Не беше последна. Пред некое време. Се спремив порано за во школо, имав вишок време, едно 10тина минути. И имав да повторам нешто. И направив финта Ге-шест. Излегов од дома, влегов во влез. Симни се една скала, кажи една речиница. Втора скала, друга реченица... Нели, повторувањето е мајка на знаењето? И стигам таму негде при крај, и си зборам гласно: - И тоа била теоријата на Емил Диркем... Леле, ама сум глупа, на Макс Вебер! Макс Вебер бе! Како може на Емил, мори глупо? Нели прееска збореше за него? Сега си збориш за друг. И само се симнувам од последната скала, и гледам доле, пар комшии. Си останав со подотворена уста, готова да почнам да зборам за некои теории. Сигурно си рекле: Оваа готово, отидена е, сама со влезот си збори.
so orifleim kataloogot setav po hodnikot vo skolo i na sekoj sto ke go vidam mu velev da si naraca nesto(poeni mi trebaat lugee)::: . .
Чекам сабајле автобус, требаше на факултет да одам, и планирав со 2-ка или со 2а линијата да одам. 2-ка пред нос ми помина и ај си викам со 2а ке одам. И гледам оттаму доаѓа еден автобус и читам на екранчето бројката му почнува со 2 и се пикнав. Стигнуваме кај Соборна и наместо накај мостот, автобусов ко Центар врти и си викам - сега кај одиме, требаше по мостот. И слушам една жена спомна нешто 22-ка. Леле кога ми текна дека го згрешив автобусот, ми идеше да си ја залепам една од што сум ќора. Јас наместо во 2а, во 22-ка сум се пикнала . Па и уште еден ранец колку мене носев, плус и кеса в раце и требаш да се влечкам натоварена од Веро Центар, а вака ќе слезев пред факултет и никому ништо. Срамови е што си кажувам. Олкава магарица, да не ги познава бројките, па и уште бројка од буква да не разликува, гревови . Слегов кај Џамбо и отидов на факултет. Си велам, среќа во несреќа - арно во Скопје го згрешив автобусот, ако го згрешев тој за дома, па да се качев наместо во мојот, во некој друг, пример за Крива Паланка, тешко мене ќе беше. Дури тогаш ќе си ја врзев една сигурно.
Денес,си чекам автобус и доаѓа еден,не мојот и да застане покрај мене,јас не приметив и не се ни помрднав и како што им се овие џиновски ретровизори спуштени надоле,едниот траас кај мене у глава.Мислев излив на мозок добив.И овој одвнатре ми се дери,ме кара шо не сум се тргнела.Леле луѓе бруки еј
Бев во веце, и на излегување, незнам ниту јас како сум успеала... Да ја кренам раката, и да го скршам огледалото. Затоа што беше закачено само на едно штрафче, се поклати, и падна. А тоа, огледалото огромно, малку фалеше да ми падне, и да ми се скрши од глава. Незнам само како успеав да се спасам. Моите срипаа, се извадија од памет. Почнаа да викаат по мене. А јас уште во шок, само ќутев, глас не пуштав, ми се тресеа рацете. Само ми подадоа едни влечки, да не згазам на стакло. Сега ќе ја читам темата, за кршење на огледало. И за 7 години несреќа после тоа. Јас како што сум суеверна... Уште ова ми фалеше.
Јас вака паметна, сум го поставила истиот аларм и за во сабота, и за во недела. Тој аларм што ми е за во школо... Па од сабајле ме разбуди. И таман заспав, пак ѕвонеше за 10 минути. Сум притиснала snooze изгледа, наместо off. И ова ме докрајчи, и станав.
Го испреметкав телефонот по скали и згора на тоа почнав да се дерам по него ,,застани бре ејјј само да се симнам ќе видиш ти'' И на крај кога се симнав и јас не можев да го најдам. сиротиот тој во цреп завршил , изгледа се исплашил од мене
Си седиме така со еден... и немаше муабет и незнам што ми дојде наеднаш му велам „а да ти го прицнев мозолчето?„ и само ме погледна зачудено, а јас го гледам насмеана како да чекам одговор и ај си смена тема човекот. многу незгодно беше. Ама навистина неможам да гледам некој што има на лице мозолчиња со гној. Мора да се превземи нешто.
