Бев малце под дејство на алкохол и ме изнервира дечко ми, ми одеше против и фрлив со чантата и наместо дечкоми, го манав таксистот. Ни крив, ни должен си јаде ќотек човекот.
Уф.. Си заглавив мала лажичка на горната вилица. Е ајде де.. Ете и тоа било можно... Ми падна шеќерот, немаше ништо благо па си реков: Ај да си земам една лажичка Нутела. Колку-толку ќе си ја смирам желбата за благо. Нели кога ќе ја вшмукаме лажичката, се создава вакуум?! Епа така и јас си направив вакуум и лажичката ми остана горе заглавена. Панично викав по љубениов и си помислив: Готово, останав без заби сега. Само што го викнав, се потресов и помислив така, успеав лажичката да ја извадам. Боже каква бев, со лажица заглавена на непцето горе.. Ц ц ц ц.. . Прв пат ми се случи вакво нешто, а ќе биде и последен пат. Веќе не ја вшмукувам така лажичката. Не, не..
Си сварив кафе со сол Ќе ја убијам цимерката што во кутијата за шекер, ставила сол. Па ЗАХАР пишувашее бее
Се потскаравме нешто со него и јас лута и пишам порака на другарка ми: Toj e ѓубре, невоспитан, како може така да ми рече, ваков е таков е, и што уште не, и во лутина место на другарка ми пораката му ја пратив на него После 5 минути ми стигнува порака: Фала Многу
идеме кај постарите кумови и само од врата да ги поздравиме на брзање бевме. Напочетокот не се поздравивме и збори она и после да си идеме и ми подава рака а се поздравиме и вика Чао а ја пак и викаm Здравоо ама среќе не ме слушна хахах
Неодамна ставив лак за коса под мишки ако се сеќавате. Денес чекам гости, и се облеков, блуза волнена.Си правам коса пред огледало, и со чешелот успат да сум закачила витлер , и витлерот да ми се закачи под мишка на волнената блуза. Доаѓаат гостите, јас здраво здраво. И чичко ми -Што ќе мотиш таму под мишка девојко?
Си го учукав/ѕвекнав/шибнав малиот прст, во бирото. Ама оној потечениот. И сега ме пржиии. Ѕврцките ми ги извадии. Мало бабурче ми е, уште само да ми се наполни со ориз и месо, и таман полнето пиперче. Како што бев возбудена за ракометов, ракометарите и топката ги видов у пижами, со се` судијата. Овој ден, дефинитивно ќе го запаметам.
Ја потурнав чашката со какао и ми се истури на тепихот. Замаскирав, така што ставив мали перничиња на местото на злосторот и си седнав врз нив. Е што - снајди се, па живеј.
наместо да си го земам мојот мобилен од маса јас си го земав на дечко ми и си излегов среќа што примети
Грицкам нокти многуууууууууууу , и сега малку ми се пораснати (милиметарски) за да може да ми стават вештачки утре неможам да траам сакам да гризам и си ги излепив прво со ханзапласт потоа со селотејп и така !!!
Не дека е последната глупост што ја направив, малце поодамна ми се случи ова.. Сакав да и објавам еден линк на другарка ми на фејсбук (мислам беше линк од некоја си слика, така нешто) и наместо кај неа на ѕид кај мене сум го закачила и уште си имав напишано just for you... брукииии .... и не дека кратко време си остана постов, си преспа на мојот ѕид....
Последниов месец два, јадев по 2 кила мандарини дневно, буквално. Последица е тоа што сега околу устата и носот имам жолтило, а особено на стапалата и дланките. Што е најтрагично, мајка ми мислеше дека е жолтица, па ме однесе во клиника, ми земаа крв и мокрача. Оф леле. Мандарини.
Му ја лајкнав сликата Си реков,зашто јас прва да лајкнувам,он мене ми лајкнал нешто? -Не. И кога си од телефон и кога ти се смрзнати рацете така е. Стискаш и што сакаш и што неќеш. После цели три саати уствари приметив каква глупост сум направила откако ми се јави другарка ми. Ама касно е,веќе видел.
На училиште на голем одмор одам јас да купам јадење и пред пекара полно машки и таму беше тој што го свиѓав тогаш и јас излегување од пекарата и ја шутнав корпата што стоеше надвор, сите ми се смееја. Брукииииии, имав среќа што корпата беше празна па не се избрукав толку .
Не сум расположена за пишување многу, бидејќи не држи столчето во моментов. Сакав само да споделам дека ваква трапавица и неписменоќа кога е во прашање препишување, не постои. Ама денес кога му ја седнав, не телефон, не книги, не листови, партал направив. ПАРТАЛ! Асистентот во очи ме гледа, јас гајле немам, си пишувам Епа и јас да почуватвувам студентска мака и возбуда. Рацеве мислам ми ослабеа од потење, ама битно све препишав. Има за положување и со јака оцена. I am done. Сега уште да ме благослови професорот . Имаше смешен момент кога сите околу мене ме гледаат јас опремена како специјалец во војна. Таа позади се нагледа финти во препишување. На крај си оди и ме гледа со поглед What are you. :geek:
по природа сум таква што денот без глпости што сама кје ги направам не ми поминува не за џабе ме викаат блесава инаку пре едно 30 минути ја фарбав мајками и замислете во смесата со боите го истурив и лосион за после миење па најмногу настрада татко ми човекот во 9 и 30 отиде да бара фарба за коса
по грешка ставив сол во кафето...ми викаа одамна не сум варела кафе ии ете го резултатот...ама среќа на време сфатив што направив и после варев друго кафе
Требаше нешто да и нацртам на сестра ми, со туш. Ај првиот пат, готово сè-цакум пакум. Ќе чекам да се исуши, па ќе го избришам моливот, да не се познава. И „се изначекав“... Уште не беше суво, јас почнав со гумата... И го зашмрљав цел лист. Ајде од почеток. Пак цртај, пак со туш... Ама овој пат, не сум ја избришала раката и направив цел печат врз листот. И така сега, чекам нов блок, по трет пат да почнам да го цртам истиот цртеж.