На масава во дневна стојат управувачот за телевизорот и мојот мобилен.И додека занесено гледа Евровизија 2011 дојде мојот фаворит - Словенија.Во тој момент сакав да го појачам гласот арно ама наместо управувачот сум го земала мобилниот.И притискам,притискам ама не бива.Си викам што ли му е сега.Кога да видам-што ќе видам. Си се изнасмеав слатко
Глупост...Секој ден нова глупост.. Денес глупост што направив истурив вода(несакаејки) врз главата на бабами ке ме убиеше
Глупост од вчера... Некаде во приквечерните часови си дојде мм од работа и одма излегоа со ќерка ми да ја прошета, а старците не беа дома.. Си останав сама и викам е сега ќе си пијам едно раат кафе. Пред да одам накај кујна скршнав накај тоалетот да си завршам работа и го запалив светлото.. Во меѓувреме ми прошиша една фикс идеја -а прво да го ставам кафето да се вари , додека сум во тоалет, ќе се свари. И така го стаив кафето на плинско, одам накај тоалет и гледам запалено светло, а тоа кај дома е знак за зафатено и викам-е кој ми се бутна сега... онака нервозно ТаленАт бе...забораив дека сум сама дома
И го собрав пасвордот на фејс на другарка ми за да ѕирнам што се дешава со профилот на бившиот (го избацив од кај мене пред месец ипол ако не и повеќе зашто ми беше неподносливо да глеам како објавува работи што ме ваѓаат од такт).... И така фино лепо си влагав едно 3-4 дена, од линкови што ставал до кој лајк му штракал, се буквално се си видов! иако лошото е што фејсбукот како страна е страшно заразна и преоѓа во навика, така да ми дојде памет и и реков на другаркава да си го смени пас. зашто веќе штетно ми делува и се осеќам како 10г. клинка и дали од глупоста излезе нешто добро? ахам, истиот лузер си останал од кога го запознав така да сум си задоволна веќе и неам потреба да се информирам што се дешава со него - изгледан филм.
Влегов во слаткарница да си земам сладолед ама келнерот малку ме шмека и од страм гледав што побрзо да излезам, дадов пари ми вратија кусур додека друг ми ставаше сладолед зедов кусурот и се вртам накај врата да си одам. Ми се изнасмеа цела слаткарница, пропаднав во земја...
Не знам дали го имам ова напишано, ама сега се смеевме со сестра ми, па се потсетив. Ние двете на факс, ама планот ни беше да шетаме. И почна да роси ама ај викаме ќе престане. И така тргнавме преку чаршија за накај Центар кога почна да истура. Со трчање отидов да купам чадор и имаше само еден. Го земав, го платив, ни да погледнам каков е. Го отварам послето гледам детски чадор, плус машки имаше фудбалски топки низ него. По две минути престана да врне, јас си купив друг чадор, а овој на внук ми му го дадов.
Ова ми е најјака глупост што сум ја направила живеев значи со фамилија,се грижев за нивните деца и дојде другарка ми да ме посети.Бевме излезени и се вративме касно и многу бевме гладни.Јас викам варени јајца ми се јадат и они обично си вареа чај такашто ке ја стават чашата наполнета со вода во микро и после 2 минути зоврива и си ставаш кесичка нели и јас викам ке ставам вода во една поголема чаша и ке ги ставам јајцата внатре.Сите спијат иначе и наеднаш БРРРРРРРАУУУУУУУУУУУ,ЕКСПЛОЗИЈА,ЦЕЛО МААЛО МИСЛАМ ЕКНА се отвори и микро и се,јајца на сите страни летнаа,се разбудија сите,јас во земја се закопав... мајката рече ова како некој лабораториски експеримент,барем знаеме сега што ке се случи ако ставиш јајца во микро хаххаа умрев од срам
И мене ми се има истово десено, само што јас си бев сама дома...така да немаше кој да ми се смее додека ги чистев остатоците разлетани насекаде
Пред саат ипол можеби и два излегов со најдобрата другарка и се прошетавме.Застанавме на една пиљара [или како и да се вика тоа] да си купиме сончоглед [и јас неможам да одбиам и со неа одев] и една постара жена вика оди ми купи цигари Родео тврдо оти сум изморена [се гледаше дека е изморена,пот од неа течеше,по облеката ми изгледаше како да била претходно на нива].И ми дава пари и одам до продавница.Зимам родео тврдо и се враќам.И и подавам велејќи "Повелете".И ко попарена скокна.И вика "Абре девојко,не такви бре!Мене ми требаат Родео силвер тврдо".И јас "еб*ниот пушач голем" ич не разбирам од цигари и целовреме "Извинете извинете" и она вика "Ќе ги разменам де".Леле у земја ми идеше да пропаднам.А јас нафурана цела,со суќничка кратка,со корсетче,со штикли,нашминкана абре фуфа цела и ќе идам цигари некому да купувам абре И накрај да се зачини сето ова ми се скрши штиклата пред најмалку 30 луѓе
Па ништо особено,ама се усрамив...побарав сино ама да е циклама боја маиче...ме гледаше чудно продавачката,а јас упорно се обидував да и објаснам какво е тоа сино циклама,знаете она што ни сино ни зелено,чудно,има и накит таков и си викам у себе,као може да не знае бе,глупа жена и на крај,уште и шкрапам со прстите пред фаца и и викам тиркиииииз беее...да,ми се изнасмеа поштено!
