- Во средата, мајка ми ми направи, коцка супа. Арно ама, не ставила кутлача, за да си ставам во чинија. И тука си викам: Абре, немам друга работа, ќе прљам, кутлача. Го земав тенџерчето во рака, и демек да го „навалам“ за да си ставам.. Јас го свртев нагло, и ми се истури на шпоретот. - Денес, врз еден кабел, ми се истури вода. Па го бришев после, не ме здрма. - А пред едно 10тина минути, како што јадев лубеница, ми се истури на креветот. Ај аирлија, нека е.
Најголемата глупост што сум ја направила е што се омажив со човек кој што не го заслужуваше тоа. За среќа брзо сватив и си ја поправив грешката.
Си`ибам мајката, бељаџиска. На кого сум се метнала? Пред пола саат, сите спијат, јас не. Си ги земав лаковите, отидов да се лакирам на тераса. И што направив? И покрај 3те листови, како подлога, јас на чаршавот. Што го плетела мајка ми, истурив розев лак! Почнав да бришам со ацетон, се ушљака. Ги прибрав лаковите, во торбичето. Го затворив комарникот. И почнаа да ми паѓаат лаковите, еден по еден. И како што бев свежо лакирана, цела се ушљакав, кога ги прибирав. Браво бе, Елена. Браво! Успеа да ги разбудиш. Фатена си во рацете.
Леле, досадна сум. Ама ми текна една глупост. Бев на матура, пред некој месец. Дома славеа. Имаше соба за родители (големи), и за деца од секоја возраст. Јас, требаше нешто да пренесам, од собата со големите, во собата за децата. Арно ама, они дома, имаат повеќе ама мали тепихчиња. И јас, како што го земав тоа, се сопнав на теписонот, го свртев. И само слушав гласови: Пази! Полека! Сите големи, гледаат во мене. И брзо се исправив, и се вратив во собата за деца. Ми беше чувството.. Зини Земјо, голтни ме! Ах, чорапите се криви!
Си ги скинав балетнките Си го загубив телефонот во автобусот па подоцна одев да си го земам Spoiler Life go on!
Додека ги миев садовите, една чаша падна и се скрши, за да не ми се лути мама.... Да видите што направив.. најголемата глупост отсекогаш.. :geek: зедов едно парче скршено стакло, па си завлеков неколку линии на раката... Но Немав доволно смелост да притиснам па само линии се познаваа, крв од никаде, додека последниот пат, последната линија малку се појави крв... Мама се загрижи и ми вели дај да ја видам раката, но мене ми текна дека никако не може толку линии да излезат од случајно сечење, па веднаш ја скрив раката, испаничарив, па истрчав од собата, брзо ставив фластер, па се правев како ништо да не било, бидејки беше скоро, сеуште се познаваат линиите, но веќе сите (освен јас) заборавија на тоа невино дело..
Да варам кафе, и палам рингла ама несвесно на друга го ставам ѓезвето, после 5 мин идам да го тргнам мислејки дека е готово и што ке видам
Си го акнав, два пати по ред, малиот прст, од десната нога! Spoiler А оној, што го акнав, од левата нога.. Уште не можам, да го свиткам асално, до крај. (оној од 5ти февруари) Spoiler И после тоа одев ко патка. Сликава ми е доказ. Незнам колку се познава. Ама јас знам што маки видов, и ради тоа не вежбав месец дена на физичко. Ептен, си го набив. Епа така ми е, кога одам ко терминатор. И кога не гледам, ништо пред себе.
Спобудалев.Досадата преовладува Прво,земав да се сликам од што ми беше досадно,па станав и почнав да рипам на кревет и низ цела соба.Но не,не ми беше доста па отворив прозор и им викав на соседите нешто како лалаллалал ии одма се криев.А овие се чудат што праи така Па за се да биде комплетирано,легнав на кревет и почнав да си го плескам стомакот Што се случува со мене ?
