Станувам од спиење и ми се одеше до веце отварам врата и гледам патов подолг ми е.Кога што да видам јас сум на улица исум тргнала во продавница!Резили!
Ме потсети коа ќе се струполев на скалите на 5-ка. Си седам јас и идам накај баба ми... Арно ама требаше да се симнам. Прв чекор на скалите и само осеќам - туп , и си седнав на гз ме гледаат сите ја станувам и џонка да ме нема надвор
И јас еднаш така миев коса со "шампон".Доаќа татко ми од продавница и носи шампон и влагам да се бањам.И добро си ставам шампон,ама не пени.Си викам косава многу нечиста ми била штом не пени.И добро си продолжив да си се мијам.И кога на веќе 4-то ставање шампон косата не почна да ми пени,се загрижив.И ми текна да прочитам на тоа опаковката што пишува,и читам РЕГЕНЕРАТОР. Ама и татко ми шампон незнае да купи.
Вечерва ова... Вечераме и јас имав два тањира, еден за салата другиот за другото јадење и сега откако се најадов да се поттргнам малку од масава (а тањирите ставени еден врз друг) мојот голем граден кош подигнувајќи се и спуштајќи се ги преврти двата тањира на плочки, со што автоматски се распарчија и разлетаа низ цела кујна... А врв на се беше една другарка за вечера и ми вика „Де мори, што цицка ќе беше!“
Људи, људи, вратија се Шииме! Spoiler Епа да почнам а? Овие ми се од екскурзија, па кој ме познае... Што да му праам. Последниот ден. Си се чудам: Чудно, уште не сум направила ниту една глупост. И како некој да ми ги прочита мислите. Си ги собравме куферите, и се симнавме доле на рецепција. А јас во ништо не сум сигурна. И кога ме фати страв. - Ја земав ли книшката, или не? - Јас заклучив во куферот, или не? И што да праам... Го отклучив куферот, проверив, тука е. Добро. Го заклучив куферот. После некое време, ми текна. - Ми го нема новчаникот! Сум го заклучила внатре. А во новчаникот ми останале клучевите од катанецот, од куферот. Леле. Кога ме фати една паника... Што ќе правам без пари? Уште ништо не сум си купила за мене. Па пробуваа да го отклучат со тенка шнола, па со што не... Нејќе, и нејќе. Па ми викаа да го скршам со камен катанецот. Ме фати паника. Не беше мој куферот, па јас да го унаказам. Малку ми фалеше да заплачам. Па требаше да го преместам од едно место на друго куферот. И дека беше тежок, со сета сила, си го треснав по прстите од нозете. Господ по пижами го видов. После тоа, некако го извиткаа, незнам ни јас како. Ама Господ здравје да им даде, на тие што ми го отворија. И си го земав новчаникот. После тоа, истиот ден. И не беше моја глупоста, на некој друг. Ама се залепив во мастика. На фармерките, и на ранецот. А после тоа, си ги спакував сите тракатанци од автобусот, и ги ставив во ранецот. Излеговме од автобусот. Јас се качив во кола, со ранецот во скут. Стигнав дома како помочана. Носев 6 мали шишиња вода, од кои 2 не биле убаво затворени. Кога стигнав дома, цела утоп. Цел ранец мокар, јас помочана. И така.
ај и јас да си ги кажам глупостите од екскурзија.... шетаме низ Фиренца..на една другарка и викам ај да ме сликаш со Давид (мислев на онаа статуата) и си зборам јас, а гледам нешто "другаркава" не ми зборува, само ме гледа онака збунето...кога што да видам, тоа не била другарката туку некоја италијанка која нормално не знае македонски...ама ај ништо страшно, нема пак да ја видам италијанката се изгубив во Рим решив да си купам блуза со натпис I Roma...ама подолго време одбирав која ќе ја земам...кога купив сфатив дека никој од мојот клас нема околу мене...продолжив само право со надеж дека ќе видам барем некој од школо... и добро е, сретнав некои од друг клас и со нив си отидов кај што не чекаа автобусите
Еве последната глупост ја правам токму сега. Скоро 5 сат сабајле е, а јас уште дремам буден на интернет иако ми се спие па ми се плаче. Што ми стана и се глупирам не ми е јасно, кога знам дека веднаш штом ќе легнам и ќе ги затворам очите инстант ќе заспијам. Нема смисла мора да ја прекинам оваа глупост и да отспијам нормално. Имам и други глупости правено, но за тоа нареден пат, ова беше само последната глупост.