Си купив Gоsh Giant Sun Powder, уште залепена и нечепната, ми падна, се истркала, се распука Ќе си пукнам од мака готово
Лелеее што ми се задеси мене никогаш нема да се помирам со глупоста што ја направив.Бев кај еден другар на роденден и така лепо и фино си зедов си се запив малку, и оттука ајде ќе одиме во B2 беше Жаре Бербер и ние така со другарките скоцкани, одиме со едни типци на ВИП сепарината горе кај бината кај што пееше Жаре и јас така поднапијана слегувајќи по скали на бина се плеснав се сопнав на жиците од микрофонот и паднав на бина и ме виде цела дискотека + си ја скршив штиклата,а тоа беше кога излегувавме од дискотеката и одиме во кола кај еден од типците да не носат накај дома кога на другарка ми и се пријаде чоколадо и мене ме натераја во бензиска да влезам да земам чоколадо аааа WTF ??? И така си кривев си куцкав низ цела бензиска и продавачот ми се изнамеа аааа брукиии A друга глупост што ја направив што буквално пропаднав во земја беше кога еден зимски ден излегов со еден тип на кафе во центар и јас се туфкав се пуфкав што да носам и ај реков ќе носам туника и хеланки.Арно ама од кога излегов и влеговме во кафичот видов дека хеланките ми се скинале долу и дека ми се гледаат и нагоре почнаа да се параат, лелееееее реков срамотаааа и така одиме со типот накај колата и јас се наведував цело време да ги местам хеланките и со ташната сокривав и ми вика тој што ти е зошто подзастануваш викам ме боли ногата полека одам лелеееее добро е што не забележа или пак можда забележа
Гледам сега во актуелно пишано во Поддршка за сите они кои сакаат..... и не го ни дочитувам, пошто мозоков ми го прифаќа, како оние кои сакаат да ослабат и викам да читнам што пишале девојките и гледам коментарот дека денеска и е од плодните денови и се газам од смеење пред компјутер, викам хахах девојкава сакала да напише ваљда овошни денови ахахах ден за плодови, ова испаѓа ко да е за забременување.. и тргунавам дури и коментар да напишам, кога и гледам у коментарот онака, ми боде очи ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ некаде кон средината и викам јао, на погрешно место си жабо I'm an idiot
изедов одеднаш родео сладолед-ванила со јагода(ме фати криза за благо) се смеев ко зелена, и уште се смеам-причина непозната
Мене мн. пати ми се има случено да земам кусур, а тоа што сум го купила да ми остане у продавница. Не е последна, ама глупост е. Бевме на одмор, и се возевме со едно ко мини автобус.. И јас носев една торба со пешкири, мобилни, слушалки, креми.. све и свешто.. И само излегуваме од тоа, и стигаме на плажа и сестра ми ми вика: Еј, абе каде ти е торбата? И ја само се вратам како мува без глава: Ејјј, па каде е? Добро е што до нас имаше србин, па кажал дека е наша торбата (а да беше некој од кај нас..) И само требаше да платиме карта за да влеземе и да си ја земеме торбата. Оваа ми е уште постара.. Моите отидоа на гробишта, само ја и сестра ми дома.. И јас бев јадена, а сестра ми не. И она си отвара Аргета, и се изече. И тече крв ептен. И она плаче- ја плачам, плачи она плачам ја, она плаче- плачам ја. И после ми се искинаа од смеење. Порано во детската соба како што влегуваш (нели десно има врата) лево регал (сандак). И моите нешто кречеа ли незнам точно.. И ме викнаа да им донесам нешто. И јас таква затрчана, се лупам у врата (десно) па у регал (лево) и на земја (доле) паууууу. Лелее ми се изнасмеаа.