Вчера во аптека, ми рекоа да земам апчиња на ленти а јас и викам : "Апчињава ги давате на парче? и таа: " Само на ленти" .. епа добро дај ми. Е дури отпосле кога сфатив што реков
Не ја направив јас туку ми ја направија. Бев да си заменам ланче во продавница и и објаснувам на прподавачката дека тесно ми ланчето, не ми влегува на вратот и си одбирам друго. И викам ај за секој случај да го пробам да не испадне пак да го враќам и она ми вика абе не се сеќирај ќе ти влезе и кога сфати што ми рече, кога почна да се смее и јас по неа ама она ептен, многу и стана незгодно среќа немаше никој во продавницата.
У тек на бањање главата ја измив со гел за туширање , а телото со лосион за чистење шминка. Заклучок: Љубовта не само што боли, туку и пече.
Пред некој ден си сварив турско кафе и така жешко уште си викам ај нека се олади на маса малку, ја легната со лап топот у скут, коа загледана во монитор ја утнав масата и се потурив со врело кафе и креветот си го напраив лом. хаха сеа ми е смешно ама ме здоболе во моментот
Ауу.. Ми ѕвонеше телефонот,а таков повик нели не се испушта :geek: И така ми ѕвони,а јас зафатена во рацете.И како,како да се јавам,ај со јазик. Со јазикот се јавив бе.Среќа тачот не го расипав.
Ми ѕвони татко ми, а јас на депилација појдена, да ја измазнам Дилајла Му спуштив. Фраеров упорен, ми ѕвони пак. Ај си велам Крени му, зашто нема да се откаже. Еј тато, кажи. - Кај си бе Мацо? Еве излезена сум. - Кај си излезена? ...и во тој момент ме имате мене со едно гласно А!, а веднаш потоа татко ми со: - Мацо, шо ми се дериш мори? Тато, ај во гужва сум, не те слушам ништо, ќе те барам после. Тато, одличен тајминг
Јас се лакирам лаптопот на масичка оставен уклучен фб чекав важна информација и гледам ми свирка фб чатот и од пуста мрза да се испрам прицкав со ногата ама глушецот не ми детектира мрдање на материјал(дознав вчера)си го слеков чорапот и си продолжив
Се враќам од факултет, така фино лепо, дење, сонце, топличко... :geek: Па бев да купам зелка во еден маркет, и си влегов во друг да докупам уште нешто. Си ја ставив зелката таму кај што се оставаат работите купени од надвор, ово оно, се загледав таму по житарици, па кафиња, еее, едно ли е, си стасав на каса, си платив и си испаднав. Идам дома, лаптоп, ово оно, па муабети... 20тина минути си седам, онака рандом. Стигнува на цимерката сестра и со зелче, и и викам дека џабе купувала и јас купив една, има салата. Ме гледаат и двете вака - . Викам да да, купив... И по една секунда ми текна кај е зелчето. Фино лепо, си стоеше во тоа кај што го оставив во супермаркетот. Прво помислив да го оставам таму, срам ми беше да влезам после пола саат, ама тајно и шпиунски влегов, го џапнав и излегов. Абе не е лесно со еден памет.
Рече дека ВМРО го сочинувале багра сељаци , неписмени ....јас сум 7 години член таму.И го поддржувам Груески , срцка ми е Му се јавив на еден пријател и го замолив да ме зачлени во СДСМ.Ќе му ја покажам партиската книшка.На ниво на општината штабот од вмро е .... -за жал...тоа е. Пријателов жив се испорадува а јас сето тоа го правам за НЕГО да му покажам дека не сум дел од тие што ги нарекува сељачишта и неписмени, ама ако !!
вчера кога си одев накај дома во 22ката ,дека нели вторник, една бабичка се качила со намера на битпазар да оди....и ме прашува дали оди 22ка на битпазар...а јас фино лепо и одговорив дека поминува таму.....
Mi doaga mustrija vo prodavnica i bara bluza za deteto velic 8,a jas pred nego ja prasuvam kolesk.imame 8 ili da go ubedam 10 da kupit.
Вчера или завчера, си се опрчив на скалите во школо. Оние надворешнине. А како што врнеше, што убаво си шљупнав... убаини.
Лелеее.. во „Што денеска за десерт“ коментирав „Шпагети..“ не видов дека е за десерт - не за ручек, а гледам сите чоколатки ставаат, ова она, а јас
Сабајлинава кога одев по леб го забележав "чичко Љубе" и не знам од кај ми текна на цел глас се издерив за да ме приметит и тој. му мавтам да застанит па го изгушкав и го прашвам кај сте чичко Љубе ве немат, шо прајте, како сте подома?? Чоеков нешо чудно ме гледаше и конечно сватив дек тоа всушност не е нашиот чичко Љубе туку некој чоек шо личит на него хахаха бруки живи!
Која будала излегува надвор, на ова време со кратки ракави? Јас! Ми рекоа да пречекам на автобуска, за да ми дадат нешто благичко. И одма на Батко Ѓорѓиев (иако не знам кој е тој), му светнаа очите. Со цел памет, излезе со кратки ракави на автобуска. Сите со капути, само јас се кријам. Си викам во себе: Елена, ќути, благичко ќе си јадеш. Ма какви, ни парното на Цацко што го рекламира околу врат, не ме топли.
Се предозирав со Стрепсилс Сестра ми болна,и дадоа да лиже..си мислам јас обични бомбончиња,кога тоа на 3-4 часа по едно се земало. Фала богу што не завршив на токсикологија,ама желудников ме убива.
hahaha кога одговарав по македонски јазик зборував тивко и професорката ме препрашуваше што кажав..и ми се смачи да ме прашува и и реков "што да ти правам кога си глува" хахахахах и ми пиша 1
Слушалката за телефон брц! право во шолјата со кафе! И после ќе ми се слушало како во тунел. Е ќе се слуша-ша-ша-ша-ша.....