1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последната глупост што ја направив

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 28 август 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Одев кај другарка ми... ама беше прилично темно пред нејзината врата... ме закачи една гранка од едно растение, се потсопнав и траснав со главата во вратата.... и одекна онака, БАААНГ :rofl:
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Расипав вода на тестот по Физика |(
     
  3. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    483
    Кога станува збор за глупости верувајте, тука сум апсолутен фаворит! последно онака големко што сум го направила е влегов во погрешен стан и се заклучив внатре, а за да биде трагедијата уште поголема, не приметив се додека не си го соблеков палтото и чизмите и не слушнав глас на непозната, преплашена жена која се криеше од "крадецот" во спалната..уште неможам да си поверувам до каде може да оди човечката глупост ( во случајов, мојата) :tmi: :tmi: :tmi:
    Работата беше што одевме заедно со другарка во посета на еден другар кој живее во зграда на највисокиот кат, и по скалите се бркавме.. така трчајки го промашив станот на другарот, застанав пред другиот стан и почнав да тпропам онака баш силно за да ми отвори.. се ќе беше добро тука да престанев... но, видов - не видов никој не отвара, а оваа ќе ме стигне, пробав на кваката и оп, отворено.. си влегов така внатре, си ја затворив вратата, си заклучив фино лепо, па дури и си ставив и синџирче ( |( се чудев коа го ставил другарот зашо знам немаше)почнав да си викам од внатре у стил влегоов влегоов на на нан нанаан :rock: и додека се дивев на мојата брзина и интелегенција негде у исто време ја слушнав јадната жена како од спална вика " koooj e?" и другарка ми пред врата која задушена од смеење ми викаше : parrot ма, parrot! Во тој момент како да ја открив америка, ама сосе домородците и диносаорусите :o :o ! ми светна што направив, преплашена си ги грабнав чизмите, и магла низ врата и по сета мака правец у правилниот стан! инаку ова се деси навечер негде 23 саат може беше.. ама па не сум јас крива, кај се седело со отклучен стан у зграда?! :fubar: се кладам дека од тогаш жената не синџирчиња, окови има на врата! :rofl: значи, наравоучение, секогаш заклучувајте си ги вратите! :!:
     
    На SweetGirl234, sweet-bebufce, LittlePinky и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285




    аахахахххаххаххахахахахахахах леле ме изнасмеја од срце
     
    На Betty*, srcekrsacka, Marucu37 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ова се случи пред некој месец.... Земав јас пуканки да правам и ставив зејтин да се загрее и испаднав од кујната си седнав на ком и секако го заборавив. По едно 10 - 15 мин ми текна и гледам малку мириса зејтинот, викам ништо не му е и ги ставив пуканките да се пукаат, арно ама коа ми избувна пламен беше јакото и јас што да правам прво шо ми текна беше дека оган со вода се гасне. Се ќе беше во ред ако во тенџерето немаше зејтин, и така водата уште толку го распламти оганот , а татко ми ми вика тргај се оттаму а ја па си се смееам :) оттогаш немам пукано пуканки а не ни сакам :D
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Пред некое време,ребаше да одам во школо и мајка ми ми вика разбуди ја сестра ти.
    И јас ја будам,ја будам ама нејќеше да стане.
    И ни 2 ни 3 земав чаша вода и ја полеав по лице,е тогаш да видите како стана :rofl: .
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Сакајки да пуштам водата да тече од тушот, кревајќи го тоа капачето го скршив и го залепив со секундарно лепило, па заврши работа моментално, ама следниот ден кога мајка ми влезе во бањата и го вклучи тушот, капачето и остана во рака...епа, не бев јас! :wasntme: :D
     
  8. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Сакав да се пуштам со велосипедот по една удолница , па имав само предна кочница , закочив , се превртев двапати со се велосипед , после во болница на шиење xd :$
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред неколку месеци месечарев, и така фино и убаво пред мене си најдов врата :) и си влегов внатре
    (а тоа беше во собата на брат ми) и си влегов внатре си седнав на столче и си чекав да се разбуди :$ :lol: :rofl:
     
