пред некој месец така забрзана требаше едно ливче добитно и да ги земам парите од кладилница,и дечко ми ми рече оди во моцарт оти таму беше уплатено и јас брзав и се очукав во спорт лајф со ливчето во рака испружено лелеее коа стигнав измеѓу вратата за надвор и шанкот и таа од шанкот ме гледа и коа ми текна само си се свртев и да ме нема, резил
Сабајле, кога станав уште тогаш одлучив дека откако ќе се вратам од работа ќе јадам макарони. И така цел ден си ги мислев ама кога се вратив дома сфатив дека всушност дома немам макарони. А у пмс-ов тешка мрза сум, не ми се мрда од кревет а не пак да се спуштам до продавница на ова спарно време. И решена јас нели да јадам тестенини земав и си сварив фиде за во супа, тоа целото се распадна на мали парчиња ама упорна јас, ќе го јадам. И си ставив кечап и сиренце, јадев со огромна лажица затоа што нема теорија фиде да јадам со вилушка. И не беше ни убаво ни вкусно ама пуста мрза, што да се прави.
Омилените балетанки ми направија рани на нозете и си ги скрив со цел да ми поминат раните и пак да си ги носам. Талентот јас не знам каде си ги ставив и сега ми ги нема. Цел стан го пребарав ама ги нема, ко земјата да ги проголтала.
леле ко ке се сетам што напрајв хихихи... бевме седнати со другарка во сендвичара и му велам донеси хамбургер за мене..и келнеров велит моментално немаме помфрит испржено дали ке може да почекате или ви се брза...и му реков ако неможе хамбургер донесете ми француски тост PS: францускиот тост е со салама, кашкавал и ПОМФРИТ ахахахха
Од што ми стана досадно,земав сама по дома да си пеам "нек се угодее" на некој си штипски дијалект.Ама грмотевициве ми кварат ритам,shame on them
Не е последна. Јас и сестра ми имаме исти мобилни телефони. И нормално јас, смотаницата... сум го земала мобилниот на сестра ми, за во школо. И јас така си се возам во автобус, и слушам дека нечиј телефон ѕвони. Не е мојот-друга музика има. И ѕвони, и ѕвони, и ѕвони... кога гледам-нешто ми дрма во џеб. Гледам-мојот телефон. - Абе, мојот не ѕвони вака! И ни на крај памет, да приметам дека не е мојот. Се јавувам на телефонот, и јас слушам сестра ми: - Мори, смотано! Мојот телефон си ми го земала, твојот е дома!
нашколо зборувавме нешто за дечкоми со другарки ме прашуваја како ми било за карактери зборувавме нешто... и јас викам ами нема врска колку години има машкото има му викам дечкоми другар па само ја изневерува девојката и овие сите ии таја знај? јас му велам не ами и таја кажува триста муабети дека со шиптари имала клипчиња а тука беше едно девојче босанка ко ми текна шо зборувам и викам извини ама стварно е така ајде де да се мувала ама клипчиња .. и ова мртва ладна ми вика ништо... па уште другата другарка вика е ако де таја не е шиптарка босанка е... ilent:
Уфффффффффф...Кога ќе помислам што направив... Седам дома по кратка сукња и немав што да правам,си земав пенкало и на ногата почнав да си цртам куче .Да,да,куче.Ама кучево беше од глуждот,па нагоре,и беше прилично големко и дебелко . И сега наредниов ден излегов,и одам низ трговски и гледам сите во мојата нога гледаат .Си викам,бре,до што е,до фустанот ли,до балетанките ли...И се вртам скроз позади и што да видам...Кучето стои .Леле кога видов,со трчање до аптека да купам влажни марамици,за да се избришам. ....................................
од што сум напната деновиве од екстерново, пред да влезе професорката на час, јас станувам и пред сите од клас: РАКЕ ПУКЕ,РАКЕ ШЛАКЕ...,а во тој момент влегува професоркава и ме гледа со подотворена уста. Тоа е.
Си ставив сол и веѓета врз маргаринот, па намачкав мармалад и земав да јадам. На последното залче ми текна што направив.
Со преселувањето сум ги земала и останатите кондоми и лубрикантот од дурекс и така во гужвата се најдоа на натказната до креветот од мојата соба дома. Ај ке беше се во ред да не прашаше мајка ми ‘‘ Што е ова во шишенцево?‘‘ и мојот одговор ‘‘ Силиконски капки за коса‘‘ Ама касно таа веке прочита дека е нешто од дурекс и двете бевме вакви која од која поцрвена ко велигденски јајца што не знаат на каде да погледнат од срам
Ги носев внуците во продавница да си купат нешто (3 и 6 години) и им велам ајде земете шо сакате а тие така загледани мислејки дека тоа се мастиќи сакаа да си земат по едно кутивче кондоми (стоеа на касата) а јас од срам скаменета го гледам продавачот,тој пука од смеење, им ги зимам кутивчињата ги вракам им зедов по еден чипс и чур да ме нема... Седиме со другарки во кафич, ни го носи келнерот кафето и по некое време гледам дека вода не ми донел, го викнав и му реков ‘‘ добро ти нели знаеш дека со кафето иде и вода‘‘ а тој ми вика ‘‘ее па кај го пишува тоа‘‘ и јас, па у мојта тетратка .... Еднаш му порачувам ТОПЛО макијато со ТРИ КОЦКИ МРАЗ (сите околу ме гледаа зачудено а со келнерот си стоиме на здраво, тој знаеше дека се заебавам)
Направив цело видео од 15 минути за еден типичен женски ден, па го гледав на забрзана снимка, и баш ми беше интересно.
Последната глупост беше за 3ти Мај. Јас и другарками си го продолживме одморот и вечерта на трети слеговме до на плажа, арно ама оти немаше никој ај викаме ќе купиме некоја пијачка ќе се будалиме. За среќа или за малер ни се јавија едни другарчиња и ни кажаа дека и тие ќе идат па и тие прикупиле пијачка. Вечерта кај еден од другарите се' шо беше пијачка се испи па и' припаднавме на раќијата се напрајвме тенеќиња и на крај повраќајнците ги бришевме со гаќи чорапи маици...оти немавме ништо при рака. Цела вечер спиевме со отворена врата оти смрдеше, а сабајлето кај шо беа чорапите ова она шо бришевме се беше мушичка до мушичка..
Другар ми ми вели Д: Многуу убава си денес. Јас незнам како го слушнав дека кажа „улава“ и си доби една После кога сватив што направив му велам фала... а тој целиот во прашалници wtf
Цела кутија со обетки, ми се растури врз компјутерот. И сега играм скриен предмет. Една обетка позади компјутер, една кај каблите, една во фиока, една кај принтерот... ај, имам уште 2 распар, уште тие да ги најдам.
Денеска реков на дечко ми за вечера да му сварам макарони и го земам тенџерото и викам ајде да му ставам зејтин доле за да не изгорат при варањето. И земав да ставам, кога гледам наместо зејтин јас сум ставила оцет, а веќе и вода му ставив среќа што приметив бидејќи ми замириса на оцет, инаку ќе си јадеше дечко ми кисели макарони
Бев во центар со брат ми и нешто зборевме ова-она и јас се изнервирав и му го фрлив телефонот во контињер и сите околу мене и така