Се скаравме со мама, па се обидував да ја избегнам вечерва. Гледаше ТВ во дневна, а мене ми се јадеше. Кујната и дневната се споени, па за да земам за јадење морам да поминам низ дневна, па до кујна, да се промотам таму, да подишиме ист воздух. Не. Дада читаше, т.е филм гледа со книгата до неа. И велам да отиде да ми земе за јадење, не сака. А добро, имам јас тактика. Земав еден парфем што го имам, многу е јак, смрди корне, ќе се онесвестиш. Отидов во спална, и и реков ако не ми земе ќе ја испрскам собата и ќе спие на ладно. Ми вели саканата - срце немаш. Како живеам незнам, без срце. Ја испрскав собата цела, сега корне спратот, сите врати се отворени, за џабе работело парното. Ама ако, нека се прави паметна. Како да и реков оди ископај го дворот.
Денес,кога се враќав дома со двокатен,со другарка ми едно 100 пати ги испостискавме оние СТОП црвени копчиња кои и онака не работат Во школо,идам нагоре по скали и на последната се сопнувам и вуппп.Се спружив доле.Бруки еј И најголемата денес- Имавме физичко и заборавената си ги заборавив патиките дома и не вежбав.И седиме во сала,и мене маицата ме нервираше цело време и гаќите ме нервираа(шта чеш тоа е),и одам во соблекувална да се наместам,ама позади тушевите,дека вратата стално ја отвараат.И си местам така гшти,маица све по ред и едно девојче од осмо влегува и ја онаква дека по гаќи (сама во соблекувална) кревам пантолони одма а она си се насмевна само.Таму кај тушевите најчесто мочаат,па оваа си помислила (дека јас по гаќи) дека мочам јас таму.Може не е глупост,ама си се усрамив јас.
Па, се запознав со мајкаму. Ја сметам за глупост затоа што многу сум неозбилна дури и во такви ситуации. Доаѓа жената и нормално "Здраво јас сум..(името)" и јас и викам е јас не сум. (се смеам одозгора) Овој вака зена во мене И жената се стаписа Излегува од собата,најверојатно разочарана од "снашката" јас ваква А срцкото живи жаби бљува Го предупредив,ме боли ваквата доле..
izlegov vcera so eden drugar se znaeme odamna porano mi se svigjase ama imase devojka, i e najdosadniot covek definitivno cela vecer gi izbegnuvase ozbilnite temi i mi zboruvase za plejstejsn i komp igri odvaj ja isturkavme vecerta, ii uste mi vika sakam pak da se vidime, i jas ahaaaaaa uzivaj ednas se gresi
Последнава моја глупост беше голема,и тоа како голема Вчераа,вечерта,требаше да дојде девојка му на брт ми кај нас,и да преспие тука.И добро,јас додека не беше брат ми тука,фино лепо си го земав лап-топот и одам кај него во соба,а си земав и чаша вода,па дека спалната горе му е како од дрво и тоа дебело,7-8 цм.ОК,јас си лекгнав кај него на креветот,и се уклучив на Фемина и така.И,сега кога дојде оваа беше негде околу 10-11саат навечер и темно нели и они отиле во соба.Најверојатно оваа легнала и некаде покасно слушам тука тропање отварање врати.. И станав да видам.Кога,чашата вода и се истурила во врат .И толку беше,после спиеше по пижами на брат ми . Толку од мојава преголема глупост.
Само што стигнав на автобуска, за одење накај школо... Ми текна дека ја заборавив јакната. Ооо, дурмиш, рикверц. На ова време, без јакна, браво. И од толку што се избрзав, кога ја извадив слободната, не сум ја затворила убаво ташната. Кога стигнав, кога се видов... Што да видам? Оставам траги позади мене. Слушалките се закачиле на дигитронот, се влечат по мене. Тоа новчаникот ми виси цел... Ама кој да примети?
Влегов во продавница бидејќи ми се свиѓаа едни убави ракавици што беа на излогот влегов во продавницата и целата отидена со мозокот на пасење ја прашав продавачката колку ракавици се чизмите на изворот кога се освестив што кажав ми се дигна косата ..... hock:
Наместо на памукот да ставам јанг дерм за чистење на лицето,јас ацетон ставив и почнав да мачкам по лицето.Сега нешто ми се зацрвени.Па будала,кога не мислам Денес,на автобуска чекам автобус и наместо во мојот,јас во петка се качив и не приметив.Кога да видам,во аеродром сум Лелее,кога се симнав,едвај сум нашла автобуска за до центар
Шпагетите што ги цедев, пола ми заминаа во неповрат, зашто нели со една рака се работи со друга се држи телефонот..
Мајка ми се спремаше за на слава и се пицнала се дотерала ама кога видов зела една ташна поголема од неа.. и гледав да и ја наполнам и и ставив мандарини и јаболка внатре. И така замина на слава . И после татко ми се зезаше со мене дека им давале на гостите по една мандарина ... и веќе станало традиција.
Пробував фармерки, и наместо да отидам во соблекувалната, јас отидов во одделот каде што стои вишок роба.