зимам да миам садови, судоперот го затнав а садовите ги ставив внатре и пуштив само жешка вода и така оставив водата да тече а ја си седнав на ком и занесена така на компјутерот водата си течела,си течела тепихот жива вода,под судоперот кај шо стојат садовите поплавено се, лелее кога видов водата ја запрев ама како да го одзатнам судоперот оти водата беше жешка, едвај некако го одзатнав, ем си бев со раката попарена ем кујната поплавена тоа ти е шта чеш
Пред 2 вечера ми падна на памет да се качувам на дрво...ама ова што го избрав јас ептен, постаро од 20 години и огромно, па мани тоа, мазно мазничко, нема кај нога рака да ставиш.. па да не се лизнам се собув боса и се качив на ограда да скокнам на дрвото некако може повисоко ќе скокнам па да докачам некоја гранка... а се ми беше за убавиот видик од таму горе... не е битно дека беше 22 часот.. и скокнав јас, ама не одеше па се лизнав надолу и жива се одрав....НЕ се качувајте по дрвја !
леле кога ке ми текне.. вчера несакајки ставив слика од мене на една страна..наместо од 1D јас од мене.. леле бруки.. ии не некоја убава слика..најмутавата... ии сега нз како се брише.. ах, од мене по малер има ли?? (и шо е најзасрамувачко.. сликата кога ке ја ставеш можат сите да ја гледат.. )
Се одеше Елена по патот. Со паметот во чавките. Одненадеж, се појави еден камен пред нејзините нозе. А нејзе и беше жал, да го прескокне, па мораше да се утепа на него. Spoiler И носев 3/4 панталони, со само една бричена нога. Па што? Кој ме гледа у нозе? Ако немаат попаметна работа.
Горе бев сама,и ми се одеше во вц...и си влегов со се книга и заборавив да се заклучам..и слушам тропаат врати си викам ај баба се прибрала...и кога еве го тато залетан влегува,и јас го гледам и му викам јас сум ...и ми вика па заклучи се бе ќерко .Арно со книгата ми беше покриена сестрава доле...и ај си завршив работа и станувам од шољава и кога ми текна дека само на гаќи сум,и кошула нагоре носев една широка...си си испаѓам фино лепо,со книгата така помалце си го покривам гзот,комедии
ги искоментирав сите што ги немав коментирано во темата модни критики...и после наместо на испрати, не знам како стрелката се најде таму, стиснав на reload this page ...и многу нормално се ми се изгуби ..сега треба пак да пишувам заборавив...толку ме изнервира тоа, што почнав да го имитирам Караман и да викам "јас не сум нервозна, јас не сум нервозна"
Така залетана мислејќи дека вратата од собата ми е отворена, се заакав и ѕвезди изброив. Јако ја удрив главава, челото ми е потечено а имам и гребаница на него и уште една на лицето. Ама богами и едната рака и нога сум ги закачила, и на нив имам по една гребнатина. хахахаха не можам да престанам да се смеам на мојата глупост. Сите дома ги исподигав од спиење. Можеби и не ме боли главата.
Мајка ми, не беше дома. И ај си викам, да си направам коцка супа. Не и се јавувам, се праам фраерка. Одам по упатството. Во пола литар, се ставала коцката. Измерив во бокал, зоври, ја ставив коцката. Арно ама, после тоа, ја оставив уште едно 10тина минути, да врие. Се ми собра во 1 чинија. А обично има 2-3. Ја пробав.. Што да пробам? Тоа солено, солено.. Тоа само зачините останале. Сркни една лажица, напи се вода, сркни една лажица, напи се вода. Незнам ни јас, колку вода испив, додека ја јадев супата. Ко што вика татко ми.. Се оди на исто место. Ми се промучкало во стомакот. Spoiler Исто ко М.Бин. http://www.youtube.com/watch?v=_OEgTdTW1xU
Мајка ми, не беше дома. И ај си викам, да си направам коцка супа. Не и се јавувам, се праам фраерка. Одам по упатството. Во пола литар, се ставала коцката. Измерив во бокал, зоври, ја ставив коцката. Арно ама, после тоа, ја оставив уште едно 10тина минути, да врие. Сè ми собра во 1 чинија. А обично има 2-3. Ја пробав.. Што да пробам? Тоа солено, солено.. Тоа само зачините останале. Сркни една лажица, напи се вода, сркни една лажица, напи се вода. Незнам ни јас, колку вода испив, додека ја јадев супата. Ко што вика татко ми.. Се оди на исто место. Ми се промучкало во стомакот. Spoiler Исто ко М.Бин. http://www.youtube.com/watch?v=_OEgTdTW1xU