Стројник изигравав денеска. Нешто на мал одмор со другарка ми се прскавме со вода и ѝ викам:Сега ќе кажам на Х дека го свиѓаш.И ѝ викам сакаш да кажам и ми вика кажи бе кажи, ене ти го иде наваму.Али добро тогаш не кажав.После па кога искочивме ми вика кажи бе кажи ама срам ми беше да влагам у училна кај него. И после 6ти идам ја ни две ни три му викам на еден викни го Х да му кажам ништо и доаѓа Х и јас: Абе слушај ваму, е оваа те свиѓа ме поду, главата ми ја пукна. И после се наљути оваа, и уште ми е љута. Shit just happen.
па и не е некоја глупост...си одам накај дома, и сега иде приватна 22ка...се качувам онака најнормално и возачот ми вика "девојче, не важат слободните"...и јас викам "не важат? како не важат кога денес ни ги дадоа..."(а уште немаме нови слободни) и нормално возачов си чека да платам, а јас комотно си излегов, како ништо да не било.......... што ќе плаќам кога има некој што ми ја признава слободната...
Еден типец од ск на фб ме прашува каде учам и јас изигравам некоја од ск и му викам наместо јбт (јосип броз тито)му пишувам бт и овој ми вика а извини а каде е тоа И јас колку сигурна му враќам. Гимназија Борис Трајковски како може толку да не си го познаваш родениот град . И вој виде не виде си вели со кој сум фатил јас работа се исклучи . И после коа ми текна
ми избега 22ката што одам секој ден во школо...дојде 15ка, и за да не закаснам викам ај со 15ка ќе одам...арно ама тоа било 15а...се симнав таму на автобуската на Илинденска што е паралелна со таа на Партизанска, и си се изнаодев пешки...
Пред некој ден се шетав со една другарка. Бевме во гужва, имаше многу луѓе. Одам јас така занесена и ја барав другарка ми низ луѓето - бидејќи се изгубивме. Таа носеше црно сако и зелени панталони. Поминува покрај мене некое друго девојче облечено со црно и зелено.. Јас не ја загледав добро .. зошто ми приличи на другарка ми.. само боите на облеката ги видов. И со сет памет и викам јас - Ејј каде одиш ма, полекаа ! И ја тегнам силно за раката.. Девојчево кога ми се сврти.. јас се ѕверам во неа.. ваква - Се гледаме така 10-ина секунди, а мене зборови не ми доаѓаат да кажам извини.. се разнесов и ја гледам во очи... Си замина девојчево и си вика - Ејј какви луѓе не има по светов.
Нели даваа пред некој ден Мзт:Раднички? Јас не го гледав цел, го фатив на пола. А тогаш, баш не водеа. И сега, овие нашиве, одат во напад. И шут за тројка. И јас им се раздрав: - Назад! Пи*ка ти матер, педер еден! И само мајка ми ми вика: - Ама тој е наш, бе! Јас мислев дека црвените сме ние. А тоа Мзт да ти играле. А од Мзт, никој не познавам, двајца-тројца само... И мислив дека белите се од Раднички. Неинформирана, што да правиш.
Заикав на среде час,и цело време икав.И професорката не ме пушташе да се напијам вода,и цела паралелка се згаси од смеење од моето икање.Па бидејќи настана вистински хаос,виде не виде ме пушти да се напијам вода
Вчера ми падна фен, од прилика 1 метар височина. Ништо не му беше. Дури и како подобро да дуваше, после тоа. Ама озбилно! Изгледа се модернизирал, све на тач. Денес, на сред час, ми се истурија сите книги и тетратки што ги имав. (7 книги, 6 тетратки, атлас) Наопачки ја свртив, а таа отворена да ти била... И тоа се ради еден дигитрон, да извадам. И малце се залетав во автобус. Ама добро, тоа е веќе секојдневно.
Се си препишав денес на тест. Вакво препишување до сега не сум направила. Па тој не го најави. Не бев спремна. Снајди се, па живеј. Нели така вели поговорката?
