Ги испоџиткав сите бодија зошто те ми беа тесни, те нешто им фалеше, те ми беа излитени. И сега во меѓупериод, не си купив, и еве, се јави мочниот меур и почна да кенка. Среќа имам едно црно и едно бело останати, па некако да се сочувам Не е толку глупост колку лоша карма, ех!
Пред некој ден ми падна копчето на фармерките, ама беше од оние металните како нитни што се. А мене ми требаа баш тие фармерки. И јас ни 5 ни 6, задов уфо лепак и го залепив. Ми траеше дури траеше и после некој ден со истите фармерки одам на лекар. На сред улица ми падна копчето... Умрев од срам. Не се наведнав да го земам, а видов кај падна. И отидов до на лекар држејки ги фармерките. Се вратив некако дома и сега одам кај шијачката да ми намести друго убаво копче. И го гледа, некако чудно и е и ми вика: Абе ангелче, овде нешто чудно има? И јас: Аха, ам го лепев со течен лепак и има останато тука. Замале жената од смеење, среќа роднина ми е, да беше друга ќе се стопев ко шеќер од срам.
Најтазе глупоста што ја направив е во недела со другарките се враќаме од кафе мафе ова она а на патот кон дома стои секогаш едно комбе со скршени стакла но задното стакло беше цело и што ќе правиме земај сите по еден камен и ќе го кршиме задното стакло една другарка фрли поголем камен и еве ти го човекот сопственикот на комбето истрча по нас да не фати и сите ние шпринт бегајќи, а нема каде да се скриеме а тој на цел глас се дере фатете ги фатете ги но во целата несреќа и среќа му побегнавме на човекот уфффф си велам девојки на наша возраст чуваат деца а ние кршиме комбиња
Имав јод во шприц, ама малце и се стврднал, и ја со цел памет земав повлеков во тоа хидроген.. И го оставив демек да се исчисти. И гледам после тоа станало тоа црвено. И ја глупава, си играм со него, и наеднаш кога шприцна.. Баш ко крвав дожд! Завесата ми беше цела со капки, косата ми се испозалепи, а ја па се смеам, ко ненормална некоја. А си мислам, да беше мајка ми тука немаше да ми биде до смеење. И се качив на биро па бришев завеса, па се бришев самата себе, па тастатурата.. п.с. За чудо нема ништо на завесата, изгледа до материјалот е.
Ова ми се случи пред некое време не е последната глупост ја многу ги имам ама така најголем срам ми бесе.Понекогас одам кај една комсика да и го чувам детето бејбиситерка изигравам,тоа бесе пред некој месец.Отидов кај неа ме викна зената ке излегувала со некои пријателки па отидов малку порано да има време да се среди .со детето (мало е две години) во скут си седам во дневна зената у купатило се спрема и викам ај ќе си пустам тв ми почна серијата.Незнам кај страпнав кога одеднас почнува ПОРНО ај на друга програма не бе за зива глава не се исклучува тоа да ти било некаква си папка и немозам да сменам леле ке пукнев додека се трудев неусетно да сменам ко нисто да не било влегуваат во тој момент пријателките на зената а јас ко некој манијак со детето в скут и порно на тв не да умрев од срам се побркав објаснувајќи сто се случи а они се смеат упорно е никогас вака не ми било
Си го испив утринското кафе и тргнав да го однесам филџанот за миење. И дали дека нерасонета или дека го држев филџанот под чуден агол (тоа ќе да е), немам појма како го екнав од sид и ми остана само рачката во рака!
Koга бевме на екскурзија во Прага шетавме по продавници за да си купиме нешто нели за успомен да ни остане , не се оди секој ден ..едно укравче беше прескапо и се ценкав со продавачот да ми намали малце бидејќи се знае ако не се ценкаш немој ни да очекуваш дека ќе добиеш нешто ...не сакаше да ми попушти па му окарав на мој јазик ..и тоа се по список , се што ми дојде на памет . потоа се смеев како ненормална и ми ја симна цената за 8 евра ... којзнае што ме има разбрано , битно си поминав со помалку
Па веќе има извесен период како си користам сода за интимна хигиена повремено-во консултација со гинеколог секако ,па зборував за тоа со колешка ми. Јас си ја растварав во посебен сад дури и име му дадов Одмивалко . Кога пред некој ден колешка ми ми вели зошто да се мачам со растворање кога таа фино-лепо содата на дланка,малку вода па убрзана постапка. И ај велам и јас да пробам, .Тап содата на дланка и печење од пХ околу 4 сигурно на пХ 14 отидов. Па и кога ми текна како оваа содава е карбонатна сол,како и варовникот и составен дел на цементот си реков си го соѕидав јас ентрансот ,туку како што нема и кандидат со слободна пропусница такозвани гратис ќе си имам сталактити и сталагмити, .Е,па кога сакаш како жабата да креваш нога за потковување-тоа ти е.
