седеме 4ца во еден ред [на последна клупа] и проф. по латински му вика на тој што седи до мене ајде кажи ми глагол и менувај го во 6те падежи.... и на овој не му текнува....мисли....мисли..... и тој што седи до него да му помогне му вика: кажи книга.....книга бе!!! АБЕ КАЖИ КНИГААА!!!
Еден наставник на час тресеше нешто, вакви сте, онакви сте.. И после на одмор ја почнавме со другарките да прајме муабет за него, вакв бил, онаков бил, и се вртимее: тој околу 20 метрос од нас, ко му ја летнавме, неам поим дали не чул али важно сеа си имаме страв од него и на истиот тој наставник на час го грабнав за рака зашто ќе паднев, ОМГ се задржав за негооо
HAHAHHAHAHAAHA лелеле ја прочитав се посрав и онака dafuq и после пак прочитав и фиуууу ХАХХАХА уште тоа ти фалело
хахахахаххаххаха... ме пресмеа да си жива и то како беше изведено филмски, си одам стокмена, насмеана горда со главата горе со другарка ми за рака.. и бам на сред кафич... патос
Последната глупост ми се случи вчера.Ми се јавија од оне дека телефонот ми стигнал од сервис, и одам јас да го земам и таму гужви се чека ред.Застанувам на другиот шалтер кој што не работеше да ги извадам документите за телефонот и буричкам буричкам низ чанта и едно време оп ги најдов вадење со сета сила и оп летна нешто ,летање во прозор и под биро се сокри и велм на другарка ми ми летна нешто од чанта шо ми вели незнаам и велам и се смееме се наведнувам под биро ко ке видам мојата влошка летнала од чанта и велам вака и вака влошката ми летна како бе ми вели ете така летна се наведнува таа вистина влошката летнала и фативме да се смееме двете вработените бидејки имаа премногу работа не погледнаа чудно со прашалници,а некои од лугето што чекаа се поднасмејаа ама јас сепак мислам дека никој не виде што ми летна бидејки летна со брзината на светлината ако не се наведнев да видам ни јас немаше да знам
Последната глупост ми се случи пред малку. Ги земав маслинките од фрижидер,беа во кофичка и капакот не бил затворен.Ја фатив кофичката за рачката и капакот ми остана во рака,а маслинките на земја.
Вчера се враќам од тренинг, последна се преоблекувам и излегувам да си одам дома. Тренерот заклучува, а јас си останувам по патики. Си одам накај дома по патики, а чизмите во ранец.
Влегов во туш-кабина со се чорапи и влечки за по дома. Ладно ми беше. Се шалам, заборавив дека ми се облечени.
Седам со мајка ми навечер околу 00:30 и пред тоа ми течеше крв од нос. Седиме така јас барам што да гледаме на телевизор и од еднаш се загледав во ноктите видов дека имам крв и го оставив далечинското. Ја гледам мајка ми ме гледа зачудено и викам:Што е? Кога видов на телевизор сум оставила TV1000.Браво многу сум паметна
Па од пред 2-3 недели беше глупосва. Имавме сок од портокал од Вива 2л купено со цимерката и ни беше ставен во фрижидер. И јас демек ќе пијам го извадив и го оставив малку да се излади за да не биде толку ладен, а и требаше да ни иде една другарка на гости, па таман и нејзе да и туриме. И си го оставив на рингла на шпорет(зошто кујничето ни е мало и дека шпоретот е одма до фрижидер, изгледа таму ми било најлесно ) и после некое време ајде ќе варам вода за нескафе да пиеме. И сум го приклучила шпоретот на ринглата кај што е ставен сокот(а на таа рингла не вариме вода) кога почна да мириса, и одма ми текна и се стрчав и го фатив, сокот беше одоздола црн, среќа не се направи оган, па го измивме малку, сокот го претуривме во друго шише и отворивме да се излуфтира просторијата зошто мирисаше на загорено После сокот си беше топол
Фатив јас за прв пат шпагети да варам без мајка ми .Ставив тоа водата да врие и прво пред да ја ставам водата ставив сол во тенџерето да ми биде посолено де . И се сварија што се сварија ги пробувам ич не солени , си велам што е работава ова не е дома мене до шпагетите е , и ги искарав едно убаво .Па ајде ставав сол врз шпагетите , па после многу солено ми дојде , па си дотурав шпагети да ми биди таман абре си се изнамачив додека да ги погодам
Вчера. Сум земала чаша вода, и учев во кревет. Арно ама, при еден мал не промислен потег, ми се истури цела чаша. Ај ако не друго, врз на сестра ми креветот истурив. Остај тоа, него и на пижамите истурив, си бев како помочкана. А пред недела-две, си лепев вештачки нокти со брз лепак... Го фатив некако мобилниот, и тоа копчето што е во средина за напред-назад, цело го залепив. Како мрднат беше телефонот, клика што сака и како сака. Па земав чечкалица и игла, и сум земала во веце, плачам и го одлепувам копчето.
На часот по математика денеска , го извадив полначот и во штекерот до мене го ставив телефонот да ми се полни а меѓувреме ме вади наставникот на табла да решавам задача и беше што беше ја решив задачата ,( кога излегував на табла телефонот го ставив на столчето) .И се враќам јас на место и заборавив дека ми е телефонот на столчето и го наседнав А за бељата во истиот момент ми стигна порака (телефонот на вебрации ми беше ставен) И ми завибрира задникот па коа срипав цикајќи од столот , цел клас во мене гледа , со се наставникот
Истурив вино врз лап топ на другар кој имаше роденден , а музиката од лап топот ја пушташе и се изгаси Потоа со фен го дуваше и накрај беше ок
Бевме со другарките на пица и си седиме, си се расположуваме, Саботно попладне и си зборуваме.Ја изедуваме пицата, занесени во разговорот си стануваме и си одиме а заборавивме на платиме .Кога си отишла една од другарките која живее најблиско се сетила на тоа и се вратила да плати и келнерот и екол знаев дека ќе заборавите многу бевте внесени во разговорот