Бев договорена да излезам со другарка ми, и влегов се истуширав и излегувам се облекувам и се симнувам пред зграда (таму требаше да се чекаме). НО, нешто не се чини како што треба, нешто како да ми фури од под фустанчето, некако како да е несекојдневно пријатно, дури и се наежив на моменти, и во тој момент ми текна дека заборавив да облечам гаќи. Пак качив нагоре 100 скали за да облечам и пак се симнав. ТаленАт.
Најновата глупост која ја памтам се случи минатиот петок: со другарките си одевме дома кога по патот сретнавме еден дечко кој глуми нешто лудило (и и' се пушта на една наша другарка) како оди сам по улица па решивме да го следиме. Тој цело време се вртеше а ние се криевме, подтрчнувавме за да не ни избега и кога не гледаше му викавме „дечко, танга носиш? ќе ми даеш бројче? “ и такви лудории
Последната глупост што ја направив , пуштив екс ју песни на лап топот, арно ама заброавив И компјутерот се закочил, едно 5 минути без музика, и за тоа време мајка ми бараше пијалок да се напиеме, да наздравиме И како што отвара во Бифе, малку нервозно, вади двоглед , и вика „ Кој го ставил двогледов тука? “ И баш тогаш се пуштила песната која е без музика на почетокот, и само еден машки глас од таму НЕЗНАМ ! И јас и мајка ми немавме капка крв во главите Знаеме сами сме, од каде сега глас. И после почна песната... И потоа нели се убивме од смеа
Ова ми се случи во прва година епа сеа дур да се навикнеш на промени ... Станувам едно сабајле 5:45 и почнувам да се спремам за во школо.И така поспана КОМА искачам и тргам ,на пола пат коа се освестив дека идам накај своето основно училиште па коа фатив шпринт накај автобуска и секако ме немаше на прв час ,ама битно си имав утринска гимнастика и одлилно рашенување!
Паднав сред кафич. Проклета скала - не забележав дека некои масички се подкачени... Ццц тоа се случува кога човек што не пие ќе фати да пие... Нема долго време да се појавам таму...
Сабајле одам во продавница и нели во маалото има паркирани таксисти. И јас , ми звони симпатијата да ме праша дали ќе одиме заедно на школо утре . И после ставив телефон у џеб и косата ми се залепи за сјајот и како што минев покрај една кола, дигам рака за да си ја тргнам косата и опп.. Нешто тресна.. А мене раката како да ми ја згазнал некој толку ме болеше. И се вртам јас и кога гледам сум му го скршила ретровизорот на таткото на мојот симпатија... И таква засрамена и со половина уста реков "Извинете " и испарив од таму... Ама раката уште ме боли
Последна глупост и најголема до сега што сум ја направила се случи пред 5 дена, а тоа е со цел памет и на овие години се согасив на виртуелен секс т.е она де преку скајп со пуштени камери..... Сеуште сум засрамена од таа моја постапка, си викам зарем на овие години да се глупирам глупачо една, ама тоа ти е после е***е нама каење. Не викам дека не ми се допадна далеку од тоа само се чудам, како успеа да ме наговори на таква глупост чувек кој го знам 2 недели се на се. А и типот е одличен фраер т.е господин на пеесетина години, на тако шарм би паднале и многу помлади а камо ли јас која немам баш толку често прилика да запознавам такви господа во права смисла на зборот.
Не се плашиш да не те снимал додека си го правела тоа? Ке се видиш на некоја порно страна во скоро време мене така ми стои.
Во школо, носев една многу мала ташничка. По пат до автобуската, на пола ми застана патентот од ташничето. Нејќе за жива глава. И го оставив така. Арно ама, стигнав на автобуска (полна со луѓе).. И почна да ми ѕвони телефонот, и да вика Жика: - Кооо је сад, мајке му га спалим? Иди види. И така едно 6-7 пати сигурно. А јас, бутам рака во ташничето, не ми ја собира раката. Па додека прочепкам, низ тетратчињата, пенкалцата, новчаникот, се што имам во ташничето.. Едвај го извадив мобилниот.
Бевме излезени на пица. Со лажичето си ставам сос на пицата. И така замислена целата, место да си ја вратам кај сосот, јас сум ја ставила во мојата чаша со густи од праска, така што не приметив кога сум го направила тоа. После 5 мин кога ќе ја земам чашата има што да видам сокот од портокалов станал црвен, а лажицата во неа. Сите што беа со мене се згазија од смеење. А јас малку поцрвенев од срам.
Не е нешо кизнај шо али ај и јас да кажам одев на у4илиште и во автобусот влегвам и ме гледа кондуктерката да и ја покажам карти4ката и тука зад мене пред мене милион луѓе и му викам ја заборавив и ме гледа а ме знај секогаш одам со тој автобус, и едно дете застанва пред мене и и вели на кондуктерката и јас ја заборајв карти4ката сакаше парите да му ги врати јас вземја незнам зашо ама многу се усрамив.. СЕЛАНЕЦ!
хм на еден братучед кој е прва година наместо линк од ангели да му пратам бидејки тој многу ги сака а гледам дека ке има нова сезона му пратив http://www.femina.mk/out/?id=d6fca73765 ... 5-09-55-10 тој ми врака да не е грешка линкот јас цврсто уверена не не , и тој де види што пише и јас му кажувам за ангели пише прочитај кога ке отворам што да видам
Вчера си шетам јас фино по гаќи дома и ќесата со ѓубре ми беше на балкон , само го подотворив прозорот за да ја земам ќесата и комшиката го чистеше балконот и за несрека беше до оградата до нашиот балкон и ме виде по гаќи и јас ја гледам и ниту здраво не и кажав избегав многуу се усрамив сега дај Боже да не ја сретнам некаде