На истите фармерки, што истурив цедевита и вода. На истите фармерки што ми се залепи мастика. И на истите фармерки, што ги купив пред 17 дена, ги ишрктав со пенкало. А кафеави беа, кремави. И да бе, не се познава. Што ако не се познава, кога јас познавам, и знам дека стои таму флеката?
Си седам така на тераса, си решавам задачи и почна некој да се дере ... подизлегов јас и гледам дека човекот крева некому рака и му се пулам јас вака: Си викаm, од каде ме познава мене!? И му мавтам и јас и после кога гледам дека му мавтал на пријателот Будала!
Си направив чај со вагета. Да,да со вагета...барем со сол да беше па на шекер личе тоа али јас вагета ах бе
беше пред една недела две.. незнам шо ни текна не фатија нервози и зедовме со сестра ми цел ѕид од собата го ичкртавме со моливи и после само како го чистевме..ЈАС ШЛАКАВ ВОДА ПО ЦЕЛ ЅИД А СЕСТРА МИ ТРИЕШЕ СО СУНЃЕР будалаштилак
Во бутик денес ,пробувам нешо ..а внатре гужва упм. Стои продавачката до мене и во позадина слушам како некој довикува Госпоѓо може малку? И ја и викам на продавачката,ве вика таа девојката. И оваа ме прашува ,која? - викам ете таму онаа со главата ) и оваа ми вика,е баш ти фала сеа ќе барам девојка со глава оти инаку другиве немаат. ем ми се смееше да се смеам,ем ми се плачеше шо несвесно се изглупирав.
Требаше да излеземе од дома. И требаше да облечам едни црни патики. Арно ама, јас тие лом сум ги направила. Цели прљави. И мене секако ме мрзеше, да ги чистам со влажна марамица... И земав таква четка за чевли. Ама таа да ти пуштала кафена боја... И така си добив црно-кафени патики.
Е богами поголема глупост и не можев... Наместо на другарка да и пратам што ми пишувало на онлајн гатање за една особа...јас дирекно на таа особа,па дури и го потенцирам името... Незнам само после како се извадив,истропав глупости.
Во школо училниците со другарката ни се една до друга и сега пред часот јас одам во нивната училнаца и кога се зазборувавме.....и влегува наставникот по математика и ми вика:Што бараш ти тука?Изгледа си ја згрешила училницата. (и одама јас да не останам покуса ) :Ма не...јас бараммм....што барамм ? Ааа да дигитрон барам :geek: И фино си излегов
Вчера со братучетка ми бевме до продавница со точак и на враќање јас ќе возам и она напред седната и терај така.Јас расчепатена едвај возам и двете незнам зошто почнавме да викаме Суџук,суџук(смешно ни стана) и едно време така си се возиме и наеднаш кога треснавме на сред улица.И иде кола и братучетка ми ми вика "Суџук иде кола,суџук".Кога сум почнала да се смеам а тоа колата иде накај нас и ни свири.Бруки.
Оваа ми е најтазе, моми,на виноскоп. (нешто смајлиња не можам да турам да доловам се, ми кочи) Како и да је. се начукав ја што се начукав, а мене ми се моча, ми се плаче, бишиката вели, Лудооо, шири нозе да се празнам. И ај како и да е, отидов кај таа зградата што е, карши тоа што се гради, за накај кафичите што се. И глеам едно девојче се мотка, викам, аа ај со оваа заедно ќе си мочам,гарант си бара место. И идам и викам, девојко, ти се моча а, лол? Вика да бе, место барам. Е, ај и викам со мене. Еми си чучнавме и двете, си раширивме нозе,лаф муабет уз уринирање, а најсмешното беше, една до друга се сместивме, кога пуштивме вир, не знам чив беше поголем, мојот или нејзиниот, хахахаха, онака синхронизирано се изнамочкавме. Ако е феминка нека ми пише, хахахах мерак мочка мавнавме А дали не виде некој, гајле ми е, зорт си е зорт бе човече
Тазе глупост ,перејќи ја колата побарав чашка со вода да се напијам жеден бев .И од домашните поглед и пак по 5 мин дај те ми вода .Еве ти чашка можеш да си ставиш сам вода
Вчера,пропаднав во шахта Да,да во шахта.Не ја видов,а таа капак да ти нема и вуууп пропаднав.Па дека бев со братучетка ми и двајца братучеди,они ме вадеа.
Си правев салата. И кога ја направив, ај да ја посолам. Арно ама, во соларничето да ти немало сол. И јас да ја земам кутијата, ми пролетаа 2 лажици сол. Леле луѓе, едвај голтнав. Се оцицолив. Морав да ставам уште краставици, за да ја опраам. Сега волкава голема салата, незнам кој ќе ја изеде...
Имам една шолја омилена ми е и од неа пијам се, и кафе и чај, сок.... Последно нешто што сум пиела било чајче со кришка лимон. И ок, чашата во кујна и јас како и секој ден утринското кафе не ми бега, земам ѓезве, шолјата беше веднаш до другите чаши и го варам кафето. Ставам во шолја онака рутински, седнувам пред компјутер и ќе пијам. Една голтка, чуден вкус. Викам сум го направила многу ретко. Пијам уште една, уште почудно. На момент помислив дека некоја бубачка сум сварила од киселоста . И земам истурам кафето во ѓезве кога гледам на дното талог и кришка лимон. Си останала шолјата неизмиена јас уште и кафе ќе пијам. Наравоучение: Секогаш прегледувај ја шолјата пред да ставиш нешто во неа!
Темава е законн.. Да не бидам офф еве една моја глупост.. Си седиме на историја јас и една така ''малце'' шашава другарка и бевме под казна оти праевме глупости и требаше да ја научиме сами новата лекција..И сеа јас така изнервирана забулјана во книгата..А другарками продолжува кретенески да се понаша..и како шо беше тишина во училницата јас со една ваква фацичка на цел глас.. Spoiler АМАН БЕЕ..ПРЕКУ КУР МИ Е ВИШЕЕ.. ..И уште си седам како ништо да не било не ми текнува шо напрајв..Класотт по земја сите..И наставникот-Маја шо ти е тебе..И јас демек не е доволно шо го реков то и се обрукав пред цело одд па уште му викам-Наставниче јас овде пробувам да ја научам оваа лекцијава а овие се Spoiler ''заЕБАВААТ'' со менее.. ..Коа ми текна шо напрајвв ми идеше у земја да пропаднамм..Се обрукавв браво за мене.. Наставникот си беше така помлад пресно вработен па не ме избрка.. Цела недела бев тема на разговор и плус тоа од тогаш секогаш кога имаме историја со него ми вели-Маја како си денеска?..Посмирена си или ич да не те чепкам..Јасс кутраа ваква фацичка.. али на крај се изнасмеавме на моја сметка..То сам,шта чешш..
Денес 3 пати паднав во автобус. Ова денес ми е рекорд. Си се возев јас во стар автобус. Арно ама, автобусов цело време се влечеше. Многу споро возеше. И наеднаш се убрза, незнам што му се случи. Јас како што се држев со едната рака за шипката, како по обичај изгубив рамнотежа. Одлетав врз седиштата тие што беа пред мене. И право во скут, требаше уште да почнат приказни за лека ноќ да ми читаат. Другите два, срам ми е да ги кажам. И да се откривам.