    На kristince51 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    коа си бев малечка ептен бев љубопитна, све да видам све да пробам морам хаха. И така еден ден си се моткав околу двор така досадно ми беше и имам едни како столбови од една ограда во мојот двор и мене ми текна некоја фикс идеа и си направив филмче во глава што ќе биде ако си ја заглавам главата меѓу стубовите и ни две ни три ја протнав (и не знам како ми влезе меѓу нив :^) ) ама сега па не можев да ја извадам .Буткај буткај ништо . Па земав си клекнав и почнав да плачам на цел глас па не знам како моите воопшто ме извадиле :o :D
    друго, ендаш се симнав во двор и многу ми се мочаше па си застанав на сред двор спуштив пантолоните и гаќите и така по гол задник си застанав и си мочав стоечки луѓе поминуваат ме гледаат се смеат. Јас си стојам и си мочам врз пантолоните и после тоа мајка ми коа виде ми се изнасмеа. Будало дете :)
     
    На LittlePinky, srcekrsacka и LadyN им се допаѓа ова.
  11. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Многу сум заборавена.Така и денеска.Читав новости на фемина и го забележав она -5 работи кои не сте ги знаеле за порното!Од љубопитност го отворив.Во меѓувреме на фб се запишав а тербаше да одам и да се бањам.Си го исклучив фб и заминав, а фемина и таа статија ја заборавив :@.Кога се вратив татко ми седеше на ком читаше нешто.Не ми рече ништо но кога се вратив јас на ком ја видов статија и ми текна дека татко ми ја видел.Леле...бурка!Којзнае што си мисли сега :tmi: :D :D :D
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Вчера си купив тегет лак и денес нели да го пробам , не можев да го отворам а ме мрзеше да одам до др соба да ми го отвори некој и земав со желевце едно да го олабавувам кај четката и го олавив . Ми се подели на два дела , едниот кај што е лакот и тоа горе кај што се завртува друг дел :fubar: И го фрлив , немав како да го чувам . Ете како ми отидоа 60 денари :clap: |(
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Заедно со другарка ми гледавме слики кај една друга другарка во албум. Имаше слика од девојчево како малечка гола. Ја сликнавме и ја уценувавме дека ќе ја ставиме на ФБ ако не излезе вечерта. :D
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Мислев дека сум голема за глупости но ете не било така :D Годините не играле никаква улога ако си изразиш желба да се изглупираш :D
    Пред некој ден тргнав до еден град во придружба на мојата сестра и после наплатна незнам што ми дојде нагазив многу јако , ајде си реков на отворено сама на лентава... абе ми дојде да ја издувам а на нив им дошло да се паркираат и да чекаат жртва како мене :D
    Сестра ми целата таква страшлива ми вика е наеба Озбилна овие ќе те дупчат :D абе ќе ги дупчам и јас седи ќути и гледај . Си излегов фино лепо добар ден ... добар ден , знаете колку возевте ?да знам a колку е дозволено ... од брзање не го видов знакот , имате пиено не јас не пијам алкохол :D Може да ја добијам вашата дозвола може како не .... И токму кога мислев дека сега ќе ми пише тоа што трба да ми напише за мојата глупоста ... ми ја врати дозволата пријатна вожња госпоѓо и намалете малку беа неговите зборови :) јас ништо не кажав и незнам зашто ме пуштија кога си бев крива ...
    Е после некое време ми се јавува брат ми и ми вика мори сестро каде си да не се спремаше на трки :lol: Не бе бате само сакав да ја издувам на отворено ... знам ми кажаа :) Ете тоа беше мојата глупост ...
     
