Трчав со цел да го стигнам наставникот по ликовно и да му ги дадам цртежите , но се сопнав од ногата на другарка ми и фино лепо си се спружив пред канцеларијата на наставниците и што е најлошо сите ме видоа
Ова е врв на глупост!! Одам да си извадам од денешниот ручек,и по навика ја допирам ринглата да видам дали е жешка за да го ставам тањирот,а она уште да ти била уклучена.Си ја тргам раката и мајка ми ме прашува шо бидна,ја викам ништо ништо,она вика мириса на изгорена кожа,си ја гледам дланката цела црвена. овоа ко малите деца коа се учат на топло ладно. Среќа што сум левучар.
Во четвртокот, додека се симнував од двокатен автобус, наеднаш закочи и јас со сета сила, си ја набив раката во кваката. Уствари, рачката. И сега имам модрица, голема колку еден мал прст од рака. Озбилно. А во петокот, исто на истите скали, само што ногата си ја набив. Ама таа модрица е каде-каде помала од оваа горе.
Дежурна бев на врата во школо,и се натпреварувавме кој ќе напраи најголем рекорд во скратување на часот..еден имаше 9 мин скратено,и ја па си викам ае ми е галје и отидов скратив 15 мин и коа ми се насобраа сите наставници леле мислишќе те претепаат,како се дереа само Али се надевам сеа никој нема да го скрши овој рекорд
Ејјј добри времиња. И јас еднаш скратив околу петнаесетина минути и кога ми дојде сменоводителот.. парче ме напраи
Истурив топло чоколадо во кафич. Не само што ја скршив чашата, туку и топлото чоколадо се разлеа насекаде, по масата, кожната столица, подот, навлезе во просторот меѓу стаклото и масата. Келнерот дојде трипати за да дочисти, и на крај чистеше со џогер. И најдобриот дел е што си добив ново топло чоколадо и покрај тоа што ги измалтретирав.
Значи сношти си легнав и ги исклучив сите сијалици дома, арно ама брат ми дојде и ми ја оклучи сијалицата у дневна, и неможев така да заспијам. И викам ај да му се јавам мрзе ме да станам, и му пуштив сигнал да ми се јаве(арно ама јас на другарката на бројот сум дала сигнал), и звоне мобилниот а јас не го видов бројот, и јас викам: стани да исклучаш сијалицата у дневната, и од др.страна ме питат - шо? И јас му викам стани исклучи ја сијалицата оти утре ЌЕ ТЕ СМАЧКАМ АЛО! И другарка ми ми вика, добро ма дали си нормална, на кој сакаше да се јавеш?
Не е баш последна глупост, пред некој месец се случи, ама еве да ја споделам... Навистина сум многу трапава личност, ќе бутнам нешто, нешто ќе ми падне, или во најдобар случај ќе почне да паѓа и јас го задржувам (иако ретко се случува тоа). Еден ден порано завршив со факултет и отидов до бит- пазар (незнам по што појдов, а и не е битно) и почна да врне, па си велам- да не се направам лом цела ќе влезам во ДМ и таман ќе купам нешто. Влегувам јас, го затворам чадорот и одлучувам да купам шампон. Ама кога видов колку избор има, де за виткана коса, де за коса без сјај, кафена коса итн, решив да ги помирисам сите и според мирисот да одлучам. Е сега доаѓа главното: земам еден шампон и го враќам (не ми се допаѓа), земам друг и така и така и го земам во едната рака (а финтата е што веќе имав чадор од оние најголемите, папка и ташна во таа рака), потоа земам трет и тој го ставам под мишка, и да го земам четвртиот, ми паѓа првиот, па вториот, па наведнувајќи се да ги дигам со чадорот бутам цел ред шампони- а јас ваква ... Среќа дојде девојката што работи и таа ги нареди, јас зедов еден шампон и да ме нема... Е сега можеби ве испобркав со шампоните, ама друг пат ако видите во сити мол или на некое друго место нешто да паѓа, најверојатно тоа сум јас...
Бидејќи имам мобилен телефон на допир и често се случува кога ми е в џеб самиот да се отклучи и некогаш дури и да заѕвони негде. Така еднаш дури одев накај школото си пуштил повик самиот кај една автобуска компанија, а јас поим немав за тоа. И само осеќам како да дрма телефонот, како да зборува некој. А тие од таму се јавиле. Ко гледам што да видам. Нанервирана го исклучив и ми беше срам да се прејавам и да се извинам бидејќи било грешка. Срамежливка сум многу... Ми идеше да го акнам тука од земја и лом да се стори. И потоа ми ѕвонеа уште 3-4 пати во текот на денот од таму дури бев на училиште. За срамота...И некни исто така ми се случи да му заѕвонам на татко ми и на една другарка без да знам. Навистина ќе си земам нов мобилен што побргу оти овој уште многу пати ќе ме избрука.
не бе,дефинитивно немам памет..прееска ми падна пеглата и почна да гори тоа кај што се спојуваат кабелот и пеглата и пукна,па морав со пегла за алишта да се пеглам дека не бев допеглана и дека требаше да излезам,а каснев (ради пеглата ) таква цела растрчана низ куќа,ама ми се јавија дека за 15 мин. ќе ме викале..и...коа требаше да излезам не можев да си го најдам парфемот,а пред тоа се прснав и најлошото е што коа се вратив дома мајка ми ми вика од кога парфем меѓу храна седи..и ја ваква после ми кажа дека во фрижидер го нашла само не знам како сум можела..
Сабајле станувам за у школо у 7,а легнувам на полноќ.Така да сабајле тешко се будам... Си одам у вц и седнувам на работ од кадата затоа што неможам да стојам и така си ги мијам забите Изморена така незнам како само назачки паднав у кадата,колку силно се удрив што едвај седам
Ќе има викање Го скршив тркалцето на греалката - радијатор. Дали можеби се менуваат, да ја поправам штетата?
^ Може да се поправи, ќе си викнеш мастор за поправка А јас последната глупост што ја направив, си ги заборавив чизмите во школо
Последната глупост шо ја направив..поточно изговорив е дека сакам да студирам на физиолошки факултет (мислев на филозофски да кажам)