Пред 2-3 месеца..Доаѓам од надвор со кучето ..го одврзувам ја зимам каишката и директно ставање на шпоред....Во меѓувреме шпоредот го уклучив да се загрее..за да си праам макарони..Отидов ја на компјутер и по 30-40 минути ми замириса нешо на изгорена пластика..И викам кој е овој/оваа нездравиов/вава шо пали нешо..тоа се поише и поише мириса..Станав да видам шо е работата....шо да видам стопена цела каишка..Него имаше две позитивни работи.. Среќа немаше пожар и башка макарончињата за минут ми се свариа зашо ептен брзо после тоа ја сварив водата... Иначе да и кучето не ми остана бес кишка ,утредента Алеска одма му купи
Знаете што направив?! Пишав коментар на една слика кај љубениов ми мој Е зини земјо голтни ме и фрлиме некаде далеку,каде што никој не ме познава
Ми се пиеше многу вода и отидов во кујна. Земам чаша и започнав да "пијам" од празната чаша. Се фатив за глава кога видов што направив.
Последната глупост,е тоа што баба ми ја замарав со глупи прашања кога ми купи шише Ладна.Само ја прашував - зошто е водава ладна?И она ми вика епа од фрижидер е сине.Ја пак абе бабо зошто е л-а-д-н-а,она ми вика епа така ја крстиле тие таму и само таа ја имаше.И јас пак,бабо зошто водава е ладна(и земав демек да ја греам).И така ја замарав жената додека не ми се здосади,пуста недозреаност
Вчера се сретнав со еден многу добар другар од средно кој го немав видено подолго време и се поздравив со прегратка без да забележам дека до него е женска му која посакуваше да ми залепи една...
Не е последна ама глупост е: Ми се пиеше какао и фино лепо си го ставив ѓезвето на оган и си седнав на компјутер. И така си седам зачитана на фемина и одеднаш какаото почна да претекува. Шпоретот беше лом направен. А, па како смрдеше неможам да опишам. И сега како да го исчистам? Мама за нецел час си иде од работа. Дамките откако се стврднаа почнав да ги гребам со виљушка - не иде. После почнав со нож да ги гребам . После земам јас прашок за перење, турам на шпоретот, бришам со крпата - не се чисти. После турам циф - пак не се чисти. После незнам од кај ми текна, турив сол и пак со крпата ко несаглам бришам. Што се' не испробав за да го исчистам проклетиот шпорет. После дојде баба и ми помогна, колку толку се исчисти, но пак се познаваа дамки (а мама перфекционист невиден, се' сака на место да е). И добро исчистивме што исчистивме, а во дневнава смрдеа невидена. Отварам јас сите прозорци да се проветрее. Зедов еден парфем и почнав да прскам. ЦЕЛ го истрошив и пак мирисаше. И после ми текна да го земам тој спрејот од Шаума за расчешлување (убаво ми мириса) и со тој почнав да прскам . Некако се намали миризбата, но пак се осеќаше. Баксуз голем сум. Денов незнам дали ќе го заборавам.
sakav da si turam voda od sise i uporno mi e navednato vrz casava a nezabelezav deka e zatvoreno hahah
Жешко времево..да. Затоа сите прозорци отворени во станов, хотел промаја...разбираш. :geek: И дојдоа моите од работа оди мајка ми в спална јас по неа и гледање гулаб лета низ соба...мајка ми почнува да вика гулапчеееее гулапчеее , тој кутрио се здиве лета ли лета си викам ќути мори мамо какво гулапче ми се чинеше цел штрк е,шпринто го манав...трчам низ стан тој лета по мене, вакви бевме ...си реков ќе се скријам в дневна...ебаго не стигнав да ја затворам вратата ми се пикна и тој арно и прозорецот од дневната беше отворен па си излезе...срценцето че ми излеташе .
во градски автобус наместо да си ја извадам картичката за 10 возења,јас фино лепо си извадив visa дебитна картичка и се свестив во моментот кога практично ја залепив на тој апаратот за откуцување.. за мене
На градски базент се спуштавме со едни девојчиња низ тобоган и јас колку залетана а баш каде што треба да ме исфрли водата застанал еден од англија и прави муабет со еден друг и јас како улетана коа го треснав у глава човекот не можеше да се свести (не знаев дали да плачам или да се смеам).Очила за вид носеше човекот али ништо не му беше само малку му се изместија .Добро де малку повеќе ama pak si gi namesni
Јас последно све по списку па не можев веќе ми дојде преку глава од неговото филозофирање - ма која госпоѓо заборавив дека сум жена, па на мојот јазик така фино лепо, а што е интересен се смее ко удрен И не беше глупост , друга да беше ќе го дигнеше на шутови -ама јас мирна душа со зборови така само да си кажам ...