Ми текнаа некој глупости што сум ги правела кога сум била по мала... Еднаш и го фрлив чоколадото на сестра ми бидејќи не ми се допаѓаше а бидејќи и бев многу љубоморна еднаш и го земав телефонот и за да не го најде го ставив во кантата за одпадоци.. Spoiler а пред некој ден си стоевме сите другари и другарки во училницата и си правевме нешто муабет и јас само силно велам лелеее колку сексилаво, а не сум забележала дека наставничката е до мене знам јас да си правам глупости позната сум по тоа во училиштето
Денес имав слична ситуација како на Жика и Милан:Пријатељу пази на јаја Незнам кој од двајцата бев по што не се сеќавам кој ги наседна јајцата .
Денес седев на тераса и пиев кафе едно време гледам поминува еден дечко онака висок, црн и јас мислев дека е другар ми и за да не викам му мавнав рака гледам дечкото не рагира и си помислив дека нешто пак ми е лут . Упорно мавам рака и дечкото ме примети и се насмевна, си велам добро е.. ама..кога се доближи имав што да видам, тоа не бил другар ми, само некој кој многу личи на него
Последната глупост... Варев кафе за мене и за другарка ми. Го оставив на шпоретот, се замуабетивме и нормално - претече. Тоа малку што остана го истурив во мијалникот. Ставив ново кафе да се вари. Се свари и ајде да го турам во филџаните, ама јас пренесена кој знај каде го турив кафето, ама пак во мијалникот . Изгубена скроз. И ајде по трет пат варев кафе.
Наместо шампон, млеко за тело си ставив на косата! Се нервирав дека не ми прави пена, ама сфатив после Исто паковање ми имаат
И уште ја правам. Наместо да седнам и повторам за утрешниот испит, јас гардероба пробувам низ дома и договарам друштво за во City Mall. Ах, туго.
Најново, од пред неколку дена. Машината за садови ни се расипа, па после неколкуте неуспешни обиди за поправање, татко ми рече ќе викаме мајстор. Е сега не ми кажа кога ќе го вика. 9 негаде беше сабајлето, станувам јас, знаев дека мајка ми беше да пазарува, влегувам во дневна, татко ми е во кујна, и слушам затварање на влезна врата. И кој може да биде ако не мајка ми, нели? И јас едно викање мамооооооооо, и веќе следната секунда, рандом човек се појавува пред мене, ја ваква тоа мајсторот излегол пред врата да земе алатите (татко ми го пратил), и баш у тој момент го начекав.. и јас, извинете, мислев мајка ми е а овој, ниту се насмеа ниту рече нешто.. немутур еден арно што влегов во дневна средена иначе можеше поголеми бруки да паднат... па кажи бе тато
Дојде комшикава постара женичка, неможела да си го направив часовникот на телефонот.. зедов го напраив и занесена во фемина и го подавам телефонот и наместо повели и велам фала
Во алкохолизирана состојба, намесно од кафиќ дома, отидов пред гимназијана, и ја пцуев и ја прашував глупости. Да да училиштето
Зборам со пријателка (Турчинка) по телефон, и уз муабет и велам: Eee забораив јас.. ајде Христос Воскресна Ко ми текна што лупнав
Вчера игравме дома фудбал со татко ми. Ама со оние леснине топки што се... Јас ја зарогав, она лупна во лустерот и директива по венецијанките. Тука се јави мајка ми: - Пазете, венецијанките. Очигледно не го видела лустерот.
Оф леле сеа коа ми текна што сум направила пак се смеам : - Патиките наместо да ги ставам во плакарот каде што им е место,јас фино лепо си отворив фрижидер си ги ставив таму и си отидов во соба. Можете ли да ја замислите реакцијата на мајка ми А шта чеш еден памет - каде попрво
За Велигден ајде со татко ми излеговме да прошетаме по роднини, ќеф му било. И ајде јас се дотерав, шетаме, и како што не сум баш по религијава си претпочитав само “Здраво, како сте“ да велам. И во пет наврати си реков ајде да кажам нешто за празников, од тие пет, три пати реков “Христос се роди“ а луѓево мртви ладни и тие “Вистина се роди“ и во цел празник два пати реков “Христос Воскресе“. Е тоа ти е .... Ми се смееше цела фамилија....
со најдобриот другар збориме -She is my mom. -She is my son. и кога ми текна што сум кажала прснав од смеење