Со другарка ми седиме кај неа, си муабетиме. И од досада ни текна на една страна да се регистрираме, и со еден дечко почнавме да пишуваме, и тој прашува како си, и другарка ми како пушка ... фала, супер на прашање
О па ја ова го иам направено на испит, а полагав со слушалки и ми беше ептен фрка да положам. Од другите задачи ги имав решено сите и се разбира професорката се смилува, ах сирота да знаеше како полжив немаше да биде толку попустлива со мене. А мојата последна глупост? Се појавив на една забава на која воопшто не требаше да се појавувам, е сега погледни ја газдарицата во очи да те видам.
На зајчињата по грешка му дадов луто чувче Добро е шо на време се освестив па не го изедоа цело, ама доволно за после да испијат две шишенца вода и едно праче леб
Мајка ми ме прати по пециво. И јас цел пат си викам пециво, пециво пециво.. и на крајот се враќам со ванилка бре. И ае трк пак назад.
Абе не е глупост,само терав инает... Прееска во школо,имаше многу гужва по скаливе,сите се буткаат,и сеа пред канцеларија се мине кога се симнуваш по скалите и таму гужва,сите се разбуткале и ме фана инает и им викам на другарките стојте сеа тука на средина,и не се помрднувајте...и фино лепо си застанавме и еве ги почнаа сите околу нас да се туфкаат оти сакаат да поминат,а ние си стоиме ко заковани,па уште и се газиме од смеење,и мрдање у никој случај...и иде класнава и ми вика абе шо сте застанале тука,и и викам онака де,малце да ги понервираме другиве...и ме гледа и ми вика ЦИААА кога ќе те затепам
Јас ако не направам некоја глупост нема кој... 1.Пред една недела една многу добра другарка имаше роденден и сега јас се напрчив ќе останам да спијам кај неа со уште 2 други девојки. И темно,досадно а 4 девојки нема што да прават...и јас доаѓам до една „genius“ идеја да смешам газоза сок,кока кола,швепс и згора на се ставив малку кисела вода,и ајдее ќе го пијам на екс ама тоа една „го*но боја“ добија и јас јаката дигам чашка ..една голтка-две трчам до wc и по пат до таму се лизнувам паѓам и сокот од устата што остана се залепи на ѕид!Ама најјако си поминавме 2.Бев на школо и имаве хемија а оваа професорката е многу добра и на мене „генијалецот“ не ми се седеше на час и ајдеее ќе одам вода да пијам. Ме пушти професорката и одам надвор си се фурам и ми ја затворија вратата на влезот неможев да влезам тропам-тропам никој нема...и така цел час си поминав надвор и гратис една неоправдана и ова како бонус што беше толку ладно а јас на куси ракави надвор како малумна си седам пред врата. http://images.wikia.com/creepypasta/images/5/56/Disgusted-oh-god-why-text.png
Mи вика другарка ми иди купи ми чоколадо од 20 денари, идам и се враќам со чоколадо за готвење на зафрканција и она цела ваква а јас
Заради мојата глупавост, и заборавеност. Одев 8 станици пешки, сама, низ мртва темница. Овој пат, не ја кажувам причината. Само ќе кажам дека бев многу, ама многу глупава!
Се враќам од англиски со една другарка и ми вика ќе дојдеш ти утре? И ја занесена нешто и викам математика бе и она се чуди онаква и ми вика доаѓаш или...? и ја пак математика бе,математика Кога сфатив јас... И дома си истурив чаша вода на маицата.Среќа што беше вода