ихухихух баш се изнасмеав навистина страшно хахаха на сите ви се изнасмеав .. Spoiler моите глупости нека останат во тајна
на другарками на фб и пишав Е утре во девет да тргнеме биди кај мене во пет до осум (1 сат да ме чека предврата ххаха) и таа ми викат ај прочитаја уште еднаш реченицава и јас коа е читам си паѓам од смеа
Опседната сум периодов со бубачкиве и мислам дека се насекаде околу мене и седејќи во соба навечер со изгаснато светло гледам нешто на тепихот црно и викам ајде да ја убијам бубачкава. И така фино и лепо ја земав тепалката за муви пошо таа ми се најде при рака и удрив по црното и што да видам, сум мавала по лушпа од црн сончоглед која паднала таму вечерва бидејќи заборавив дека мајка ми прееска јадеше сончоглед
влегувам во диско и одам по скалите,кога здогледав 1 убава девојка и се заѕверив во неа а не видов дека има уште 1 скала и се сопнав , таа слатко ми се изнасмеа ... потоа кога си дојдов дома и пишав на фб. и велам "срцка за тебе сите скали ке ги срамнам со земја " и таа ми удри блок на фб....
Од досада, си го офарбав ноктот на левата рака, со водоотпорен маркер. Каков и да е. Не се вади со ништо. Пробав со шампон, прашак, сапун... И така си имам сега црн нокт.
Го гледам професорот на улица преку ден беше и викам Добро вечер...А професорот ми вика ти се стемни како ме виде? А како мала сум отишла во една трафика да купам некој весник и сум видела кондом и сум ја прашала продавачката....Што е тоа? А жената ми рекла тоа не е за тебе
Ептен сум заспана Наместо сунѓерот за капење јас ја зедов четката за заби со неа ќе се триев Нема позаспано чупиште
Паднав од хулахоп... т.е хулахопот ми падна на земја и јас таква залитана да го земам, паднав... трагичното беше тоа што другарка ми се помоча од смеење. кои дебили сме ејјј
ми се јавува еден човек вчера така постар звучеше и ме прашува како сум,што сум,и му викам а кој е на телефон и ми вели еден обожавател и ептен ме збуни викам постар човек а обожавател и некако глупо ми дојде ептен и му викам извинете не можам да разговарам сега и ми вика молам?и земав му исклучив,и после гледам дека со истиот број сум разговарала 4 минути на 31 мај и што е најтрагично неможам да се сетам со кој сум разговарала а и не ми е во именикот бројот запишан,можеби е бил некој роднина ама кој му е крив што ми се претставува така
Сабајлево си правам и наместо шеќер си ставив сол.Секогаш првата голтка ми е најубава и онака со уживање и затворени очи си пивнувам и го исплукав цело кафе и лом се направив на пижамите.
Вчера си легнав во 4 и нешто, и како и обично досадно неможам да заспијам и буричкам по моб. како демек нешто интересно има ,и барам по имеников бројчина а знам дека немам кредит за џвонење 2 денари и 50 дени и сега гледам број во имеников некој појма немам од кого потпишан Некој.И си реков ај ке му пишам кој си ти ? -,- ахха и поракава се испраќа неможев да ја спречам брука се прати се мислев како можи со 2 денари бе аман.-. и прееска ми се јави тој му се извинив па се запознавне ми рече сега дека пак ке ми се јавел џабестер бил хухауах. А пред тоа него да му пишам мислев на оние од Оне да му пишам не ги лажете лугето за милонер ! Ете така сега си останав со 0 денари
вчера, седиме така со брат ми во дневната и одеднаш ѕвони домашниот. и, се јавува брат ми и таа му вика од таму: добар ден, ја бараме таа и таа и барт ми ми го дава телефонот и ми вика бараат некоја али ти преправај се дека си таа. И јас, ок. И и викам: да, повелете? И оваа: вие сте таа и таа? И јас: Да, кажете. и почна оваа да збори за некои градежни и архитетски работи. И така си зборевме за тие градежни и архитетски работи. Ко божем се разбирам нешто. И, женава навлезе во некои работи кои јас првпат ги слушам. И и викам: Ве молам, извинете, ми искрсна една многу важна работа. И и спуштив.
Кај мене владеаат глупостите во задно време. Скоро секое трето кафе го варам или со сол,или ставам само вода па чекам пола саат да се подигне,а водата извријува. Потоа си уклучувам машини за перење само на центрифуга ,и си чекам по 2 саата да испери. Одам по кромид се враќам со лук. Абе џоа тинејџерче сум.
Ми се свитка ногата и паднав во диско !! Ама пројде многу брзо.Имав среќа што не ме видоа многу луѓе,бидејки ова беше експрес станување од земја.
Си одам прееска со дечко ми и така гушнати му велам: - Ееее злато бе, колку убаво газенце имаш, само за штипкање ти е! И само одеднаш кревам глава и гледам еден човек си седи на терасата Набрзина поминавме, па си се изнасмеавме.
Пинав ѓубре! Мајка ми испукала пуканки но тие со сирење. Јас тие не ги сакам и ми се гадни И влегувам во кујна видов пуканки и веднаш си зедов. Кога ги пробав исплукав се во мијалникот и се вртам како улава барам сок. И забележав Кока-Кола уште многу малку останало. Ни са погледнам ни ништо веднаш отворив и почнав да пијам.Кога осетив бљаак!! Фрлање и шише и се. Всушност мајка ми си ставала маст што не и требало, пепел, стапчиња од сладолед а јас како мува без глава си се напив. Леле потоа 2 пати ги мив забите и јазикот.Уффф Сама себе ќе си се отрујам