагледав му викам КАААЈ СИ БЕ БРААТ?! И она со рацене, ко рапер бев ебаго. И овој ваков ме гледа ,леле кога сум фатила да се смеам ко нездрава. И уствари испадна дека тој бил еден друг, а дечково поштено си каснеше 40 минути зашто спиел, а ние будалите го чекавме. Уште ми е срам за случкава, леле.