Абе стварно многу боли кога ќе лупнеш, со раката во кваката. Те тера да се раздереш, колку што те држи гласот. Или кога ќе ти влезе кваката во ракавот, и ти под дифолт, мора да се учукаш во нејзе.
2 саати учев да тактирам едни мелодиски вежби кои не сме ги ни земале. По грешка беше. Сеа за 15 минути ги научив овие што требаше
Правев кафе за баба ми.И ставам шеќер,т.е мислев дека е шеќер а тоа сол да ти било. И ставам пола лажиче "шеќер" и земам со прст да лижнам и ми доаѓа некој чуден гаден вкус ама мислев јас сум грешка и такво и го носам на баба ми.За неполни 5 секунди се враќа во кујна и ми вика сол си ставила.Ама беше со комшика и сега излага дека незнам кафе да правам а всушност само се збунив со теглите!
Не дека беше глупост ама ајде... Прееска бев да однесам нешто за фотокопирање и додека чекам да заврши (имаше 45 минути) си викам дај да се прошетам. Надвор студи, дува ли дува, роси а јас по рамбовка и џемперче. Остај тоа, фатив да лутам низ некои згради а тоа жив човек нема, језиво ми дојде. И од еден влез излегува човек и онака ми се насмеа а јас си викам ај игнор. И туку слушам девојче, девојче! Јас си реков готово, овој некој манијак, седи смирена, не се врти. Овој вика од позади девојче, девојче, нешто ти падна, дојди, врати се, а јас само си повторувам: Смири се, не се врти и ко војник шпартам напред. И туку си реков абе ај сврти се види, и гледам едни листови што ги носев ми испопаѓале. Човекот си помислил сигурно дека сум глува или луда, бог знае. А јас манијак го направив, веднаш 300 филмови во глава завртев. А човекот му се насмеал на комшијата му позади. Ама мора да е човек претпазилив. Песимист, шта чеш.
Лелее луѓе да ви кажам што ми се случило вчера. Си бегам од училиште со дечко ми и бидеќи немам кредит му го побарав моб. на дечко ми да се јавам кај татко ми. И фино лепо си ја пишувам т буквата, прицкам тато, звони, крева човекот и јас: „ејј таттоо, што правиш, го направивте ајварот?“ и од таму: „дааа, алоооо, даа“ ии после кога ми текна дека сум вртела кај татко му на дечко ми ми идеше да пропаднам во земја. И ај му го дадов моб. на дечко ми и тој му кажа дека сум била јас и сум мислела дека со татко ми зборувам. Резил. rezil.
Пред штабот на ВМРО има нели такво за идеи. Ја и другарка ми како најголеми будали се полетавме и пишавме дека сакаме само прва смена да идеме на школо. Уште кога прашавме дали може да дадеме идеа ни рекоа може и превртуваа очи, си викаат шо ќе дадат овие. Што е најтрагично и име и презиме оставивме
Ухххх, пред недела и нешто седнавме во слаткара со другарките и едната „другарка“ стана да си земе салфетка, а таа е најголема спонзоруша и злобна е. И јас и плукнав во сладоледот!! И го изедееее јееј не сум нормална
Вчера од бразање излегов на шетање со недопеглана блуза. Кога ги видов ракавите И да, така 19-годишна магарица си шеташе неиспеглана
Еее ова беше богами голема глупост. Си седиме со друштвото во кафич гледаме фудбал и јас не оти многу следам фудбал ама колку да се избрукам ... Фудбалерот од тимот за кој навивав успеа да ја земе топката и јас таква ептен занесена убаво се развикав на цел глас АЈДЕ ЦУЦИИИ и кога се освестив цел кафич се ѕвереше во мене и сите ме гледаа чудно убаво си се засрамив богами ама и пукнавме од смеење
Се враќам од училиште и гледам има шпагети направено за јадење и нели си ставив во чинија, и гледам дека има две шишиња со кечап ама не течат бидејќи има многу малку, а мене ме мрзи да идам до продавница. И дојде моментот : Шо го ебам ќе го сечам Некако успеав да го сечам едното шише, и сеа не го исечев до крај туку го свиткав и со едната рака ги држам и двата краеви,а со другата со лажица бркам низ шишето и одеднаш го испуштам едниот крај и БАААМ, кечап у фаца. Па точно у око ми се залепи, а таман убаво си бев нашминкана. Среќа немаше никој дома да ми се смее.
Денес имавме физичко. А јас, ко јас... Сум ја облекла блузата наопачки. Со белешката од позади, ама наместо внатре, јас надвор. Гледам нешто овие од позади се смеат... Кога што да видам... Кај ракавите, се се гледа крпеното кај рабовите... Едно 10 минути, седев така. За малце и на час ќе влезев. Нема врска, битно дознав.
Не ја направив јас, туку дечко ми. Луѓе си ги заклучи клучевите внатре во колата Ги оставил внатре и излегува и си ја заклучува вратата на копчето, па си ја затвори. Се утепав од смеење. И после коа да отвори ми вика кај ми се клучевите. Се згазив
Секогаш кога земам чаша да ставам вода, прво ќе ја наполнам чашата до пола и ќе ја исплакнам па после ќе си ја наполнам да пијам вода. Сега како по обичај си вадам шише од фриждер, наместо вода оно да ти било швепс тоник. Леле ми чури од ушите, ќе си испиев пола чаша
Си се искапив и ми се подзасуши косата... Пошо не ја сушам со фен туку чекам да ми се подзасуши и друг пешкир намотувам на глава и легнувам да спијам И така си го извадов пешкирот, си ја исчешлав и пафтав со косава. Така навалена и горе-долу отсечно и си се исфулив во меѓуножјето, што сигурно да бев машко ќе кукав до сега ... Да, ама квалитетно ме боли га*от од ударот шо коса ќе беше