Откако ја откитив елката, ја тупнав во ходник. А до неа, на сред пат ги оставив кутиите со лампиони и масичката на којашто стоеше елката. Слична на оваа, само без тоа долното стакло. Додека горното стакло е дупло и измеѓу има миленце. Каде без миленце, нели? Spoiler Си се сместив во кревет и сфатив дека ми се пријаде. Нормално, не запалив светло, да не разбудам случајно некој. И можете да претпоставите што се случи? Е па да, се струполив врз масичката. Денеска ми тргнало физички да ги малтретирам предметите, по дома. Среќа само жлебовите на коишто се држеле стаклата се скршиле. Стаклото е живо и здраво. И знаете што? Го земав садот со овошје од кујна, мислев дека напипав мандарина. дека беше темно, а и јас ќора... Влегувам во соба, гледам цинтрон бил. Фино лепо си се вратив назад, по нож и чинија. __________________________________________________________________________ Пред некој ден, исто така ова време беше од прилика. Исто така ми се пријаде. Арно ама, имаме поприлично голем ходник, а јас не запалив светло. Нели поромантично е да паднеш во темница? :geek: Влегувам во кујна, го уклучувам штракалото за светло. И само слушам: - Цик, цук, бум! Пукна сијалицата. Мене ме фати страв, не знаев што попрво да правам. Се вратив назад во ходник, демек да запалам светло. Ама сум заборавила дека ја оставив вратата од кујна полу-отворена. И на излегување од кујна, дека прст пред око не гледав... толку јако се ѕвекнав во тоа глупата врата, што морала баш таму да стои... Што ѕврцките ми искочија. И тоа со кваката во раката ми остана. Едвај запалив светло. За мене само сензорско светло.
Сега таман си сварив чај и наместо шеќер да си ставам, ја во него си ставив брашно Ништо од чајо мој, одам на спијање.
Скршив една пајнца од најскапиот сет на мама.И истурив цело шише вода на паркет во близина на регалот кој е прилично скап и е безвременски
Вчера бидејки другарка ми ми коментираше на сликата на инстаграм и јас наместо да одам да и вратам на коментарот, си давам сама лајк на сликата Готова бев да си го избришам акаунтот, бидејки не знаев дека се дава унлајк, добро што другарка ми ми кажа
Земав да јадам корнфлекс,ама чоколадни,и дека сабајле,нели за во школо никогаш не јадам,арно ама од 3 до 7 спиење толку ми требаше,и одма ми се пријаде.Секогаш ама секогаш ставам шеќер,и го топлам млекото,пола млеко на тепих,пола во чашата,и земам сол , ставам,ставам,ставам незнаев колку ми е доста,и му турам малку од млекото на кучето,зошто многу ми беше,леле коа почна да кива кучево незнам зошто,плука се тоа и си викам,ај може не е гладен,и зимам јас да јадам,леле кога ми се слоши,аууу погрозно нешто немам пробано во животов.И после земам да ја измијам чашата,кога ми се испокрши,и викам ај,се случува.И си одам во школо,се спремив се,кога гледам,пола ракав од белиот дуксер црвен и си викам што е ова сега,кога го тргнав ракавот,леле ке помисли некој сум заклала некој човек,а тоа да сум си се исекла од тоа чашата,па незнам толку крв зошто ми истече Арно тоа,ама и на друго место уште толку,ама чудно ми е не ме болеше,може малце,ама не ни обрнав многу внимание.Боже сачувај,денов,и на крај на се ова...Се наведнав да ја исчистам чизмата,ми се распукаа цели фармерки,фала богу во двор бев,па кучево ми рипа се радува,леле леле,па почнав да бегам од него,и се сопнав на скалата,и сега едвај ја мрдам десната нога.Не ми се верува
Ми падна чинијата и цел тепих беше со трошки. Еве до сега го чистев После тоа бидејќи беше зафатено вц-то земав гел за дезинфекција раце и онака убаво си го стегнав што пола на тепих ми се истури и пак чистев Нешто не е в ред
Денес отидов кај баба ми.И си наместив перници да легнам и така со цела сила мислиш Спарта отидов да ја освојувам ја лупосав главава у ѕидов Добро барем нема што да изгубам и онака тиквава цела празна е ...
луѓе паднав во шахта! одев пред шахтата и приметив дека е отворена и на неколку метри од неа јас сплеткав нозе (лева лева десна лева) и бам едната нога во шахта! по улицата имаше неколку луѓе, некои трчат да ми помогнат некои се кинат од смеење, јас бев од вторите. Инаку една баба како што правеше муабет на мобилниот кога ме виде како паѓам извика „лелееее падна“ и баммм мобилниот на земја Последици: изгребана ми е цела лева нога, доживотен срам и скршен мобилен на бабичката. П.С- Овие сигурно стомакот ги боли од толку смеење, сигурно и стомачни им се направиле веќе. Денес станав на лева нога, ама утре не верувам на лева да станам бидејќи многу ме боли so i win!
паднав во када некој истурил шампон на плочките, и секако беше мокро во вц и јас трчам трчам за да не направам некоја беља... се лизнав и со грб паднав во када. Си го повредив грбот и задниот образ. I have nothing to do here... Секој ден се по трапава и по трапава. Да доловам и сликовито Spoiler
Можеби шестнаесет пати, несакајќи ја потегнав закачалката и ми падна. Значи доообро, доообро. Не знам веќе колку пати ги прередив тракатанците што беа закачени на неа. И плус сега цела е расклатена.
Леле заплакав од смеење ..Јас да сум те идела би била од оние со стомачниве . Инаку вчера си одам ја по слубите на училиште во гужва и намсто по страна ја со цел памет по средина па кога рипнаа да ме гураат,а јас муабет правев со другарка ми и си зборам.Децава ме гледаат ,а јас како некоја лудача си зборам на цел глас. Завчера си одиме и другарка ми ...е ене го ***** И јас право во книжара..Влеговме и другарките "Што ке купуваме?" ,a jaс "Епа нели купувате нешто?" и ајде ке излеземе,па кога ме бутнаа накај него..а мене една смеа ме фати и така и мене и него не смируваа ..пошто заплакавме од смеа..ништо од бегањето,важно е дека ја проколнував другарка ми цел ден
Ова пред неколку дена. Се изгубив низ Кичево. си шетав негде, кутрата незнаев више кај терам, и си седнав пред една продавничkа и го чекав татко ми да ме најде. и за беља дожд заврна. ама не ме наврна многу.