Си реков ај ќе си седнам до печката,на топлото демек.Си мислев дека таму уште стои табуретката за да си седнам.Арно ама,моите ја преместиле во другата соба-а јас тоа не го забележав.Кај се гледа со две очи? Е,си одам така наназад и седнување-БАМ со задникот право на паркет ко тепих се испружив...
Уште одамна беше ова ама го паметам како вчера да беше Се договоривме со другарками да гледаме филм кај мене дома, бев сама и дури се одлучувавме кој ќе го гледаме ни текна да си испржиме компири И ставивме се масло, исековме компири и ги ставаме да се пржат а во меѓувреме ние гледаме филм... и си гледаме и гледаме компирите си се пржеле абе чкорчиња се направиле незнам после колку време ни текна и одиме во кујна и што ќе видиме од чад не се дишеше..отворивме прозорци и мавтавме со перници за побрзо да излезе чадов за ко ќе си дојдат моите да нема ништо И само ете го татко ми на врата ми мавна еден поглед само и ништо пред неа не ми рече ние мавтаме ли мавтаме со перниците додека еден комшија поминува кој патем ми беше и соученик
Бидејќи немаше шо да прам и зедов една тетратка шо не ми треба и искинав лисја, после то праев чочки и ги расфрлав низ цела соба..... ахаххаха
ставив сол во кафето на гостинката (по грешка) а мајка ми баш тогаш ме фалеше дека ме бидувало за некои работи кој знае што си помислила гостинката а јас си излегов надвор така да не ја видов нејзината реакција
Денес земав да си ја исчистам собата со правосмукалка и ја вклучив,а на подот беше пижамата и воа зошто јако влече ја повлече целата и јас со нога нагазив и кога ја дигнав цевката од правосмукалката го скршив лустерот,но само еден цвет таква форма има,секако останаа уште два и насекаде почнаа да паѓаат парчиња
Бевме во еден бутик со другарка пробуваше блуза и ми ја даде закачалката и она као ете пробав не ми се допаѓа ајде си одиме и јас не знам како успеав да излезам со закачалката во раце кога се свестив и другарка ми кога виде почна да се гази од смеење па уште кога се свртев и кога видов дека продавачките се смееат пропаднав во земја ма да и јас после тоа слатко се изнасмеав инаку другарка ми влезе да ја врати
Трчав по автобус, си седнав на горниот кат, а во меѓувреме заборавив да ја куцнам картичката. После 5мин ми текна да се симнам. После две станици следеше трагичното - сум се качила во погрешен автобус. Наместо во 50ка јас во 59ка
1.Добив 5- и така изнервирана почнав да ја критикувам професоркава за минусчето ..и си зборам јас,а таа позади мене ..А исто така си зборував со една другарка од друго одд. и аа си влегува во кабинетот,а јас на цел глас АБЕЕЕЕЕ и истата професорка излегува и ме гледа ,а јас тресејки се до-бар д-е-х ... 2.Измешав со вода 15 зачини и после ја испив мешавината испив .. 3.Ми се јавија со непознат број некои..и ја кога почнав да пцујам пред 20 деца. 4.На балет игравме и имавме пауза и јас си решив да си прилегнам на јакниве.И кога почнаа 20 деца да трчаат накај мене,па кога рипнаа.. И после трча професоркава накај мене и ми вика "Што си легнала ти тука?"... 5.И со мала правосмукалка денес усисав 5 лажици ...
Ќе се убијам! Си го оставив лакот отворен и си се загледав в лаптоп ,шишенцето да си се прервтело,телефонот новиот тука,мушамата и таа скоро е земена подуена е од лакот каде што си истекол.На телефонот среќа ништо не му е ама мушамата (мама ќе ме убие луѓе,закажувајте утре погреб )
Отварам фемина и на насловна нели има статија ФОТО: Привлечната Кендис Сванапул за Вог Бразил, а јас упорно читам Прилепчанката Кендис Сванапул за Вог Бразил. И така си го прочитав то едно пет шест пати и целата самоуверена одам кај мајка ми и татко ми и му викам, абе знајте вие дека она манекенкана од Викторијас Сикрет е Прилепчанка? и уште му носам лаптопо и му викам еве ако не верувате видете си сами. И на крајо мајка ми ко ми прочита шо пишува си се подмочкав смеење
Ми се излизга пластичната протеза во лавабото и морав да ја попарам... наместо да почекам да се загрее водата, шлуп ја ставив протезата внатре... и уште си чекам јас да зоврие водата... кога зовре, си турам водата, а протезата во осмици ја најдов... Сега ќе треба нова да купам... Поглупа од Барбика бев бе!
Срам ми е да кажам. Spoiler Ми летна телефонот низ прозор,од 4-ти спрат на зграда. Како,не прашувајте....само среќна сум што не му е ништо...
Spoiler Повикав такси и се брзав за на автобуска ... ми кажаа за 5 минути доаѓа таа и таа кола.Океј спремна јас со ранец торбица кеса што ти уште не и излегувам надвор и еве го таксито доаѓа а обично ја грешат адресата 31-41 ама нема врска И еве го доаѓа таксистот застанува влегувам јас се сместувам позади едвај 200кг ми тежеше торбицата седнувам и му велам :До автобуска Овој ми се врти и вели а не до Бисер ? Го гледам и му велам не не до автобуска ,вика: Елит такси повикавте а јас цела замислена го гледам и : ааа да да Елит (а нема врска) и се свестив дека се глупирам Таксистот вели чекај да проверам ме пратија мене од овде до Бисер можеби јас сум грешка и овој проверува и од таму му велат :повикот од таму е за Бисер или девојката нека ти го каже последниот број од моб од кој не побарала да провериме И овој:девојче кажи ми го последниот број да провериме Лелеле се замрси целата работа и еве една друга излегува малку погоре од нас и му мавта на таксистот Вика оваа кола е за другиот патник што чека надвор извини но ќе мора да излезеш и да почекаш да дојде твојата кола Лелелееее сакав да си легнам и да ме згази со се торби на сред пат Фино лепо си излегов од таксито си ги извлеков торбите на тротоарот и си го почекав моето такси кое дојде одма Среќа шо не ме виде никој наоколу немаше луѓе .А таксистот сигурно има се смеано цела ден на мојата глупост
Овој викенд ќе правиме испраќај во Австралија на една другарка, па баравме со другарките на youtube песни да симнеме, онака за пиење, македонски, народни. И седиме во дневна на компјутер, а на масата пред телевизор гледаат ракомет нејзините и плус некои гости, нивни роднини. И бараме така песни, правиме фолдер со тие шо ги симнавме и од страна излезе една песна „Изникнало криво крувче“, а јас ги читав набрзина по ред сите песни шо ми ги даде youtube како предлози и несвесно кога стигнав на оваа брза кучка како и секогаш што сум, викам „Изникнало криво курче“ Луѓе скроз несвесно не се ни осетив што ми се испушти, ама стварно секогаш читам брзо и така ми отишло на перверзниот мозок и прво кажувам после се свестувам. Леле се закопав, ај со мајка и се знам и блиски сме многу, ама од другиве жива брука, а слушнаа само се правеа дека не слушаат ..
ААА експерт сум за глупости, последните неколку пати кога излегувам од дома заклучувам и го заборавам клучот на вратата