Го земав апаратот да се сликам нешто и ај да ја избришам сликата,ми вика почекајте.И си чекам,ама како што сум нестрплива,викам ај не мора да бришам,ќе се вратам назад.И оп,не може.Нозете ми се пресекоа..стискам едно копче,не може,друго не може,апаратото се закочил.И готово,го оставам,си викам го расипав,еден страв што ме фати.И после пак го земав,му ги извадив батериите и после пак го уклучив и проработе за среќа,инаку готова бев...
На дечко ми му спремам изненадување, си пишувам една голема тетратка со причини зошто го сакам. Една другарка почна да ја чита и ми вика: Е не ми се верува колкав нарцис си! Почна да се смее со солзи, а јас си мислев дека е за она „Те сакам затоа што ми делиш комплименти“, ама си велам, не е нарцисоидно тоа е*аго. Кога читам, сум напишала „Те сакам затоа што би одела и на крајот на светот само за да сум со мене“. (фејспалм)
На фејсбук Му пишам порака: Каде си цел ден, ти имаш ли девојка да и се јавиш, да прашаш како е ми враќа: Имам ама неможам да и се јавам недостапна е Spoiler Јас го чекам да се јави, без да приметам дека телефонот ми е исклучен
Ставив лак за коса Интеса под мишки мислејќи дека во рака држам дезадоранс. 2 саати неможав да функционирам како нормален човек.
И? стоеја ли локните на место? Инаку мојата последна глупост беше што ми падна едно јајце на плочките во кујната и ај собери го да те видам. Го средив некако, едвај.
Како по обичај за на работа алармот на телефонот ми ѕвони во 6 и 45 и го чувам телефонот под глава бидејки знам колкава спанка сум...и плус се повторува на секои 15 минути...арно ама сабајле он си ѕвонел и си ѕвонел...под глава нормално...се до 7 и 40 кога на цимерката од другата соба и дошло преку глава и дојде, ме трескаше, ме маваше, не знам што се се случувало околу мене и дури тогаш станав...а со алармот не знам што се биднало, бидејки телефонот не беше поместен...
Го прашав дечко ми како му се допаѓа новиот парфем од орифлејм и ми вика Што? и ми текна уствари дека ми рече да му го нарачам ама јас уште немам пуштено нарачка од кај ми текна тоа да го прашам
Блузата наместо да ја исплакнам со омекнувач, јас во леѓенчето фино лепо сум турила средство за чистење плочки И дознав дури после неколку дена откако сум се прошетала со таков опоен мирис како ново гланцани плочки, кога видов дека пишува за плочки сфатив што сум направила, па кога не читам упатство и состав, нека ми е.
леле ко ке ми текни на тоа се валам од смеење.. *(претходно бевме во книжара) Вака идам у сендвичара ии нели ова она сакам француски ии вика ок за 15 ми готов ке е ии јас ок ии само на една маса седеа двајца нз имаа околу 17-18 години ии само погледнам во нив смеат ми се па погледнам у нив па ми се смеат упорно и у себе викам си шо им е на вие ненормални?!?!?? (ии + ненормални ги напраив ) ии само одам надвор (дека бев со мајка ми и брат ми а тие чекаа надвор дека се сретна со некој другарки мама ) ии само излевам ии ко се огледах у едно огледало БРУКИ БРУКИ!!!! леле брат ми паметен ми залепил нешто на коса ии муче, куте и ништо не ми говоре (аа јас јадната цел град го ишетев ) ии само ко видов дека е готов влегов внатре ии плакам набрзина ии дим да ме њама!! (веке нема да се поојавам пред нив )
Седна до мене и ме гушна (суптилно). Не бев свесна со каква фаца се свртев, дури откога го погледнав ми текна. Spoiler Ваква фаца имав. Кутриот, незгодно му беше и си ја тргна раката. А најмногу жал ми падна бидејќи беше насмеан. Spoiler Ова му е втор пат (да проба) да ме гушне. Првиот пат кога проба не го заприметив и си станав, отпосле сфатив што направив.
леле сега ми текна на оваја лето беше и до касно на пц (море кој гавол е тераше али ајде) ии си пишам со другарка и еден ми пушува здр ваму таму ии после едно 2-3 саати муабет пита ме имаш ли тел ии јас да аа у тај момент и се фалев на другарката дека имам нов телефон и само му пракам слика од мој тел и пишам убав е нели?? (кој бруки ) ии овој аа да да убав е да.. (кој знае шо си помислило детето ) хахаха ии после едно 20 мин ми текна шо глупост сум напраила ахх јас ...