Прееска после неколку дена поминати без кофеин се решив да се напијам кафе. Инаку овој период пијам само нескафе 3 во 1, некако највкусно ми е дека без цигара Фино лепо си ставив вода да се топли на плинчето, си земав чаша, си ја отворив кесичката и ја истурив целата во кантата за отпадоци, а кесичката празна ја ставив во чашата Добро што не ја ставив и водата ТаленАт....и се` ќе беше ОК ако имав резерва, ама немав и така си се откажав од кафето пошто ме мрзеше да одам до продавница.
Истиот ден кога се качив во погрешен автобус, влегов и во погрешно вц . Тој ден бев некако како занесена, како изгубена и воопшто не бев сконцентрирана што се случува околу мене. Откако завршив работа на факултет, имав околу 2 часа дури да дојде време да одам на автобуска за да си одам дома, па отидов во Веро Центар. Се шеткав наваму-натаму низ продавници и дојде време да тргнам за на автобуска. Пред да заминам си реков да одам до вц за да не слегувам после од автобус за тоа. Дотогаш немав одено во вц-та во Веро. Тргнав натаму и во тоа малото ходниче гледам вратите за во машкиот/женскиот дел отворени, па тие знаците за машко/женско вц не се гледаа и си влегов јас во вратата направо што беше. Влегувам внатре, немаше никој, па сигурна бев дека сум на правото место и влегов во една кабина ама беше валкана и веднаш излегов да барам чиста. Излегувам јас и гледам неколку мажи, во рок од 2 секунди дошле како за беља , кој се мие кој се суши, и не ми беше јасно што бараат во женско вц . Ги гледам јас, ме гледаат и тие мене, се чудат што барам јас во нивното вц . Арно дома кога си дојдов ја погодив куќата, не ја утнав и неа . И ми текна дека го згрешив вц-то . Пропаднав в земја од срам. Набрзина промрорив - ау, ова било машкото вц и секундарно излегов и дури тогаш ги видов знаците на вратите, кај било машко, а каде женско.
Леле, ме потсети јас еднаш кога бевме со другарки на кафе и и седиме и ми го носат кафето и ја зимам шеќер да си ставам го кинам тоа кесичето и го истурам шеќерот во пепељарата и арно шо инстиктивно и кесичката од шеќерот не сум ја ставила во кафето ми текна одма што направив
си влагам у кабинето по германски ии само другарка ми кажува нешто ии јас еден смех леле нз http://www.youtube.com/watch?v=zp4qldgpuHM вака некако се насмеав ии само ко гледам наставничката ме гледа фаца WTH?!?!!?!? (аа она мајка на оној симпатијата шо ми е уште од 5-то ) ии само кажав едно добар ден ии ко ништо да не било
Нема 2 минути поминато. Седам ја на компјутер и се истргам, ама до газот да сум го бутнала столчето наназад и потстанав малку за да се доистрнам и да седнам трас на земја.
Си ставив на коса млеко за тело мислејќи дека е регенератор. Не по моја вина, ми беа донесени како подарок од Швајцарија едното шампон (Пантен, тука нема утка) а другово што може да биде ако не регенератор??? Е така е со странски производ без македонска декларација. Кој ми е крив што не знам германски? Дознав дека е млеко за тело, ама доцна.. А си се чудев зошто ми е косата толку мрсна?
Сабајле, 6:58, влагам во зградата кај што сум на работа. Сонлива и успана, го собирам чадорот и го тресам за да нема многу вода од дождот. За секунда време ми се лизнаа двете нозе, почнаа да шизат и јас се најдов на земја. Ама како тресна, плус и дека чадор со мене, а холот празен, ко се створи едно ехо, чиниш слон паднал, лифтот се откачил. Набрзина станав и правец горе, да не ме види никој. Мислам дека портирот ме виде, ама се напарави на три ипол. So me.
epa neznam dali e ova glupost ama vcera ja otvoriv masinata za alista a ne bese zavrsena i poplava napraviv.neznam sto mi se uvrte u glava taka si ja otvoriv bog da cuva)
Се качив во 9ка, место во 5ка и така после неколку станици, сфатив во кој автобус сум влезена, па фино лепо си се симнав на Битпазар. И од таму си шпартав до пред Веро, за да кога стигнав до таму ми ја затворат вратата пред нос. И што да се прави, си продолжив ја да си пешачам до дома.
Се засопнав на едни големи скали, ама појма немам како, нешто бев замислена. Имаше од лево обезбедување и плус уште 2-3, јас полека си одам, ко на камен да се сопнав, ќе летнев со фацата во некоа скала. Среќа се свеснав, се вртам демек "незгодни скаливе" и една фаца ваква и џом да ме нема.
Повратив во автобусот кога патував 3 саати за Скопје. На оваа возраст Греој... Премногу беше рано, јас ненаспиена и нејадена.
Во автобус. Јас седев на оние единечнине столчиња, a позади мене човек. Ама човеков на нивоу, се спружил, нозете му дошле до моето седиште. И јас нормално, немам очи на грбот, за да видам каде му се нозете... Како што станав, од прва му ја потрефив, и му ја згмечив ногата. Ааа, па не сум крива. Автобусот е за седење, а не за лежење. Реков само во себе: Упс, извини... Дали ме чу, негово е.
На час македонски: Збореше наставничката за глаголи нешто и случајно го спомна глаголот „скина“, и ја како од топ „Наставничке може реченица: Јас не сум скината, нели (и со една ваква фаца )“ и она ми вика „Твој проблем си е дали си или не си“ (глупо и падна). На пресоблекувална на физичко ја на хеланки и боди нели кога се пресоблекував, е ама најдов еден балон и почнав да го мавам низ пресоблекувална да тресам г‘з и нозе. Оно вратата да ти била отворена и машките поминувале баш Сега пред 2 минути. Мајка ми рече дека ќе излегува за на работа, а во собата на баба и дедо имало некој човек. И слушам ја тропа врата и се дерам „Чао мамче, убаво да си поминеш“ и оно човекот од кај баба и дедо да испаднал и ми вика „Ајде чао“. Среќа не ме виде, добро ја горе сум
Додека припремав антицелулитна маска ,ми се здрви и ја разблажив со вода и после не фати како што треба. Понекогаш кога сакам се да излезе совршено испаѓам тежок дебил.
Мајка ми ми вели донеси ми ги ножиците. И и го носам огледалото. Ме гледа вака и ми вели:Абе ножици ти реков. И и викам добро. Се вратив и погодете што донесов:нож. Тогаш стана и самата си зеде.
Земав да си правам чај и нели ставив вода,се,се тргнав од кујна и седнав пред компјутер.И за едно 10 минути одам во кујна мислејќи дека чајот е готов,а кога гледам јас не ни сум го уклучила шпоретот
Ептен јако си ја ѕвекнав главата во висачите во кујна. Мислам дека си ја дупнав главата. Мислам дека да беше некој до мене, ќе почнав да им се дерам, зашто ставале висачи во кујна, и зошто се поставени на толку ниско.