Сум ја оставила вагата на сред пат, а позади неа, вентилаторот. И како што станав од спиење, ѕвонеше телефонот, а јас успана, и утрчана.. И една нога под вагата, една нога над вагата. Среќа што беше во близина шифуњерот, па во него се учукав. Оти да не беше он, отидов јас врз вентилаторот. Ќе гледаше сестра ми хорор филм пред нејзе. Мојот нос, влезен во решетките на вентилаторот, и крвишта фрчат..
бевме со мајка ми и татко ми во Mr.Bricolage...и ми се смачи веќе од толку рашетување низ продавницата па решив да си го направам "разгледувањето" позабавно и тоа во делот кај што се оние клуевите за заштрафување дека се со различна големина имаат и различна цена...најмалиот клуч-најефтин, а најголемиот-најскап ноо, благодарение на мене...веќе не е така....на два вида на клучеви им ги преместив тие ливчињата со цените среќа што не ме видоа, инаку тешко мене ќе беше...
Од прилика, од 1 метар височина, ми падна на сестра ми мобилниот. Летна се од него, картичката, батеријата, поклопецот... Среќа моја, ништо не му е. И среќа моја што и го знаев пинот.
Во брзаницата наместо да си ја испрскам косата со лак за коса,си ја испрскав со спреј за тело кој беше од помрсните,па морав да ја мијам пак косата и другарка ми ме чекаше уште 10 минути...
Ова се се случува на одмор -КОга се шетавме една вечер,влеговме во една продавница за онакви сапуни како во LUSH и ја видов еден интересен и да и го покажам на мајка ми,она си продолжила и ја го џапам сапунот,излегувам од продавница и си одам,ја барам мајка ми.Продавачов мислел дека го крадам сапунот и кога се стрча по мене Ја ни сапун,ни свети спун не видов,едно 123456789 пати се извинив и засрамена си отидов -У море.Брат ми ме носи на ушка и као демек после ја да сум скокнела.И скокам јас и бум врз едно дете (моја возраст,со нас беше).Ја па замижана,не гледам ни кај рипам Го скршив детето -Излегувам од соблекувана(на плажа и идам накај нашиот чадор и на еден камен кога се сопнав..Се испружив доле.Сите се вртат да видам шо се десило.Леле ќе пропаднев у земја од срам Spoiler Шутрак сум,знам :roll:
Мобилниот ми звонеше а мене многу ми се спиеше,и јас исклучив милсев дека е алармот а тоа била другарка ми ми звонела за да дојдам кај неа.А јас упорно исклучував од што ми се спиеше на ништо не се сетив...аххахахахах
Наместо паста, поспана сабајле ставив крема за раце , онаква во туба на четката за заби, само што ставив четката во уста почнав да плукам, ми се згади начисто
sega se setiv esenva sto pomina koga pravevme ajvar lupejki piperki si pivnuvav po malku bambus i taka jas si se opiv malku i cela vecer kazuvav gluposti
си земав јас демек генералка ке си правам и си земав средсво за чистење гамови со прскалка и исто такво пластично со прскалка внатре со политура наполнето и си ја чистам комодата а таа комбинирана масивно дрво и стакларии де шприцни со политурата де со средството за стакло едно време сум се занесла некаде кога се свестив си шприцам ли шприцам со политурата врз стаклото ми идеше да се убијам од што сум глупа
Мастиката ми беше оставена на работ на чинијата од која јадев помфрит. И така мртва гладна си јадам и чувствувам некој мирис и вкус на ментол во уста и се чудам што му е на помфритот. Откако голтнав погледнав во чинијата, гледам мастиката ја нема и ми текна што е работата.
ставив сол наместо шекер во кафето на свекрва ми а што е најтажно свекарот по грешка се напи па почна да плука кутриот, епа стварно не сум крива јас кога во тие пластчните што ги користи не писшува кој е сол а кој шекер.
Па не е последна, многу одамна беше.Ја запалив кујната срека што не го запалив целиот стан. Бев сама дома и сакав да си спржам компири, ги ставив и одеднаш пламен и јас многу се уплашив и се збунив 100ка незнаев што да правам и под чешма.Леле кај ми бил паметот незнам.Кога почна уште толку да гори, го запалив цело перде, остана само една рака пепел, дим насекаде..Многу се исплашив
Роднините од Америка ми пратија некоја крема за потемнување на телото. И јас тука одма да испробам, плус само што зпочна летото, викам супер тен ке имам без да одам на одмор и да седам на плажа цел ден. И си се изнамачкав целата и после некое време гледам чудна ми е некако кожата.Кога се погледнав имаше што да видам, ке се онесвестев за малку.Целото тело вклучувајки го и лицето најбитен момент, бев жолта, дури накај портокалово вртеше.Најтрагично беше што тоа не се миеше, исто како жутица да имам така изгледав. 2 недели си одев летно време на долги ракави и фармерки...Кога ми текне сама си се смеам, а тогаш ми се плачеше