Изгледа темата ми се погодила. -Паднав во диското... -Одејки на прав пат се сопнав и пак паднав. -Повторно паднав пред пола час и тоа дома паднав. Ама во овој случај кучето е криво. Ми се бутна во нозе и јас да ја дигнам едната за да се тргне Бак на страна си ги дигнав двете (незнам како успеав) и бааааам на земја и згора на се за малку врз Бак ќе паднев. Мајка ми почна да се валка по земја од смеење. Другоооооооооооооооооо............ А да скршив 2 чашки..и тоа ги скршив додека беа полни со млеко..абе генијац сум знам. Му кажав дека го сакам (на заебанција) и тој поверува -.-
Отидов на страната на ЈСП и од што ми беше досадно си пишував поплаки.И предложив бесплатно возење за ученици и студенти .Смотана.
Јас многу не сакам да се маткам со новчаници, пардон паричници. Го користам само во школо. И во него ми стои сè, пари, слободна, сликички, картички, тракатанци... И јас, така фино лепо... Како што го користам само во школо, го заборавив под клупа во понеделникот. И од сабајлево, си местам ташна, сè по ред, и гледам дека ми го нема новчаникот. Пребарав низ постелнина, фиоки, алишта, чорапи. Абре низ сè. Џабе, го нема. И после ми дојдувала идејата дека ми остана под клупа. Среќа, среќа. Што хигиеничарките го нашле, го кренале, и ми го дадоа. Ама пред да ми го дадат, си платив за 2 автобуси. И баш јас кога немам слободна, баш тогаш мора да влага контрола. Мислам баксуз! Битно тука ми е слободната. А иначе, сестра ми ми го купи паричникот во септември. И тоа при крајот, за на екскурзија. Уште нема ни месец направено. Уште фалеше да го изгубам...
Супер тема ... Во последно време не ми се случуваат многу глупости но минатата зима ко имаше снег на школа направив нешто што ни јас несакав...хехехе ко ке се сетам ми се пла4и во исто време ми се смејт... Имавме одмор за ужина на школо а надвор деца ко деца се мававме со снег И имаше едно дете што го мразев и сакав да го мавнам со топка снег во врат..И само што фрлив незнам што се деси топ4ето со снег наместо во тоа дете замина во симпатијата моја што му имаја кажано мојве другарки све и се сврти тој да видит кој е аааа јас си продолзив хихихи како ништо да не било и си влегов со другаркиве во училиштето хахаха БРУКААА и на крај дозна некако дека јас бев и на другиот одмор ми врати и од тогаш ми е де4ко за сериозно хехехех и стално се смееме ко ке ни текнит како почнавме да зборуваме
Хахахха.. А јас не можам да ја заборавам оваа случка. Бев 7 одделение и имаше едно момче кое ми беше симпатија а тој не знаеше за тоа На големиот одмор сите излегоа надвор и останавме само јас и тој.Тогаш тој дознал од некаде дека ми е симпатија,и за да ми возврати почна да вика дека сум се сакала едно друго дете јас толку се нанервирав што ја зедов водата и цело шише му го истурив во врат.. сега сме ндобри пријатели и јас секогаш се смеам кога ќе ја спомнеме таа тема,а тој веднаш ја затвора (му е срам изгледа) хихихихи
Запишан тел бр.на мобилниот за сервис но бр. што го оставил дечкотобил на братот и се јавувам велам здраво тел.што го оставивте за сервис е направен му кажувам цена,а типов вели имате некој проблем јас немам тел оставен за сервис велам во ред грешка немој ма мене ти грешка ме будиш па сега ме повторно се извинувам и тој вели бре какви луѓе ме испровоцира и му велам, марш бре дебилу морон невоспитан ,поручекта доаѓа дечкото за тел со брат му и му вели на мажот ми:"Колку е лоша женати се му накажала на братми" мојов се врти ме погледнува ,а јас гласно размислував и несакај ки реков брука бе така е со простаци каков што е братму лелле кога ми текна што изустив смрзнав стана тишина мислев лугево никогаш нема да се појават ама се се смири вчера им местевме флет на w20i-zulu
Имавме музичка уметност и слушавме музика,и касетофонот почна да грчи ( онака исто како што ќе ѕвони мобилен) а мене предходно ме изнервира професоров,и си титкавме со школскава што седи до мене цело време.И професоров викат ај исклучете ги мобилните и пак почна касетофонов да грчи.И пак уклучете ги пак исто.И бидејќи пак грчеше.Јас за инает цело време му правев на мобилниов исклучи-приклучи. А нели музика кога се слуша се ужива,е јас неможев да е слушам и правев глупости,среќа што не ме сети дека сум јас