Прееска купив чоколадо, и јас имам обичај го отварам кај корпата за ѓубре и наместо да го фрлам хартивчето во корпата јас го фрлив чоколадото и така си останав со празни раце
Нели новиве автобуски некои имаат стакла од страните,некои немаат. Епа јас ги начекав тие што имаат,и без да видам убаво се удрив во стаклото,пред толпа луѓе кои чекаа автобус.Им го продолжив животот на сите таму,се изнасмеаа рано посабајле. Зини земјо голтни ме-тоа го сакав.
Вчера сама дома и работев, едно време се здрвив седејќи и станав, пуштив музика најгласно и почнав да пеам и да се вртам низ собава вртејќи се погледнав накај вратата и се здрвив најдбриот другар на Брат ми стоеше таму и се смееше .. сакав да си умрам верувајте и како малку да беше тоа ставив гравче да се вари и нормално го изгорев
Читајќи низ темава, си се изнасмеав едно слатко. Имам и јас повеќе глупости изнапраено, ама сега ми текна на две само: Иде другарка ми кај мене дома да ја лакирам, и јас така си цртам таму на ноктите нејзини, црниот лак шо го користев кој ми беше и нов цел беше полн, сум го ставила на телевизорот и наеднаш да го земам од таму ко ми се испушти од раката и траас на земјата на ламинатот . Се распрска на секаде и да биде уште полошо лакот црн, ламинатот од оние посветлите бои што се И уште додека беше свежо го избришав и го истрив убаво со салфетки и влажни марамици. Друго ова поодамна беше како помала кога бев на гости кај вујко ми со целото мое семејство.Со вујко ми излеговме во дворот и тој со цревото прскаше надвор и јас да се најдам на работа одам по него и му досаѓам, пусти мерак и јас сакам да прскам. Ми го даде ај цревото и јас си прскам и наеднаш заборавив дека и вујко ми беше таму,јас како да се завртам на друга страна да испрскам и цревото исправено убаво и човекот утоп го напрајв. Освежување со ладна вода
Преги отидов до кујната да си земам чаша со вода, и отворив фриждерот, го земав шишето со вода, го отворив шкафчето ( не е шкафче ама незнам како да го кажам, мислам на тие што се ставаат горе ву кујните ) земав една чаша и ја наполнив чашата со вода. И така ја фино лепо ја вратив чашата со вода во фрижидерот и го земав шишето со мене Кога стигнав во дневната видов што сум направила
Се возев во автобус. И ми заѕвони мобилниот. Се јавив. Другарка ми беше. Јас кажи нешто, она потпрашај ме. Ич не ме слушаше убаво. А јас ја слушав перфектно. Прекинуваме со разговор, го погледнувам мобилниот. На СПИКЕР ми бил! Затоа она ме слушала мутно, а јас толку чисто. И сфатив дека цел автобус не` слушал. Па добро... бидна.
Ова беше одамна, малечка бев. Јас, сестра ми и другарка од улица си игравме кај мене у влез. И нешто се изнервирав, се качив на горните скали, видов дека има вреќа со компири до вратата и почнав да ја гаѓам другарката Таа таква преплашена ми вика да престанам ама јас не, упорна. Сеа ми е многу жал за неа Некој од страна да го гледал тоа сигурно ќе си помислел коа ќе пораснам ќе станам најголема психопатка во маало
Сабајле бев во продавница купвав нешто за дома и меѓудругото и јајца,и доаѓам дома и почнувам да ги редам во фрижидер и ми останаа во кутивчето 3 јајца и наместо да го ставам на работната маса ја ги фрлам на теписон Катастрофаа
^^ И јас така би рекла, ама последната мора да е една. Иначе, јас вчера истурив сок од цреша или боровница, што и да беше... Битно беше црвен. Среќа па истурив на стакло, арно не ми се пролеа на теписонот. Оти после тоа, црно ми се пише.
сакав да си ставам чај,и си реков ќе го стоплам во микро-печката,и оп празна чаша сум ставила без вода ,добро е што чашата не пукна
Си седиме со дечко ми пред 30 минути, и јас станав да одам до ВЦ На 3 чекори од вратата ме викна дечко ми, стреси некоја глупост и ми вика ПАЗИ Не пазам-му реков, и се треснав од вратата колку што ме држи глава За крај влезе внук ми затрчан, и си добив уште една по гз од вратата Кутрото дете, виде дека сум нервозна, и како ништо да не било си излезе Си добив една од дечко ми, а си доби и тој една
Доаѓаат луѓе и си прават муабет на англиски нешто...и почнав и јас така. И човеков ми вика -Ми странци... Го гледам и почнувам на српски - Ааа па разумем ја српски шта хочете... А вовие се гледаат и си полнуваат на руски да си зборат или некој сличен јазик. Јас збунета па уште викам- Ааа не разумем ја руски. На крај сите збунети а останатите паѓаат од смеење на моиве глупости.
сакам да кажам сега си купив таблет од анхоч пред 1 месец аинол од 7000 сега е поефтин и мн си го сакав ама ми падна во вц отидов да се бањам и да го наместам ми се лизна од раце и ми падна леле човече повише не сум плачела се утепав од плачење има линија попречно и мн ми жал сега цел екран е со точки и ништо не се гледа дали знаете што може да се направи и колку пари е? фала ви однапрет поздаф
Пследната глупост ми беше Епик Фејл. Вчера кога отдов во тоалет си го заборавив телефонот во заден џеб од фармерките (предниот ми е многу мал и неможам да го покнам таму). Соблекувам фармерките и слушам: „Чклуп!“ Се вртам и гледам нешто црно. Се загледав поубаво и кога гледам телефонот ми бил тоа! Имав среќа што ми беше домашна шољата и не бев во јавно ВЦ. И уште поголема глупост ми беше што не го исушив него веднаш го уклучив и се уклучи! Но, сега си е супер и си работи како ништо да не било... Мојот луд телефон! Spoiler Иначе е Водафон Смарт 2.
Епа мојата глупост е следнава, Море не глупост за смеење,туку жал да ти падни, Си излегов од веце во фамозниот кафич,каде сите се познаваме. од менаџер обезбедување до келнер. И јас цела среќна весела самоуверена,си мислам господ за мади*а сум го фатила. Излегувам надвор на цигара,си лафам со сите, си причам,си шеткам си флертувам. Не за друго кога сум "магаре направена" сум многу речива. Во суштина сум била голема будала.што од веце излегла со бодито кое и висело над тексасните пантолончина ...