Не знам дали е последна,али не е многу важно. Завршува час по физика и нормално јас станувам да излезам од училната.Е сега,компјутерите се на клупите,за секое дете.Претходно,така заобиколувајќи ја клупата на која седам за да излезам ми се има случено да го подбутнам компјутерот со јакната или ранецот. Но тој пат така исто најнормално си станувам, ја заобиколувам клупата и......мониторот до земја. Го кренав и како ништо да не се случило набрзина излегов. А наставничката беше на катедра и мислам дека не ме виде(се надевам).
Имам една многу лоша навика,секогаш моливот го држам и го вртам во лева рака,а ја левата ја имам како да ја немам,и само го свртив и кога ми летна,ја поздрави главата на наставничката И така си седеше фејри цел час надвор и им правеше друштво на духовите
Бев во неделата во веро. И влегувам во џамбо и што и да фатам ми паѓа од раце,одам во дм и 5-6 шампони и купки ми паднаа,излегувам надвор ташната ми се откачи,цигара да вадам ми паѓа,упаљачот ми паѓа,идам во маркетот веро,благо ми паѓа,новчаник ми паѓа,чадорот ми паѓа.. Доаѓам дома и уште милион работи од раце ми испопаѓаа и избуткав дури и чаша скршив.. во неделата дали дека не ми беше денот,или нешто гравитацијата се заебаваше со мене,којзнае што беше,едвај чекав да заврши денот..
Поминувам од на работа кај бившиот (вкомшии ми е неизбежлив е) кој пред две недели повторно почна да ми пишува.Со брачеда ми така кренати како шо си одиме високи двете се газиме од смеење, во моментот ни поминува црна мачка пред нозе, и јас (чисто од навика) паничам камен дај ми да го фрлам и викам на брачедами Оваа се гази од смеење јас камен барам, најдов не камен Цигла беше то ко клоцнав демек ништо летна 5 цм Се пулам напред овој (бившот) застанал цело време не гледал умира од смеење Вечерта на фб ме пукна од зафркавање. АБЕ АЈДЕ...
Денес бев на гости кај мојата најдобра другарка во новата куќа.И нејзината соба е на поткровје.И summer реши во најниското да оди и да гледа парфеми ,кога завршив ја завртив главата и баммм доле.Главата после ко тапан ми беше а другарка ми од памет се извади А пред тоа на тестот напишав во датата (повторно) дека сме 1213год. Незнам ова со годиниве што ми е ,а знам дека сме 2013 и пишувам 1213 и после со коректов мажев во местото на датумот.
Сношти си бевме собрани со братучедите, гледавме реприза од Bootcamp ( Х Фактор ) Во меѓувреме си седев на лаптоп и си се допишував со едно дете (добро де, симпатијата ) по име Дамјан. Го знаете Даниел Кајмакоски ? Е тој, тој беше на ред за пеење И братучедка ми вика : Леле видете го Даниел колку убаво пее.. Срцка е И јас ко од пушка : Лелее дааа ДАМЈАН најубаво пее, срценцеее И сум запнала Дамјан та Дамјан. Ме гледаа како да сум убила човек И сега ќе ги слушам како ме зафркаваат. Нема бегање
Дека нели сум талент... Сакајќи да отворам туна (без рачка), си ги засеков двата прста. Беа како ќебапчиња со кечап. Едвај го спречив крварењето. И тоа баш на показалецот и на средниот прст. А дома немам ханзапласт, па си седам со замотани прсти во салфетка со ракија. А пржииииииииииииииииииииии. Чувствувам како ми куца саатот внатре во прстите. Така што, ако видите случајно утре некоја, исполепена со ханзапласт (кој се надевам дека ќе се сожали со мене и ќе ми купи), јас сум.
Сабајле кога одев на курс излегувам од зградата и гледам врне, а немав чадор со мене. Си викам ај ке се вратам да го земам да не ме намокри. И отклучувам врата од станот одам у вц се облекувам и пак излегувам и што да видам. Истура дожд Другарка ми се сотре од смеење кога и кажав
se javiv na drugarka mi na domasniot telefon(na mobilniot bese nedostapna) i ja prasav dali e doma ...xaxaxa
Бојата за чевли ќе ја ставев во фрижидер...косата ја шампонирав само еднаш,ја измив и си излегов од вц и откога ја завиткав косава со крпа се сетив дека само еднаш ја шампонирав и се вратив да ја измијам убаво...дедо мразовците од оние со гумено кругче горе што се лепат само на стакло упорно и упорно ги закачував на шкафот,чуејќи се зошто не се залепуваат...брееее талент сум невиден
Ќе се утепав на табуретката вчера. Носејќи го лап топот во раце, незнам како не ја видов пред мене (во моментот кога се свртев....)
Само на мене ова може да ми се случи. Ја бутнав целата елка на земја и сите лампиони паднаа. Лом направив. Сега морам пак да ја китам
Во чајот прво ставив мед,па не ми беше благо и наместо шеќер ставив сол .. Исто така фрлив лажица несакјки,а салфетата ја ставив во судоперот.
Bо автобусот денес изморена си се потпрев место на потпирачка (оние што рачно се дигаат и спуштаат на седиштата) на една машка нога. Дури кога го здоболе и кога почна да мрда се свестив. Толку му беше срам , што дури не ме ни предупреди.Кога видов незнаев дали да се извинам, дали да се смеам.
Си идев од школо со такси и ме остави до дома и дојде ред да му плаќам. И он нешто ми рече а, јас го слушнав колку години имаш и јас му викам 12. Арно ама он да ме прашал колку ти наплаќаат до тука се испосмеавме и он и јас. И после му викам 40 денари ми зимаат, ама од кога се освестив шо му кажав...