Си ја одрав кожата, со чешел бе. Не знам како успеав да го заринкам чешелот во показалецот. И крв ми течеше ко лудо. Ко малецко базенче да имам, само уште да го наполнам со вода... Додуша повеќе личи на река. Дугачка, ама длабока. Кој талент сум бе, еј! Па уште прееска со ацетон го допрев. ИЗГОР!
Си играм фудбал на улица и поминуваат на брат ми другарите и јас сега важна да се направам,ја шутнав топката и отиде во пиперките на комшијата,и тој стар е не слушна ништо,чекав 20 минути да влезе внатре за јас да влезам да го земам фудбалот
Наместо со гел за туширање, јас со шампонот за коса се избањав. Уф, дури одкога се избањав ми текна дека уствари гелот за туширање не ми мириса така. Па ај пак се бањав, некако шубе ми беше со шампонот...
ме мрзеше кабелот од правосмукалката од штекер да го извадам и го повлеков од далеку и го извадив со се штекерот. Сега штекерот виси на ѕидот.
Седевме на тераса кај комшијава, станав да си одам и си ја земав и чашата со мене и на пола ат ми текна, се вратив и ја оставив, се изнасмеавме
на излегување шутнав случајно чаша со лактот и како што беше полна со пијалок на некој од друштвото и плесна на земја и стакло стана насекаде и сите ииииииии а јас бев тргната да одам некаде и само набрзина забегав и ги оставив да се чудат и повеке не се вратив на масата
Правејки си нес кафе ми сопре машинката и јас упорна да видам што е работата уклучи исклучи да правам и одденаш почна да работи и лом ме направи си кафе за Алекче
Си ја заборавив папката со книга на шалтер каде што се вадат билети. Девојката во автобусот што седна до мене ми кажа дека си ја заборавив и брзо трчанката до шалтер да си ја земам, сите што чекаа ред ме гледаа вака смешки
За рок од 10 минути: Скршив чаша Го извалкав новиот чаршаф со чоколадно млеко Соборив пола пакетче шпагети на земја
истурив ufo лепак на прекривачот...па и не може да се избрише...ццц готова сум......... ова од пред околу 1 месец.... во последно време со другарките си викавме "че" наместо "ќе" и дојде време за писмена по македонски јазик...во брзање не сум ни забележала (сепак е многу малку време за толкав фонд на зборови) и сум напишала "че одат" ...... ми се изнасмеа професорката, бруки ццц
Во мојата чаша со сок 7Up не ми ни текна дека е сок, си ставив вода и онака убаво се залетав да се напијам
Во пицеријава кај шо работам идат полицајци да јадат и едниот ми порачува ХОТ дог и јас му викам а со шо сакате хаххаха и ми вика ајде 1:0 за тебе хаххаха а мене муабетов ми беше дали со или без кашкавал битно е дека се посмеавме малку
Xаџа сама си смеам на случкава разговарав со еден комшија и наместо тетка Mаре за која зборувавм јас реков чичко Mаре ,се збунив скроз.