Пробав тесто за палачинки Една пријателка на мајка ми и кажала дека она си го пиела така убаво и било, и ја нема да бидам јас ако не пробам........... одвратно!
Кога бевме на одмор,навративме до Космос.И сега,нели,се шетаме,ова она кога се слуша нешто Бааап. И јас се вртам да видам,мало девојченце се лупнало во оние големи,правоаголни,каде што или се рекламира некоја продавница или има мапа на тој кат.Јас така загледана,со главата свртена назад,одам,не гледам пред мене,и само да се завртам со главата трааас,се лупнав во исто такво,право со фаца во него Будала,наместо да си гледам пред мене... Еве ме сега со џумкава на чело.
Еве сега само што ми текна една глупост Ова беше во јуни кога со другарка ми решивме да одиме во слаткарница па и нарачавме палачинки Арно нарачавме што нарачавме ама палачинкиве полни со еурокрем па и внатре ЦЕЛА банана ставена барем да ја исецкале на делови си јадиме шо си јадиме туку приметивме сите нешто чудно ме гледаат јас онаква фаца напрајв и си продолжив да јадам а се правевме незнам што важни девојки хаха доаѓа келнеров ме гледа така зачудена ја нишо стануваме и си шетаме така низ чаршија влегувавме во бутици разгледувавме ма сегде отидовме кога појдовме во една уличка кај што нема многу луѓе случајно ме причеша ногата па кога се фатиф преку бермуди да се чешнам коа гледам нешо кафено на бермудиве срцеф удар ќе добиев коа гледам бермудите со еурокрем леле тогаш ми текна што се случувало со луѓето што ме гледале таква па купувавме шише вода отидовме таму блиску имаше едно игралиште ама за среќа немаше никој тогаш .. ако не ја потрошив цела вода за да се исчистам па таму дремевме ко ненормални за да се исушам да не ми се познава :lol : али ништо ми остана флека :// а денеска пак со другарка ми (друга) одевме на могила и низ една тесна уличка одвај се снајдовме али се снајдовме почнав да и раскажувам за еден сон за симпатијата и погрешка ми се испушти името па сеа ако ми го дознај кој е леле мајко Ахахаха ми текна на уште нешто Еднаш на училиште кога имавме физичко правевме стој на раце и наставникот не придржуваше леле ко дојдов јас на ред дека сум висока ко се размафтав со нозете ко го акнав наставнико по нос си реков а готово остана овој без нос па кај се вцрвенив до уши си добив гратис дерење од наставнико па и му напрајв виц на овие од одд абе резили и то му реков дека не можам да напрам тој ајдее нема неможам, е ете ти ко ме тераш Ахахаха ми текна на уште нешто Еднаш на училиште кога имавме физичко правевме стој на раце и наставникот не придржуваше леле ко дојдов јас на ред дека сум висока ко се размафтав со нозете ко го акнав наставнико по нос си реков а готово остана овој без нос па кај се вцрвенив до уши си добив гратис дерење од наставнико па и му напрајв виц на овие од одд абе резили и то му реков дека не можам да напрам тој ајдее нема неможам, е ете ти ко ме тераш Edit: само што направив глупост (омг цел живот ми е глупост : D ) пред 30 минути отприлика со еден другар се шетавме низ маало а мртва темница :worried : и ај свртивме еден круг, леле на едно место имаше автомобил а внатре цигани абе од памет ме извади овај другаров се дери цело маало че го кренеше на нозе ми вика пинки бегааај цигании и ние трчање пред една кола че не изгазеше па на крај се испокаравме со едно детиште кои дебили еј
Иначе, глупост, ехеееееее Мама ме прати да ги симнам садовите доле кај баба ми, а до доле треба да се симнам по едно 30 скали И се затрчав јас со садовите така по скалите(мислејќи дека добро ги владеам ) се засопнав и отидоа и садови и се. Ептен мислам дека ги владеам скалите. Ајде поздрав.
идам до продавница, купив што требаше, си одам така по пат и коа гледам кесите сум ги заборавила ах бе иви иви, веќе во таа продавница нема влегување..
