Бевме кај другарка на роденден (дома).И беше што беше си одиме и јас како и секогаш последна, сите ме чекаат пред врата да си одиме и јас по скалите си подрипнувам.И незнам што се случи ми се сплеткаа нозете и како од авион да паѓам надоле ,рацете надоле нозете нагоре и кога веќе стигнав до првата скала доле (долг пат беше тоа ) станувам и овие моите женцки сите на земјата послани од смеење .Јас пак си имам среќа што ништо не ми беше
Пред некој ден, изигравав тарзан во автобус. Ненамерно, нормално. Си седев горе, во двокатен. И чекав семафорот, да уклучи зелено, за да се симнам. А не како нормална личност, додека е црвено да се симнам... Се фатив за дршката од лево, кога автобусот сврррти.. И мене почнаа да ми се плеткаат нозете, една пред друга. И на крај, се фатив за двете рачки, од лево и десно, а нозете ми останаа во вис. Прав тарзан. Кога се слупав лево-десно, леле мори мајко. Автобусен земјотрес. И како ништо да не се случило, како да не бев јас... Се качив пак до горе, и се симнав. Spoiler
- Добар ден, јас сум внуката на тетка ми... Не се сеќавам во последно време да сум изустила поголема глупост од оваа, но добро, во секој случај оставив впечаток со моето претставување.
Бевме на кафе со дечко ми и кога станавме да си одиме, на една маса седеа наши пријатели (пар) и одиме да се поздравиме и се поздравуваме и дечко ми и вика на женската кај си ма и ја одговарам еве сум и кога ми текна шо направив и ваа ме гледа и ништо не вика ја фаќа смеа и јас се праам коо ништо да не било а се топев а вие двајцава не ни приметија. Ама колку ми е глупо сеа кога ќе се видиме и поздравиме, одма ми текнува и ме фаќа срам ц ц ц како може бе дечко ми прашува ја му одговарам
синоќа сакав да го прашам татко ми дали ќе биди дома утрово,и само прашав: -Тато,ти дома утре ли ќе бидеш? Фацата што ја направи ме зачуди ама после кога ми текна што кажав!
Штотуку го убив факсот на работа.... Значи, има да го јадам за ова ко никој, една чаша сок ОГРОМНА му истурив, и почна искри да фрла ко на филм... Браво Елена, честитки..... (смајлиштосекрсти)
Во училиште на одморот една другарка беше свртена со грб и јас улетана сакав да и се качам на грб без да знае за да ја уплашам и така јас залетана ќе и се качувам на грбот и ја ставив едната нога и коа се вртам гледам наставникот по географија застанал и фацата: и јас само се вртам накај него и мојата фацка :geek: и овој ме изгледа и си замина
па не сум јас виновна што ми се спие насабалје носев хеланки денес...од напред имаат една многу мала машничка...не знам како не ја видов убаво, а плус и етикетата од позади...наопаку сум ги облекла, тоа што треба напред-позади, и тоа што е позади-напред.... но, никој не ме забележа, дека црни се хеланките и не се разликува
. .. бев глупа и сега си плаќам.. .. ....пред два дена мојот сакан ме уцени дека ако не му се вратам ке се самоубие,јас му поверував, го молев да не го направи тоа,му кажав колку го сакам.... ,,и на крај тој ме зезна,ми заблагодари за тоа што му ја вратив желбата за живот и ми рече чао засекогаш......... .. ..сега јас не можам да си простам себе си,колку сум глупава што го послушав срцето уште еднаш....
Не е последна ама сепак е глупост Ми се јавува бившиот и ми вели еј идам со братучед ми стави две кафиња, одам во кујна гледам нема шеќер си викам ај ќе го варам со шеќер во прав си го земав ќесенцето, 2 лажички кафе, 2 шеќер, и го ставив да се вари Леле луѓе ко зема да згуснува, си викам што е работава сеа со шеќеров го земам пак ќесенцето, си ставам на прстот да пробам нели дали е шеќер, и не не беше шеќер туку густин Мутава една, ај му се јавив на мутавиот и му велам ако сакате кафе купете си шеќер ги почекав и им сварив кафе
Не е глупост нешто, увау, ама си се насмеав сама на себе. Си купив еден шампон, и ај си викам, да видам некој дали го користел истиот. Влегов во темата за гарниер. И листам страници. И само гледам... Еј девојчево го користело шампонот, што и јас го користев. Го прочитав цело мислење. Целосно се пронајдов со мислењето, и си викам: леле каква коресподенција. Кога што да видам, јас сум го пишала тоа мислење. Коинциденција де. Ама коресподенција ми е по звучно, незнам каде го слушнав.
Се акнав во ретровизорот на еден автомобил. Си одиме со две колешки и настана гужва на патот, се свртив позади да видам што се случи и си продолжувам напред кога одеднаш осетив болка во долниот дел од стомакот. Оно тоа сум се удрила во ретрвизорот, ми се чини дека за малку и ќе го скршев. И си продолжив напред како ништо да не се случило.
седиме на кафе арно ама јас немав запалка за цигара и мму викам на келенров да ми дај запалка тој вика чекај да побарам ок јас чекам иди за 2 минути и ми носи и ми вика ама со врајчајне и покажа накај една маса запалив шо запалив и станувам да го вратам одам на една маса вика не е наш,гледам други што пушат одам и кај нив вика не не е наш и после го гледам келнеров и ми вика абе МОЈ Е ко се вцрвенив на ФАЦА се почуствував како на скриена камера
Шетаме со другарки и пред мене имаше една кола со затемнети стакла, и што ми текна баш тогаш да си ставам сјај, си се наведнува цуркава и и наеднаш ми се отвара прозорецот и еден постар господин ми вели: Доволно е нели Оф Божее кога го видов се вртам кај другаркиве, овие се смеат му се извинив на господинот и ме снема од таму
Пржев дома пирошки, домаќинката , кујната лом ја направив... ги загорев пирошките и дома се сосмредев. Ко ќе дојт мама имат да ме робит.
Хаха... леле, ме потсети сеа ја исто така се туширам со "гел за туширање" и глеам не пени, си викам шо е работава знам дека нивеа пенат. Се замислувам и си продолжувам и така и ја повеќе си ставав демек оти не пенеше нели и така неколку дена по ред и кога одам да си купам млеко за тело нивеа кога гледам такво пакување, и си викам можно ли е. Идам дома го зимам "гелот" и читам млеко за тело
Денес кога си одев накај дома требаше на мојата автобуска да се симнам и само да се симнам од автобусот на прагот кога се сопнав,како сум се утепала пред автобусот.Овој си продолжи и јас станувам како ништо да не се случило.Кој срам еј Ааа и пред да се симнам,уште додека бев внатре не се држев и овој наеднаш кога закочи јас ајт си летнав во еден дечко и онаква му викам извинете и да ме нема на горниот спрат