Си топлев вода за чај, на плинското. Ама почнав уфилмана да си пеам, да претам и го турнав ѓезвето. Цела вода се прелеа врз ѓезвето. Еден момент застанав и чекав да експлодира. Барем да не ја бришам водата од работната маса, ако веќе ескплодира. Може и јас ќе отидев... Ама ете, за моја среќа не се случи ништо. Толку и јас се разбирам. Не знам зошто, ама многу имам страв од тоа плинското.
Се се случува 5 минути пред да излезам: Сакав да си ставам капки за коса. И си ставив на рака, па на коса ги ставив. Добро супер, идемо Леле кога се погледнувам во огледало. Тие капките некако сум ставила горе на предниот прамен на косата, косата ми изгледа како мрсна целосно. А само што ја миев и сушев. Почнав да паничам, каде ќе одам јас таква. После нешто ми цефна.. . Земав тој прамен некако го оделив од другата коса и под чешма, мајка ми кога виде. Некако го направив, го исушив, изпеглав и конечно да излезам. Секако каснев 10 минути.
Ми падна слободната, позади тоа сандучиштето за кондури. Ама бев сама дома, па бев приморана да го тргам него, со све се` што имаше внатре... од кондури до пенкала. Уз пат, се наполнив со прашина. Го вратив на место и излегов надвор, така осветена со прашина. А пред тоа, ми падна шноличка позади креветот. И креветот го тргав, ама си најдов три шнолички. Јеееј.
Денес некако ми се погоди денов Со симпатијата на Фб: Тој- Абе ајде јави ми се.. Јас- Немам кредит. Па нели ти имаше бесплатни на Т-мобиле Тој- Да бе.. Јас- Епа јави ми се де, јас на Вип сум. Кога се свестив што сум треснала касно беше Друго: Отидов во пекара да си купам пециво и јогурт.. И си купувам јас сега, продавачкава ми вика 50 денари. Не знам како, ама мене да ми се слушнало 20 денари. И и дадов 50 денари (немав ситно, иначе 20 ќе и дадев), и си чекам така, си чекам си чекам. И продавачкава ми вика „Ти девојче ќе купуваш уште нешто или.. ?“. И јас „Не бе, кусурот си го чекам“ На кутрата продавачка и идеше на клоци да ме крене и да ме избрка од пекарата И за крај: Отидов до автобуска, и успат ме сретна еден таксист, и ме прашува „Ти девојче за Струга ли си ?“ И јас „Не, мајка ми е од Струга, зашто ?“ Па што да правам, мене ми се слушна како „Ти девојче од Струга ли си ?“ Тој само ја заврте главата и промрморе нешто, сигурно си помисли дека го зафркавам.
Ова е од летото, чудно како сум заборавила да ја напишам. Јас и моите две луди другарки решивме една вечер да излажеме дека ќе спиеме кај една другарка, и добро океј. Ние не ни влеговме дома. Излезени бевме од 10 часот. Си купивме неколку пива и проваливме во школскиот двор и таму ги пиевме и се смеевме додека да осамне. Одкога излезе сонцето, луѓето почнаа да одат на работа на тутун и слично а ние трчавме по улиците како македонија да сме ја освоиле. ех тоа беа денови И така ни дојде една фикс идеја. Нели тоа време околу 5 многу е убаво небото. И ние будали си легнавме на патот и гледавме во небото. Се смеевме, пеевме и што уште не. Убавини Малку избегав од настанот.. Како што шетавме по една улица се појави едно куче, огрмоно и почна да лае и трче по нас. Ние бевме фатени за рака и скокавме и ја пеевме песната we're off to see the wizarrd the wonderful wizard of oz http://www.youtube.com/watch?v=Mm3ypbAbLJ8 И наеднаш јас се свртев назад за да бегам, а заборавив да спомам дека бевме по една стрмна долина. И како што се вртам јас со другарка ми за рака оваа губи контрола и паѓа. Јас бегам бегам и си мислам „абе еј ова ќе умре, а да се вратам“ и се смеам и морам да бидам искрена Spoiler се помочкав малце не знам дали беше од страв или од толку смеење или од пивото ама битна. И ја гледам другарка ми иде пополека накај мене здрава и жива. Испадна кучето било врзано... Трагично. Признавам не ме бива за пишување, ама ситуацијата во живо беше солзи и смеа. Се надевам доловивте некако настанот.
Се прејадов пица пред да појдам во диско на забава.И така стоев ко здрвена ,ни напред ни назад мрднав.
Си сварив макарони. Чекав да се изладат, откако се оладија, јас паметната ја ставив чинијата на врелата рингла и го спружив средниот прст на истата рингла. Среќа што беше малку излуфтирана и што брзо изреагирав. Се имам изгорено од пегла за алишта, од преса, од печка, од рингла... Што е следно?
