Во петокот нели врнеше цел ден, а јас многу мразам дожд. Си одев од школо и чекав автобус за да одам до рекорд. И си чекам јас таква у косата како струја да ме дрмнало од дождот, а кога косата ми е за никаде и расположението ми е за никаде. Ми доаѓа автобус конечно после 15 минути, и тоа од оние старите. Бре си викам што малер ќе бев, ама ајде се качувам внатре гужва, гужвааа... Гледам едно столче празно, си викам што им е на лудиве зашо не седнуваат, и си се насмевнав у себе демек барем една добра работа, ќе си седнам. Си седнав фино лепо, овие одоколу ме гледаат така безвезе, си викам ми е гајле што не си седнавте вие до сега. И се возам така една станица, коооога осетив нешто ладно ми дојде на газот. Вода! Столчето да ти било мокро од што капело од покривот, а јас слепец да не видам Леле глупо ми беше да станувам, си останав да си седам така, газот утоп мокар. Си се симнав сирота и до дома си се шетав како помочана...
Минатиот викенд се поднапив малце и му пишувам на бившиот: „Ејјјј“, овој враќа „ Молам“ и јас на тоа „ Е така бе ти да молиш има, да молиш“ Сабајле гледам мобилниот, ќе се фрлев низ прозор. Друга дешавка, на факултет презентира една колешка истражување и лаптопот имаше на десктоп позадина од еден тип многу згоден и провокативна поза онака баш. Колешката што презентираше инаку ми е доста добра другарка, па и се избацивме ние со една друга колешка во стил „ Јаоо Сања само ти и попалените тинејџерки држите вакви позадини на лаптопот“. Коа ни упати еден поглед тоа асистентката, оно нејзин да бил лаптопот, а не на колешката, а башка и не е ептен млада. Леле во земја пропаднавме, сеа ептен не мрази, осеќа ќе ни скрати поени од сегде, ахх туга..
Хахаха е затоа јас во последно време гледам да не препрашувам многу и да не кажувам се и сешто Инаку јас пред некој ден бев со другарка во Бершка и се разделивме таму разгледувавме и до мене поминуваа две другарки и едната на другата нешто и рече, а мене ми се слушна како другарка ми и реков "мм?" во стил "што?" ама фала богу девојчињата изгледа не ме слушнаа инаку ќе се избрукав.
ааахахахахаххахахХХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХ ме изнасмеа првиот момент е мноју јак "Ејјјј" хахаххахах е веке вториот е перверзија „ Е така бе ти да молиш има, да молиш“
Дома...си се качив ко шимпанзо некое(затоа братучед ми е ) на печката....и шо се случи? ТАМУ ЗАСПАВ И ИСПОТЕНА СЕ РАЗБУДИВ!
Мајка ми требаше да прави некој ролат со крембанани и купила 10 крембананчиња и јас незнаев дека се за ролат и си ги изедов сите.. и и кажувам на мама и ми вика е сега да одиш да купиш, одам јас до најблиската продавница да купам и ете малер немаше крембананчиња, имаше само од белите... ништо од ролатот...
Отидов на училиште а таму не можев да седам, посебно не на тврд стол И моиве другари генијалци, ми ставија 4 столчиња едно до друго и фино лепо си легнав Ама пак ми беше тврдо и им ги собрав јакните на соучениците и си ги ставив под мене Кој ум
Од училиште отидов со другарка во библиотека, со се ранец и влеговме кај книгите. Арно ама тогаш ми паднаа парите и сеа само се наведнувам да ги земам и со ранецот трррррррр сите книги на земја Кога виде библиотекарот срцето ќе го фатеше кутар човек . А другарка ми се цепи од смеа. Ете такаа и не избркаја на клоци
Само јас со глупостиве, за триумфално да ја завршам годината Му пишувам на татко ми сабајле порака да ми купи масло за тело, го знае тој Бекутан маслото дека го има дома, па барем од Бекутан се разбира, може да ми купи да не се симнувам јас. Арно ама пуст аутокорект на мобилниот ми се пишало „Купи ми масло за теле“ И овој ми се јавува ми вика, какво масло за теле сакаш мори Јас дури тогаш приметив што сум му пишала и сега дел ден ме зеза, мачкај се со масло за теле моја кравице.
На една другарка мајка и се разболе нешто,ама ништо страшно не беше само лежеше 1 ден во болница.Другарка ми ме викна за да ја посетиме,и отидовме во болница,а мајка и сама беше во таа собата,а имаше 4 кревети..мајка и само што излезе од собата,и викам јас на другарка ми,абе ај да се сликаме..И легнавме на 2 кревети,не сликна апаратчето,и ја ставив сликата на Фб..Ама после 1 час,гледам ѕвонат телефони,ми се јавуваат на мене,на другарка ми,на мајка ми,викаат "Што се случило бе??" а мајка ми мртва озбилна вика што? И кога и кажаа за сликата..леле
И фрлив петарда на жена ми додека спиеше и коа рипна со лопатка за пинѓур ме бркаше низ соба и тоа петарда од оние бомбите со пукат силно и еве а 5саати ни јаде ни пие збунета е уште
Денес наместо да му звонам на еден другар му звонав на тато. И се дерам на телефон : Абе стоко една, анимал еден зошто не ми се јавуваш бе ? 5 саати ли треба да те чекам бе тромавко ? Среќа што другаров дојде дома, па му објаснав на тато што беше цела работа.
И јас си имам маки со него.. Еднаш и пишувам на мама дека ќе одам на гости да не ме чека за да ме земе од школо.. а тоа да ти излегло history и мама мислела на час дека сум, и ме чекала цело време..
Не е баш последна , али сепак глупост е. Решив да си пржам компири, си вклучив шпорет и несакајќи ми прсна од зејтинот на ринглата. Леле луѓе кога гледам огин И во тој момент кај ми беше паметот уште се чудам тавчето и под вода hock: Целото тоа резултираше со палење на завесата и остана црно парче , а дел од ѕидот беше црн
Идам до веце и глеам дали има топла вода, но бидејќи немаше требаше да го пуштам бојлерот. Ама пошто сум многу паметна, наместо бојлер сум пуштила греалка. И така јас си седам пола саат и чекам да се наполни, кои идам и што да видам ко у сауна да влегов, а топла вода јок ќе се запалев, ццц каде со ваков памет?
Па, ми беше досадно. Го земав телефонот на татко ми и го сменив моето име во именик во "Tvojot VIP". И им пишав порака... Почитувани, ве известуваме дека сте добитник на IPhone5 по случаен избор. Ве замолуваме да дојдете во најблискиот ВИП ценар и да оставите податоци. Ви посакуваме пријатен ден и среќни празници. Ептен се израдуваа, жал ми беше да им кажам.
Малку често ќе ме гледате во темата на распустов. Па вчера околу 3 и пол сабајле не бев заспана. Бев до собата кај што спијат мајка ми и татко ми да гледам некој филм. Си седнав на фотелија, така лагано, мислиш Скопје сум го освоила. И си пуштив филм, е сега моментот е што не знам како сум претиснала некое копче по грешка и одма почна овој телевизорот на цел глас да пишти, одма го изгасив и го скрив делинското и се преправав дека спијам. Татко ми и мајка ми се будат, целите претресени го бараат делинското, ваљда помислија нешто паранормално се дешава у куќата. И татко ми секако осети дека се преправам, го зема делинското од фотелија и ме испади во соба, после тоа јас сеуште не спиев, ама ни тие не спиеа.