Вчера бевме на еднодневна екскурзија во Битола, и нели како поголеми седевме на задните седишта во автобусот И од досада, ја тргнавме завесата назад, и на сите возила што не одминуваа им мафтавме Ако и некој од нив ни мафнеше, му викавме Гуд, гудд :up: А ако не, му викавме Ууууу own: И тоа ни здосади, па почнавме да пееме ЈУ САКИ САКИ, МИ КОКИ КОКИ и РАКЕ ПУКЕ РАКЕ ШЛАКЕ Баш во тој момент се појави наставничката по историја, позната како Баба Рога, и цел пат ни се дереше
Ммм бев осмо одд. и на една школска и реков да си ја стави раката (дланката) на носот и ако и ја опфаќа целата глава, значи дека е болна. Таа ја стави раката и јас ја екнав една у нос и крв прскаше насекаде одвај ја сопревме... Друга глупост, се скарав со другарките и тие дојдоа кај една моја соседка што живее позади мене, кога видов дека одат кај неа, наполнив една кофа вода и преку џамот чекав да си одат. Таман се доближија до џамот јас ја обрнав кофата и им фрлив ладна вода а беше зимно време. И почнаа да врескат на цел глас а јас се кикотев како луда..
Цела убрзана со милион обврски од состанок директно заминав на тренинг на базен нашминкана и се рашлакав како прасе некое па сите ми се чудеа нормално,помислија дека ми е лошо! Резил невиден! Денов не е мој дефинитивно!
Сабајле чекам такси за да одам на школо, и зад мене куче малечко да имало. И брат ми иде и ми вика: Марун, пази зад тебе. Јас: **** не ме зафркавај бе. И кучето почна да ми се скока на ногата, и почнам да врескам на цел глас
. ...повторно му поверував на мојот некој...и се покајав како милион пати до сега...уххххх......пак боли солзи и тага...ако ми е кога сум глупава....
Го скршив мивалникот во купатило , и тоа по втор пат , несмасна сум знам, ама па ми падна парфемот од огледало право во мијалник не сум крива јас
Последната глупост ми е тоа што се заљубив прв пат во мојот живот,она вистински.....а се заљуив во бивши наркоман ...и сега цел живот ми е побркан, и психички сум изгледа одена скроз на скроз (ке ја утепам)
Ова беше малку поодамна, кога не бев асална што вика мајка ми и си спиев до 3,3 ипол попладне цело лето така си го преспав. И си спијам ја и слушам некој збори цело време ме расони. И идам ја у дневна и викам на мајка ми абе затворете вратата неможам од вас да спијам заќутете малку. Вујко ми бил на гости а ја онака сонлива уште, косата како струја да ме дрмала, прслуците ми се откачиле и се качиле горе над градите и се гледале (мајка ми ме опиша јас не сум ни била свесна во моментот кај се наоѓам хх) И таа ми вика Оди види се во огледалото па тогаш дојди и кажи му на вујко ти добар ден на гости ни дојде. И ја: дојдoв да ти кажам врата да затвориш ми се спие.. (Ниту сум ја слушнала што ми кажала ниту пак вујко ми сум го поздравила ) После ми беше срам да го погледнам во очи човекот
Со другарка бевме на кафе,и почна силно да врни,а ние моравме да одиме до автобуска(која е мн далеку од кафичот) и немавме пари за да си одиме,и тргнавме пеш,бевме многу мокри а се смеевме како ненормални,сигурно нешто ни ставиле во кафето xD
Ова ми се случи пред 3 саати! Се договоривме со дечко ми да одиме на пастрамалијада, ама не зафркнаа неговите другари и си останавме дома. И порачавме пастрамајлии од една пицерија. Тој ме чекаше во кола а јас тркнав да ги земам пастрамајлиите. И целата у брзање влегувам во пицерија и кажувам која ми беше нарачката, оваа келнерката ми ги дава пастрамајлиите и јас шибам надвор без да помислам да платам Седнувам у кола и кога ми текна дека заборавив, го пратив него да иди да ме отсрами Бакшиш и дал на келнерката, одма се покајав шо не отидов јас
