Правев јадење. Јас домаќинката, се покажувам пред дечкоми. Правевме омлет. Го ставив се тоа арно, ама јас навикната дома се да готвам на најжешко го ставив до крај, кога го вртам по 5 минути, омлетот одоздола ЃОН И коментар на него, ти пред да ме земеш за маж ќе идеш на часови за готвење
Пишувам на компјутер, и пијам цеден сок. А чашата залепена до мене. Ја бутнав. И право во долните пижамите! Тоа сокот дека цеден, црвен, со такви зрнца гадни, не доцедени.. ко повраќано ми изгледа. Те куравте техника. Чоравинка една. Идиот сум, бре! Јас да идам у пустина, ќе шлапнам у воднести гомна. Шута! Дебил! Малер! Не за џабе татко ми ми викаше дека сум шутел, а сестра ми BTR.
На плажа, еден сосед на мои другари, доаѓа да се запознаеме и се така си се запознавме и ми вика иначе мило ми е шо се запознавме, а јас пак удрена од сонцето в глава, зашеметена, му велам ФАЛА
Си подредував алиштата, седната на столче, до регалот. И наеднаш: Траас! Да, тоа бев јас. Паднав на задните образи. И ко што паднав, скршив една рачка од регалот, и столчето. Па да се знае кој паднал.
Се туширав и не можам косата да ја мијам со млака вода, мора топла. Ми текна дека сум прочитала нешто на фемина дека ако водата е претопла, иако не користиш преса за коса, фен, или виткач, исто ти се фаќа, бидејќи ионака и штетиш на косата со топлата вода. После ми текна ! Фенот нели треба да се држи подалеку, за да не се оштети многу косата? И јас тоа го направив со тушот. После кога ми текна...
Си купив нови наочари за сонце, си излегов од продавницата, и гордо гледајќи во чавки со новите наочари си откачив еден ретровизор од некој си автомобил што се најде пред мене.
Касно видов дека нема шампон и само со субрина се измив глава огледалото во купатило ми падна, сол се стори, малку фалеше да падне врз мене Братучедка ми ми прати порака на моб и ја и пишам Фала маче и ја те сакам и грешка му ја пратив на татко ми ко ќе ја види
слегов во дворот да си пијам кафенце онака лезетски со комшиите... слегоја и малите и си играја со топка... зедов им се придружив и едно време фрлајки им ја накај нив топката падна на балконот кај еден постар комшија (живеам во зграда)... чоекот не беше тука и за да ја земиме јас се испентерив преку балконот и ја зедов... ја зедов што ја зедов... на слегување, се слизнав и така добро сум си треснала на земи (добро бе ме бива мене толкава магарица со вели некогаш мајка ми да се пентерам по балкони) сега си сум со изгребани лакти...
Па да видиме.. - Се спукав во фрижидерот на комшиите. Поточно, го оставиле во влез. А јас модерна, не палам светло, и... Тингооу. - Си го ѕвекнав малиот прст од ногата, во креветот. - Истурив пола сок. Пола од тоа на тепих, а пола на работната маса. Во еден ден, 3.
Шетав со SarahTayMomsen и поминувајќи крај една куќа, едно детенце си играше низ дворот, а мајка му беше на 2-3 метра подалеку. И јас си викам во себе "Ај ќе го исплашам" и почнав да р'жам По мене и другарка ми. И детето почна да плаче и мајка му "Пичка ли ви мајчина". Мислам дека почна да трча по нас со метлата а ние двете трчаме и се смееме ли се смееме
Си ја читам темава си се смеам и си турам вода в чаша(барем така мислев).Така зачитана цела чаша сум ја промашила и водата на биро заврши
Во еден бар ми падна телефонот и цел се расклопил и јас го барам и на едниот крај на барот капачката на телефонот а друг крај батеријата на друг крај картичката и јас како будала клекната одев и го барам телефонот сите ме гледаат си викаат на оваа нешто и фали или помочана е