Денес бев на Пониква и уште синоќа ја ставив батеријата на апаратот да се полни.Како така возбудена си го земав апаратот и им викам на другарките "Ај да ве сликам"..Вадам јас апаратот нешто не се вклучува,пак стискам,го отворив..батеријата ја нема .Со цел памет ...батеријата сум ја оставила,ама важно апаратот со мене. После застав на оние стази кај што се санкаат и скијаат и си зборам јас,објаснувам на сред стаза.Па кога ме лупнаа со санка ,нога ушинав се растргнав така на среде.А санките,тешко железо... Глупоќа на ниво
Во самопослуга. Ги знаете оние малите продавничиња, колку една мала соба, сам си зимаш и одиш на каса? Ама не даваат фискална сметка? Е па тие. Пред да купам нешто, секогаш си двојам пари, колку ќе ме чини. Во едната рака ми беа парите, а со другата рака земав крем бананче и мастики. Продолжувам на касата (што ја немаше), му ги давам мастиките и крем бананата, ги ставам парите во џеб и си излегов. После кога ми текна, што направив. Сум ги побркала двете раце. Наместо продуктите во џеб, јас парите во џеб. Се вратив назад и ја исправив грешката. Продавачот сигурно си помислил дека сум некој трол. Му ги однесов на каса и си излегов.
Со дечко ми бевме во Прилеп на излегување и спиевме во хотел. И се спакувавме да си одиме, излегуваме од собата и на рецепција јас со далинското од клима во рака се свестив, ми се утепа од смеење дечко ми...
Некој исклуцително пaMетен, ги поставил папуците за по доMа, тоцно пред врата. И норMално јас дека ке се сопнаM, кога е црна теMница. Додуса којзнае, Mожеби и ја суM таа паMетната сто ги поставила. ПоиMа неаM, битно се сопнав, јако. Од Mоб суM, затоа е ваков уМетницки постов.
Станувам јас сабајле неколку минути пред 6 часот, бидејќи сум прва смена.. Арно ама, се облекувам, се мијам заби,лице, а очиве ми се затвораат сами. Абе не се издржува. А не си легнав нешто многу касно да речеш, од прилика бев спиена околу 5 саати. И ајде пред да ја облечам маичката земам дезедоранс да си ставам. За беља, тоа дупчето од кај што излегува дезедорансот сум го свртела накај лицето. И стискам јас од дезедорансот, и осеќам нешто чудно на устата... Лошиот момент е што ми требаа неколку секунди за да сфатам дека си прскам во лице ... Ќе ме убие оваа прва смена!
Јас секој ден правам глупости, ама имам среќа, бе. Денес на пример, 70% беа шансите да треснам, врз тоа чергичиштено пред Сити мол. Ама јас само скокнав во вис. Кој ме виде, ме виде... кој не, реприза на некое друго место, сигурно ќе има. Не го знам точниот термин. Другар и другарка, ми се скинаа од смеење. Па мораа уште на глас да викнат: - Еленааааааааа! Морале сите да знаат, дека сум јас. Си продужив, како ништо да не се случило. Едит, едит, едит: Пред две минути, пак се сопнав, на теписонот во дневна. Некој ѕвонеше на телефон и јас да побрзам да се јавам... Едната нога, некако ми влезе во ракавите (како и да се викаат оние доле на нозете) на другата нога и се сопнав. За момент, постојав како Мајкл Џексон, на сликава. Ма ни он не ми е равен.
Читав нешто на интернет за водката дека помага за нешто.. ама заборавив за што. И сега бев кај другарка и оставам таму да преспијам. И јас како и секогаш сум заборавила да си земам ташната со пари и четката за заби! Сабајле стававме и јадевме и јас се сетив што читав дека „една голтка водка за да ти се прочистат забите“! Имавме останато водка од предходната вечер и си земам јас шишето и си голтнувам не една туку две голтки чиста водка. Уште рано рано, што пијаница ќе бев. После 5 минути се сетив дека водката само ги прочистува бактериите од устата и непријатниот мирис. Па да, нема да мириса на гадно, на водка ќе мириса устата.
Се утепав на физичко, заедно со машките Бидејќи тоа се случи на водено место, цел час вежбавме водени И да, сега имам огромна модрица на десната нога.
Седнав во кафич. Нарачав кафе и само што го пробав една голтка,по некоја случајност го турнав. Цело се разлеа на маса,телефонот,цигарите,упаљачот,се што имаше на маса лом се напраи,дури почна и да тече од масата... Сите гледаат,ја у земја пропаѓам од срам,доаѓа келнерката брише а ја и се извинувам,срамотилаци... Посакав да ме нема.
Се симнувам вчера од автобус и - паднав на сред Рекорд, и тоа пред цело друштво. Остај што ми се смееа ме зафркаваа цела вечер после.
Требаше да пречекам една другарка. И со цел памет, излегов со пижами. Пред влез, беше многу темно и покрај мене помина нешто. Јас махинално вриснав, срце ми застана. Тоа да ти била Белка, уличното куче. Таква е она, не знае да се претстави ко човек, овај куче. Ај добро, ама после еден дечко, ме изнапули. Па добро бре, не сте виделе пижами? Со нив обично се спие... се седи по дома и се излегува по потреба до надвор. Не се знаеле? Е па ете, сега знаете.