Идам во веро во гтц да купам торта, и викам на продавачката:Ако може тортава да ја купам(и покажувам која), и и викам ЦЕЛА.?? Е не бе,две парчиња ке ми исече цццц
Во понеделникот со школскиве дека оддамна не сме се виделе и се размуабетивме, што има ново, што како. Додека муабетевме, една другарка ми вика: - Еј па ни Нова година не си честитавме ни ништо, никако да се видиме. И јас на тоа: -Па добро де, затоа сега се`во едно. И почнувам да си набројувам онака ко на шала: - Среќна Нова година, Христос се роди... Е сега моментов немаше да биде дотолку трагичен, ако девојчево не беше муслиманка. Кога сфатив отпосле што кажав. Се покрив.
хахах ме потсети на нешто: бевме на дипломска со моите и брат ми и на одење се испраќаме со домаќините и татко ми се фали еве синот положи ова она и тие му честитаат нека е со среќа и му подаваат рака , а тој малку под дејство на алкохол место фала вика здраво ххх го буткам и му викам фала бе кажи не здраво
Не е последна, ама Е голема. Пред околу 2 месеци со другарки седнавме во еден кафич и порачавме вино.. се напраивме летви ! И договорени бевме да одиме во дискотека, па викам ај почекајте да одам до wc да се средам. И ај отидов, се враќам, сите ме гледат и се виткаат од смеење. Јас се чудам шо е работава, оно типката си завлекла со штиклата тоалетна... Ми идеше во земја да пропаднам сите ме видоа.. од тогаш таму немам стапнато
Аах, ќутии, немам веќе жолтило на лице, ама затоа рацете, како да сум ги мачкала со жолта боја. Страст кон мандарини беше тоа...
Понеделник-Се качував по скалите во двокатен. Кога се качував, автобусот беше стопиран и таман дојдов при крај, почна да вози. Се слупав онака лево-десно. Малце фалеше да се опрчам. Вторник-Исто во двокатен. Дојде време, да се спремам, за да излезам. Јас седев до прозорот, а до мене имаше една девојка. И реков: Може да станам? Девојчето стана, а јас не знам како успеав, десната нога, ја заглавив помеѓу седишата, уште малку па ќе ми одлеташе патиката. Битно на крајот, не паднав. Среда-Пак во двокатен. Пак седев до крајот, до прозорот. Пак некој седеше до мене. Реков: Може да станам? И во тој момент, станав, се лупнав од таванот, се фатив за глава и пак си седнав. Денес-Кога се симнав од автобус, врнеше. И ај демек, да убрзам да не ја наврнам главата, затоа што бев пеглана. И таман стигнав пред школо, имаше еден како набабрен бетон, се сопнав, ќе се утепав за малце. Ете така, јас секој ден, си правам вакви ситни глупости.
Си бегаме со другарките од кафич петок вечер и се качуваме во првото такси. Му кажуваме на таксистот улицатa ''Петре Петрески број 30 '' крајна дестинација демек. И тој зема то и му пренесува на базата Петре Петрески 76 крајно. И јас го гледам Му викам 30 ви рековме. Ми враќа еден поглед ''Чупе колата ми е број 76 '' Извинете Се гордеам .
На сабајлечки. Барав стегач, во веце. И така се распретав, што алиштата што беа на машината, сите ги бутнав од позади. Ми се стемни кога видов. Едвај ги извадив, па уште кога ги видов сите со прашина... морав да ги ставам за перење. Среќа што беа мои. Да беа на сестра ми...
^ ќути не сум сама, нешо ептен шантраво сабајлево...не садови кршење, па тресев чаршав па од раце ми падна, па ајде симнувај се доле да го земеш, цело прво кафе ми се истури, за малку ќе одев во продавница со пола пижама на мене, за нокте спречив да пратам порака на погрешен бр (да биде уште полошо наменета за мм) ...денов да земеш да го упуцаш...
носев блуза една цела е со дупчиња и нормално под неа ролка...ама..од што многу ми се спиеше не сум забележала и сум ја облекла ролката наопаку.....дури кога стигнав во школо сфатив зошто толку ме боцкало нешто (етикетата)....
Се возев во приватен автобус... И нели кога се отвораат вратите, има една шипка меѓу нив, за држење раце? Е овоа доле што е, лево под црвеното кругче... И јас да не го видам... Си ја исчукав ногата, машко да бев... Немаше убаво да ми се пишува.
Една девојка му дала коментар на мојот дечко а јас пак и давам фид бек на фб еј не ми се допаѓа твојот коменатар. Сега се осекам како болно љубоморна ама отиде веќе
Пишувам мислење и го испраќам си сметам јас дека си е во СДК и отварам гледам се љубовни пораки. Што ова работата се љубовни драми... Гладам мислењето во Што би му кажале... Нека си стои
si oslabnav nadevajki se deka ke mi e ubavo i od 64kg se vrativ na 50 i koga se ivdov u ogledalo ne licam na nisto
Ова од завчера. Имаше останато маалецко парченце торта во фрижидер, незнам што торта беше, не беше баш она тирамису..ама од таквите...што се мрда.. и го ставам во тацниче, идам накај дневна, незнам што направив, некако нагло се свртев да затворам врата, тортичево флааај туу д скаааај, флааај туу д реинбоууу (скорпионс) незнам како, ама така летна во небо, и едно големо пљас на земја толку беше смешен моментот..незнам стварно како летна така ама тоа е... it wasn't my fault I swear
Кога се враќав од школо едни деца шутнаа топка накај мене а мене топката ме удри по глава Така ме здоболе што не знаев што правам ја земав и така ја рогнав шо после не можеа да си ја најдат Ме изнавреѓаа а ја си поминав што ми е гајле за топката они мене први ме удрија
Епа вака За неколку дена и е роденден на една другарка и јас и најдобрата другарка решивме заедно да и купиме нешто. Ни текна да ја викнеме другаркава и да ја прашаме што сака да и купиме. И кога ни кажа што сака ние: девојчето си посака така поскапо поклонче ама и ние сме криви што ја прашавме И сега нема што ќе мораме да и го купиме
Денес бев изгубен случај. Некако се погоди, од сабајле кога искочив од дома, да треба да заклучам. И јас готово, 2 минути пред да ми тргне автобусот, си облекувам патики, заклучувам, го забутав негде клучот во ташната, почнав да се симнувам по скали и ми текна дека ја заборавив јакната. Ајде рикверц. Барај клуч, отклучи-заклучи. И само што излегов од влезот, ми текна дека ја заборавив опремата физичко. Ајде пак назад. Отклучи-заклучи. И немаше да биде толку глупаво, ако во меѓувреме не сретнав комшии, за да ме замуабетат. И во школо, ние сме на втор кат, а физичко салата, ни е надвор. Само што ни заврши часот и само што стигнав до училница, ми текна дека јакната ја заборавив во соблекувална. И цело време денес само по скали марширам.