хахах овде припаѓам.. идеме за хрватска и јас таква цела занесена возбудена стигнувам на српска граница и се дерам стигнавме во хрватска стигнавме во хрватска...и саканиот ме влече ме тепа и ми вика даркче на српска граница сме... и ништо таква возбудена посрамотена си седнав и до хрватска уста не отворив
Во Загреб со брат ми бевме во нешто како трговски центар, само помало на 4 ката знам дека беше и нормално последниот кат ни беше омилен зошто имаше една играчка стаорец, ама направена толку оригинална што кога ја гледаш ти идат морници и да викнеп иуууу тргни го грозно ееее... Брат ми случајно го здогледа и ми го покажа мене и јас добив една луда идеја... стаорецот ќе го ставиме на подот и ќе чекаме некој да се испаничи... и така си поминуваат 15 минути и поминува една мајка со дете... тоа малечко беше и поминува покрај местото каде што го ставивме стаорчето и со прстето покажува накај него... се врти мајката и вика иууу па па шта је то... хахахахаххаха јас и брат ми се изнасмеавме
Ќе правев торта, и пошто сакав се да ми биде по мерка, отидов во продавница и место 250 грама шеќер, јас побарав 250 грама јајца, а внатре преполно беше
Испазарував добро,полни корпи,и кога стасав до касата..Ohh mу God,новчаникот сум го заборавила.Сакав да пропаднам во земја.Од тогаш,немам влезено во таа продавница,од срам.
Одам низ маркет со полна корпа и викам ај да поминам уште низ овој рафт и право на каса,арно ама имаше малкуцка гужва и ја да се пробијам некако до касата (да фатам ред ) слушам само нешто трасс,се вртам и гледам сум бутнала една тегла цвекло.Целата тегла распарчена на сите страни распрскано црвено од тоа течноста,а доле на подот Охридско езеро во црвена боја. Дојде брзо една од вработените и почна да брише,ја прашав дали треба да го платам,ми рече не требало платив и џом да ме нема.
Искочив од базен со мокра коса,надвор врне истура на облак а ја со чадорот??!!! Луѓево ме гледаат и реакцијава им беше као девојче чадоров малце да не ти пропушта? хаха
Spoiler исто,неможам ни да клекнам ни да се свиткам Бев до продавница си платив се и си излегов со кусурот во рака и веќе до пола пат продавачката вика девојчее а зелкатааа и си се вратив со трчање од пола пат да ја земам,луѓето ме гледаа ко одвеана некоја да сум
Баба ми дојде на гости и ми побара вода.И јас наполнив вода што наполнив и на баба ми празна чаша и донесов.Па уште повели нано и викам И после и донесов асална чаша и да со вода. Глупа си Голден,глупа!
Пред некој ден... возење кола + пиење лименка скопско 0.5l. Минимум 500€ заштедив на казни. Тоа е тоа... младост лудост. Wе'll keep riding.
Ми побараа предлог за машко име, и јас таква бев весела и треснав Бастијан ( ми текна на Швајнстајгер) и им се допадна и сакаат така да го крстат детето, а јас на шала дека дента Баерн играше леле
Со дечко ми денес бевме до Сити Мол, да си купи патики.. Носеше зелена блуза, знам дека беше до мене и дека заедно разгледувавме модели, па земав една патика и за да му ја покажам му викам види ја оваа (и чекам да ја земе свртена накај останатите модели) го буцкам за да ја додржи да земам друг модел, абе ко што немам осет мислам дека му ја избушив половината со прстот. И наеднаш се вртам и позади мене сасвим друг тип со иста боја (зелена) блуза, ми вика се гледа дека си упорна по природа Умрев од срам, му реков извини, се надевам нема да имаш модрици и фрлив поглед у далечини да го најдам дечко ми.. Тој сасвим на друг крај, си гледа заљубенко во сите модели, а јас пустата едвај се движам си го преџвакувам настанот одново и одново. И сега кога ќе ми текне си викам среќа што баш тој тип ми се погоди, иначе да беше некој друг може после второто буцкање ќе ми удреше бокс и ќе ми ја напикаше патиката во уста Бруко моја..