Еднаш бев сама дома и земав да простирам алишта. Обично кога работам нешто косата секогаш ја носам собрана а на шишките најчесто ставам некоја шнола. Бидејки не ми се наогаше моментално некоја при рака , ставив на шишките една од тие штипките што се за простирање. Си ја завршив работата фино лепо и си влегов внатре . Во мегувреме ми се јавува мајка ми и ме прати да одам да испазарувам набрзина некои работи, ке дошла со гости. И тргнав ја одма... ги обув патиките , облечена во тренерки како што бев и по дома , а на косата заборавив скрос Бидејки во околните продавнички нема многу избор решив да одам до еден поголем маркет , кој се наога близу центар. И си одам јас таква по патот, со ''фризурава'' , луѓе по улиците, коли фрчат насекаде, а јас ни на крај памет не претпоставувам каква сум. Испазарував во маркетот и додека чекав на ред на каса приметив некако како сите чудно да ме гледаат цело време, а имаше еден куп луге што чекаа... додека на спротивната каса стоеја мали деца и цело време се кинат од смеење ... И едно дете што застана позади мене , после некое време ми се обрати - Извини девојче, ова штипчето што ти е на коса си го носиш постојано или можеби ти е погрешка ставено ? Погрешка му викам и се усрамив целата Едвај чекав да излезам од продавница. ц ц ц Којзнае што мислеле лугето кога ме гледале ваква и по улица, овааа некоја ненормална
Прееска нашколо седевме со другарките, една не беше дојдена и јас викам каде е **** и една ми вика:На погреб е, почина баба и`, а јас и` викам: Ај и на твоја глава И тоа не е се`. на одморот правевме хартиени авиончиња и ги фрлавме, и јас на час сакав да погодам еден другар, но наместо него, авиончето се закачи во косата на професорката Изгубен случај сум, ми нема спас
Што убаво си се спружив по скали... во влез. Среќа што одев угоре. Да одев удолу, ќе излезев низ влезната врата. И ќе останев на тоа што ние го користиме за чистење чевли. И ќе се направев мелено месо. Како и да е, и вака и така, цела сум со модрици. Ама ај. Ќе ми помине. Ко на кутре. Не ми е првпат.
Баш сега пред околу еден саат направив две глупости. Денес од нашколо не пуштија порано, па со другарка ми веднаш заминавме на автобуска и се качивме в автобус. Тогаш си купивме Браво сокче во шише. Го оставив на седиштето до мене бидејќи никој не седеше. И кога дојдовме дома, јас занесена за да слезам, си го заборавив шишето в автобус. И то само две голтки се имав напијано. Ми текна дури по 5 минути од ко слегов. И ајде, трк одма до продавница да си купам друго исто такво и си купив. Ех, на моменти колку сум заборавена. Другата глупост беше што, исто кога си дојдов дома, видов мама направила крофни од оние што се јадат со шеќер во прав. И јас ајде да пробам, ама тука наместо шеќер во прав имало брашно. Јас не забележав и ја направив крофната со брашно цела и каснав. Се чудев зошто не ми е благо. После кога видов што сум направила. Шеќерот во прав бил понастрана оставен. Не правам често глупости, ама кога правам, правам повеќе од една.
Да ви кажам и јас за мојата последно направена глупост Вчера сабајле влегов да се избањам а предтоа ја пуштив климата да ми се потстопли малку. И така си се бањам јас, се излежав во када може околу 2 саати, си пеев , слушав музика , абе убавини Плус и сама бев дома. Излагам после некое време од када и правец накај соба да си влезам на топличко . Влегувам внатре и што да видам- камен ладно. Ко на Антарктик да сум дошла Дур тогаш ми светна дека заборавив климата да ја подесам на топло да дува пошо од летоска не беше сменета и пуштена досега.
Пак паднав во влез, по скали. Ама овој пат кога се симнував. И да ви кажам право, многу е поубаво кога паѓате удолу, отколку угоре. Еве, удолу јас денес си чучнав на 2 скали, а немам ниту една модрица. А кога паднав за угоре... уште ми стојат модриците. Така што, ако паѓате по скали, паѓајте удолу!
прееска срце зема да прави герданче-добив охрабрување вчера и денес се фатив за работа и така делче по делче и одеднаш ми текна да станам-боли грбот од толку време наведната и таман на улицата духче од партија кај мене на улица-го познавам по колата, од скоро знае каде живеам и така станата ми се пиеше вода и си ги оближав усните и мислам дека ме виде ама не беше намерно и после ми текна што направив и после неколку минути еве ти го пак-пролета и за секунда го снема-арно го зезавме пред некој месец со другарите дека ги жалиме бандерите многу сака да гледа а никако пред очи да излезе и да си признае и тоа ти било машко