епа последната глупост ја направив пред 10мин имам мал брат и цел ден си игра надвор и постојано ми ѕвони на врата, тропа и јас се трчам да видам кој е и така пак некој чука на вратата од дневната и јас се издерувам МРШШ и влегува соседката брука
Вчера кај 10ипол навечер одејќи по Партизанска ми се откопча градникот од позади и другарка ми земала ми го мести на сред пешачки мислев ќе биде секунда работа-.- а ја на мене кошула,џемперче на копчиња, капутче.. и после се тргнавме настрана-.- Ова е повеќе последниот срам што ви се случил
Пред некој ден татко ми ми вика татко ми:ете Кенди пари оди купи сок, Јас: тато каков сок да земам? татко ми: па не знам земи Синалко а од другата соба дедо ми ми вика: Кенди мене ми се пие газоза! ... И јас таква што ги слушав и двајцата идам во продавница и на продавачката и давам парите и и велам јас: Дај ми еден Синалко газоза и продавачката ме гледа таква целата со фацка а јас пак ниту око да ми трепне си чекам и продавачката ми вика продавачката: девојче земи си ете онаму во тој фрижидер е Синалкото.. И дури кога видов дека едно момче во продавницата што чекаше ред позади мене се смее ми текна што глупост треснав.Си зема Кенди сок и засрамено си излезе од продавничката
Од каде да почнам Мој читав живот је велика глупост...Се заљубив во погрешен човек , повторно.Од прва не би се сметало за грешка , ама оваа постојано се повторува. Друга глупост , најпресна..спиев со ептен погрешен човек.Аман веќе неможам да се поднесам себеси.Пишано ми е ова во црн тефтер, ќе горам во пеколот тој заедно со мене , несмеевме знам.Понекогаш "моментот" е посилен од разумот , но за дотичниот "момент" несмеев да дозволам да надвладее.Нормален човек би нашол начин да ископа самоконтрола колку и да му се сака. Лошо е Стронгер лошо е ! До каде вака.. p.s. вечер озбилно 2 пати ќе размислам дали да влезам во црква.Моето присуство таму може да предизвика масовно гасење на свеќите
Во сред дискотека ми се извади машничката од кондурите, па влегов во тоалет и ја залепив со... мастика.
Па, ова е прилично голема глупост, ми донесе една убава ,,премија,, - лонгета. Фино лепо си се симнував по скалите, си бев со патичиња... иии... промашување на една скала, ајде тркале бале до доле. Барем со штикли да бев, ќе речев, ете од штиклите е. Вака немам кого да обвинам, Глупост број 2 - влегов да се бањам, и ја натопив лонгетата афкорс. Па ја сушев со фен, ја цедев, ја впивав водата, абе чуда и правев. Џисас Крајст! Глупост број 3 - се заглавив на столот пред глупиов компјутер и не можам да станам сама. Размислувам каков еленски скок треба да изведам за да можам -безболно- да се префрлам на креветот. Не ми е лесно, ама ич.
ne ti e lesno, se gleda..... а моја најголема глупост (последна) е тоа што останав без веѓи....а знаете зошто? бидејќи ги избричив
Вчера во дискотеката во гужва сум рекла на другарка ми на симпатијата (мислејки дека и зборувам нејзе): Мории Еленаа на овој твојон ______ (<-- неговото име) до мене му се дига на русокосава стриптизета............ А за повече да бидам резил ми вели: Епа види ја како се натртила... ПЕЗА СВЕТСКА!
Вчера паднав во нива!!! Имав романтична прошетка и нешто се закачавме и се лизнав и овој да ме задржи ... двајцата паднавме и тркалајќи испадна дека завршивме во нива...
живеам на село блиску до магистрала и колите шишаат ко ненормални....и завчера одев во продавница и огромен шлепер помина и се крена прашина и некако се занишав па паднав во ендекот на комшиите, празен беше, ама едни тројца замалеа од смеење ...