Пааа.. Во школо имавме гографијаа, и професоров бара пенкало, и јас дека седам у прва клупа и му го фрлив на катедра и тој ме гледа, и јас си викам лелее шо напраив Иии ми вика: ,,Така не е културно.. и знаеш дека така на душман му се фрла'' и јас само го глеам, се смеам и му викам: ,,Нее професоре таман работа'' И ми вика: ,,Знаеш ли и во кафич ако некој ми ја сврте ракта и наопачки ми става пијалок во чашата јас веднаш му ја тргам! Тоа значи дека ми е душман '' И доброо бидна што бидна и сега професоров ми го враќа пенкалово и ми го дава во рака и му викам благодарам Иии од девојчево од прва глупа и го зима учебникот и несвесно и го фрли на маса и сеа јас да му вратам за тоа прееска и му викам: ,, Професоре..така само на душман се фрла '' и он се врти ме глеа со тој остар поглед и ми вика: ,, Ахх ти што сии'' сум се пукнала од смеа.. Али важно му вратив
за малку ке ја направев-ама се уште не сум ја направила на две другарки во кои што имам доверба, во аманет да им оставам кога нема да бидам жива да се видат со еден дечко-ке им ја кажам адресата и каде поточно живее да му кажат дека ми значеше додека бев жива размислував многу за ова и мислам дека е најдобра опција
Ова е тазе Звони и јас отварам и гледам гости ненајавени, и одма ги канам да влезат здраво ово оно повелете влезете.Се сместуват ги нудам нешто за пиење, и одам до кујна да земам пијалокот,се враќам во дневна кај гостите со пијалокот во раце и ондак то Здравоооо незнам зошто пак и кажав здраво , ту ме збркаа така ли се иде ненајавени. И јас и гостите душата едвај си ја собравме од смеење. Ќе се смејам шо ќе правам, кога ми се идеше да пропаднам у земја
Се разбудив порано бидејќи не си го наместив часовникот (нели се смени времето). Предходните неколку дена татко ми ме будеше на време (онака за да има некоја работа, нели станува секој ден во 4 сабајле), но денес... И одам во дневната (татко ми седи на лаптопот и подготвува некаков наставен план (за неговите кутри ученици (средношколци) кои не знаат ниту да собираат), погледнувам на часовникот и ....еден час порано. И се обидов да заспијам, но нема. Затоа сега си седам на Фемина и затоа ќе ми се спие цел ден а нема да можам да заспијам (јас не можам да спијам преку ден).
Сега скоро беше, земав по грешка да го вадам лакот од ноктите со тоник за лице , и трлам трлам гледам нешто не иде и се чудев што е работата и после сфатив, не ми се веруваше , а замислете да го направев обратното да чистев лице со ацетон :geek: , не ни сакам да помислам ...
Пред извесно време ме сопре полиција со колата и нормално возачка и лична карта си побараа .Но јас не забележав дека по грешка и навика (од фирмата ) им дадов 2 визит картички пластифицирани ,добив еден поглед сра-мо-та
Денес една комшивка доаѓа на кафе кај мајками, а јас си ја чистам собата и не забележав дека стои на врата. Во тој момент мачето влезе и јас на него ми викна - Оди пак сега ти кога чистам ќе те сликам тука. ауу комшивката мислела дека е за неа и се вратила назад но мајками ја видела во дворот и ја викна. ЛЕЛЕЛЕеее многу ми е срам сега
E ова на дадати Антонина и се има случено, лицето со ацетон да си го чисти Цел ден потоа ме печеше и црвенило ми излезе , да не ти расправам. Тоа е кога сакам многу работи да направам одеднаш, и на крај да се укакам
Цел ден се утепав од барање на чешелот. Каде се` не пребарав... Прееска отворив шкафот, да побарам нешто и гледам под алиштата сум го ставила.
Е па имавме час по Спорт и игравме одбојка и сега јас ја кревам топката со прсти и дека бевме надвор ми светеше и ко ја кренав топката не видов кај летна и ми падна на глава и ми се вртеа околу главата и одма сите се собраја околу мене, а јас ко вземја да пропаднав за страмота аахаххах
Ахх леле еден памет што имам Отидов во маркет со намера да купам сок од праски Купив сок од портокал, и што е најважно го заборавив на каса Битно кусурот го зедов И немаше да ми текне дека го заборавив сокот ако не ме прашаше дечко ми Ајде се вратив и го зедов, па уште и мајмунов ме прашува од праски да не требало да купам После него го пуштив да купи, доста се брукав
Во последно време ми тргна на велико со глупостиве, еве една од пред пола саат, не приметив дека рачната на колата ми е дигната и така си возев и се чудев сто и на колата, буквално како трактор да возев и паркирав и кога гледам што ќе видам со рачна сум возела ова само мене може да ми се случи..
Бев во Тинекс,купувам,и сега на каса застанав,ми ги куцнаа работите,јас си пакувам,си пакувам,се спремна да излезам и ме гледа продавачката цело време,а не им куца на другите...И ми вика:Да чекам уште?И јас со ваква фаца ,и викам за што и она ми вика па парите..Лелееееееее кога ми текна дека не платив,ми дојде да ме снема.И си платив па си излегов најбрзо што можам