    На magic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Вчера си идам на анг. (курс) и сеа едно девојче (учи со мене) така, мушкоданка е, цело време се закача нешто.И ме фати нешто за пик цел час ме закача и сакаше да ме мава со нешто и јас и викам немој да си ме мавнала ќе видиш ти убаво!
    И она по некое време ме мавна со хартија и јас ко што лесно се нервирам коа станувам и ја треснав една и она дека носи наочари и ги бутнав во парно и и ги искривив малце. :tmi:
    Ако, памет за другпат нека и е! :!:
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Гаќичките со секојдневна улошка на нив сум ги стаила во машината за перење... ни сама незнам како :$
     
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    :D Пред саат време излегов до надвор да завршам некои обврски и се мислев кои фармерчиња да си ги облечам.Размислував и стоев пред шкаф долго време и решив да облечам едни фармерки кои некое време ми беа омилени но оддамна ги немав носено и така испрани си стоеа во шкафот..Но заборавив дека последниот пат кога ги носев копчето го бев подоткачила малку,и заборавив да го дадам на мајка ми да го зашие за да не ми падне..
    И си ги облече Кенди тие фармерчиња и излезе и си оде по улица онака пеш сама со мислите во глава yes I`m sexy and I don`t care if they look at me 8) :) ..И така самоуверено си идам по тротоар и од еднаш почувствував како ми се поолабавија фармерчињата во струкот а пред мене оп копчето на земја :tmi: се а уште поинтересно гледам пред мене иде симпатијата од соседниот влез а јас така си се наведнувам да си го земам копчето и во мислите молам бога да не ми паднат фармерчињата или недај боже да ми се откопча патентот оти кратката маичка не ми го сокриваше патентот...се препотив додека се разминавме со момчето и трк да ме нема накај дома држејки си ги фармерчињата..(среќа близу зградата бев,па не морав долго време да идам ко здрвена со фармерките в раце) :lol:
     
    На MartinaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Не, не и НЕ ! Потрапав и посмотан човек од мене нема никаде да најдете, верувајте ми!
    Не знам од кај прочитав како маскарата да нема грутчиња. (Или јас погрешно сум разбрала, или тие шо напишале не испробале како идат тие работи :@ )

    Најдов негде дека требало маскарата да се стави во чаша со топла вода неколку секунди и да не биде стврдната, ама исто така и негде прочитав (финтата е што не ми текнуваше дали за лак или за маскара беше.. :envy: ) дека требало да се стави во микро печка! :fubar:

    Јас требаше да излезам од дома во 18 и 15, а ова ми се случи во 18 и 5. Си викам, ај да не ја ставам маскарав у вода, немам време ќе ја ставам 5 секунди во микро. (со кој памет, еј) И ја ставам во микро 5 секунди, се враќам, го гасам микрото и отварам да ја извадам глеам почнала да се топи маскарава,и одма во рок од една стотинка се поду цела, јас дур да затворам МИ СЕ РАСПУКА У ФАЦА ! ;( Од памет се извадив, почнав да се дерам по мајка ми, па брзо у ве-це отидов мижечки, си помислив дека ослепев..
    Како ме печеше цело лице, гревче бев.. У фацата бев ко далматинец, рацете исто цели ми беа со црни точки, во косата имав малку, среќа што не ми прснало на кошулата. :x
    После мајка ми мораше да чисти, греота.. :(
     
    На Betty*, summer-lover, smurffi и 11 други им се допаѓа ова.
  19. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Денес на факс ме избркаја од час зошто претерано се смеев и целата група зркна во мене, а кога с евратив назад по 5 мин
    откако ми помина смејалото :D пак зркнале сите во мене, се чувствував како да имам 5год. хаахаххахаахахха

    Плус пред пола сат на дечко ми му реков дека не го сакам, онака изневирана нешто, правевме мајтап и на мајтап и му реков. Никогаш ми нема тој речено така, ниту пак јас него и затоа многу ми с еналути. Иако сепак заслужи покрај целиот мајтап да му речам дека не го сакам повеќе, мене ми е криво.

    Глупост!!!
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    денес бев на бензиска и му викам на човекот што работи на пумпата стави за 1000 ден.Човекот точи бензин а јас отварам паричникот и што да видам :o парите сум ги заборавила дома :D :D За среќа живеам близу до бензиската пумпа па ја оставив колата таму и трк по парите дома :D
     
    На MartinaSk му/ѝ се допаѓа ова.