На мајка ми и велам, мамо ај посакај ми мирно да си јадам и таа ме гледна така чудно :? и кога сватив што кажавв
Бев до продавница,и таму продавачката ми вели: Кај е таткоти? И јас:Епа дома. И сваќам дека не зборела на мене туку на нејзиниот син,почнаа да се смеаат сите во продавницата а јас умрев од срам
Јас сум нова да напоменам на форумов Значи бев негде 3 годинки и поминуваше старо железо и јас ја запрев колата и му велам " Откупувам старо железо стари ако...." и.т.н и овие почнаа да се смеат и се изнервирав дека се смееа и зедов едно железо и треснав еден по глава срека ништо не му беше на човекот после ваков беше ама ете до тогас немав мозок мала и Има уште треба да ми текни некоја
Преѓе излезена бев и му викам на еден таксист однесете ме кај тетка Васе и тој ме гледа зачудено и јас му велам абе тргај што гледаш и овој ми вели до каде и после ми текна што кажав и му реков извинете
Од сабајле пред некое време барав превоз до Прилеп. И требаше да се јавам и на железничка и на автобуска. И онака заспана се јавуван на автобуска и му викам - Извинете кога има воз за Прилеп? И слушам ќути жената се мисли. И онака луто па викам - Алооооо - Извини чупче ми вика ова автобуска е Ко ми текна.....
Не бев сигурна дали ја исклучив пеглата и отидов на факултет. Се мислев,мислев, место не ме фаќаше,замислував како гори цела куќа а јас сум виновна, им се јавив на комшиите им кажав каде е клучот да проверат. Исклучена беше. Ми рекоа што се плашиш имаме кофи вода ако гори тука сме.Е така. Ситуација (не)исклучена пегла- по 10 пат.
Бев на една забава и играме рокенрол. И ме фати дечкото за рака и игравме многу време така заедно. Ама јас како навика играм и зборувам паралелно . И му велам, нели колку пријатна атмосфера, му кажувам впечатоци, а тој ништо не кажа само се смешкаше. Си велам сигурно ми е пријатно да ме слуша, па се смешка. И така се вратив јас од забава и и велам на другарката: -Го виде оној згодниот? Оној со кој играв? -Леле, па да убавиот Романец
Само што се вративме од шопинг и почнав да ги пробавам мајцата и новите фармерки, мајка ми ми зарача да одам до маркет и повеќе мислев во списокот за пазарување, отколку на новата облека. И си се шеткам така јас низ град, си одам до маркетот и на враќање, нешто ме глоцка на вратот. Кога се свртев, сфатив дека цел град виде дека имам нова мајца затоа што етикетите сеуште ми стоеја. Ахх Викториии... кај ти е главата??
Хахахаха Слушајте што ми се случи пред околу 1 недела. Бевме до град со братучетка ми и не заврна дожд. Влеговме целите накиснати во една сендвичара и повикавме такси. Чекавме пола саат и се размуабетивме со едни згодни момци од сендвичарата. Само што се свртев да видам да не е дојдено такси на улицата, видов едно такси и без размислување тргнавме накај него. Братучетка ми си седна напред, јас се качив отпозади... дождот истура.. Му ја кажувам јас адресата на возачот, а братучетка ми му вели побрзо да вози и во тој момент гледам дека десно од мене седи една девојка целата збунета. Шоферот не мрда од местото и се чуди што се случува Во тој момент од маркетот (што е одма до сендвичарата) излезе бившата на дечкото на братучетка ми (страшно се скарани, не се поднесуваат ) и една нејзина другарка. Си влегуваат во таксито, и не гледаат нас збунети како се чудиме. Додека сфативме дека сме упаднале во туѓо такси, сите почнаа да ни се смеат како да сме најзавеани будали Се вративме во сендвичарата да не накиснеме уште толку, а тамо овие момциве легнале, ќе препукнат од смеење. Веќе не беа толку згодни. Башка си се смеевме и ние, ее времиња
ехее колку пати сум шетала јас со етикети...последното беше на факултет си отидов со дуксер, на дуксерот етикета.
Последната. Ги гледам на школо најдобрата другарка со нејзината бивша симпатија седнале еден до друг во клупа и изгледаа толку убаво и така јас за тоа се раздрав ААААААААААААА ама така со длабок глас долгоо, гласно за сите да чујат, го завив како Тарзан, па како вук повеќе и се вртам позади мене КЛАСНАТА Ни си да плчеш ни да се смееш зини земјо голтни ме плукни ме на Хаваите
Денеска наместо да ги ставам чаршавите и навлаките за перење, ја додека ги вадев навлаките си ги зедов со мене перниците и в машина и си ја пуштив ич ко ништо. Дури ми текна шо пуштив беше касно многу, ама ајде, ништо, ако не друго на миризливи перници ќе спијам, ако се исушат де