Последна глупост што ја направив е тоа што ги облеков штиклите што ми се за еден број поголеми. Одам, одам, одам... оп ќе ми излезе нога! Цела вечер си седев на сепаре! Бонус е тоа што скокнав една скала со тие штикли, а и се сопнав на влегување во кафич, ама никој не виде.
Имав еден симпатија пооорано порано и излеговме демек кучето негово ќе го шетаме.Во моја близина има едно паркче,па седнавме на клупа и врзи еден муабет,врзи друг,комплименти фрчат на сите страни а мене тоа ужасно ми годеше Косата само што си ја бев пораснала бидеќи ми беше стрижана џоа ријана на амбрела ела ела ее и ми беше некаде под раменици.Симпатијава ми вели леле као колку ти е убава косата,колку убаво ти мириса,многу ми си поубава вака.Јасссс да леткам и нешто се занесувам во паметов си велам јеесс сака долга косаа дај да се поднавалам со главата наназад уште подолга ќе ми изгледа.Замисли ситуација:клупа без потпирач,јас и мојата коса излезени од реклама на шаума и упорно се кршам наназад наназад,кога сум акнала од тоа клупата на грб,ноџињата ми останаја нагоре во вис Имаше само едно од негова страна и после ми се изнасмеа Јас оп цуп си станав си се истресив и си заминавме.Од тогаш кај и да го видам не му правам муабет,срам ми е
Киселата вода била доооообро промучкана, размучкана... јас ја отворив набрзина. И.. претпоставувате што се случи, така? Откако излезе сета можна вода што можеше да излезе, мене ми текна да го затворам капачето.
Гледам ЛП сум добила,се израдував..отварам да видам од кого е .. Од summer-lover за summer-lover Сама на себе сум си пратила порака Заклучок:Forever alone
Spoiler Ми олесна Самр, не сум била единствена. Кучето ми избега, и другарка ми ми се јавува да ми каже и јас цела испаничена, ми беше страв да не преминала улица па коли да ја изгазат, трчам по пижами со пена на уста ( заби се миев) комшиите ме гледаат, една баба се исплаши ко ме виде со пената, а јас бушава по пижами ја бркам оваа мојава по улицине, одвај ја фатив. Она бега јас таква цела за нигде несредена ја бркам по улици.. леле брука, сите ми се смееа. може не е нешто смешно, ама да ме видевте само.
порано повеќе глупости праев сега само на интернет седам по цели денови каква глупост да напраам од соба немам излезено
Со оглед дена денес имав некоја си вишок енергија, цел ден чистев низ дома, дечко ми на работа беше, кучето го пуштив у дворот, и јас си пуштив музика погласно, и почнав. Откако завршив ме фати некоја нерва, и додека надвор беше уште светло си викам ај еден круг да го прошетам кутрето и таман да купам нешто што ми требаше од рептилот кој ни е успат тука најблиску. И така одам јас, со едната рака го држам мобилниот и зборам како навиена, а со другата го држам кутрето, занесена у муабетот со другарка ми, кога ќе видам сум влегла едно доби 2-3 метра у маркетот со кутрето. Една уанаби босица од горе качена на скали коа вресна, девојко ало бре, кучиња не смеат внатре. Леле господе, кога фатив да си се смејам со таа на каса што беше, абе она смеење кога се виткаш и не можеш да прекинеш, а ова малово ѓаволче па скока по луѓето што стојат на каса им се радува, е не можев, вака не сум се изнасмеала одамна, од срце! Сега кога ќе се подзамислам што ми се испонаша таа кокошката качена на скалите, криво ми е што не отидов да и ги мрднам да се исповртеше, она на нас така! Не, не, уште ми е смешно, џабе. Се дешава едноставно, а ова ми е прв пат у живот да ми се случе, едноставно презанесена бев, незнам, како да го заборавив кутрето дека е до мене.
Ми зимаа сабајле крв од вена и коа видов две тубички како полни и толкава игла во вената погодете што... се онесвестив Па шо да праам посилно од мене беше хахаха,коа ме освестија тоа докторки и сести се собрале околу мене па ме прашуваат дали сум добро хахаха срамотилаци
Денес требаше да пишуваме за „Собирачката дејност на браќата Миладиновци“ на часот по македонски. И си отворивме ние компјутерите и почнуваме да наоѓаме информации... си најдов јас, и почнувам да пишувам... само тие интересите, ги направив интернети.. вака изгледаше тоа: „Најблиску е податокот дека тој интернет е со почеток...“ или: „...посигурно дека Димитрија дури по неговиот престој во Србија, ќе си спомне за интернетот на рускиот научник...“
На работа, со колешка на смена, доаѓа 16.00 часот, време кога останатите што се во наша непосредна близина, си одат. И јас така малку погласно и се обратив на колешката: "Сами смее?" И шефот од неговото забутано столче ми одговара: "Не сте!"
Се надминав самата себе си си рекорд сум за бруќи. Наместо да пишувам во сп, цел реферат си го плуснав во сдк. Треба под итно да си сменам диоптерот.
Колку е само интересно, да си ја фукнеш главата во двокатен, а потоа при симнување долу, да се слупаш лево-десно. И при тоа, да ти се изнасмее пола автобус. Прајслес! Мора да пробате.
Никогаш не шетајте куче што е дупло поголемо од вас,најдобронамерен совет Пошто прво ќе биде мирно и фино,па малку ќе забрза со одењето и вие ќе почнете да трчате,а после секако ќе види некое друго куче,па оно ќе почне да лета,а вие ќе бидете заплеткани со ланецот и ќе ве влечат како роб. Само една работа,памет за друг пат Сликовно да ви прикажам: Пред Потоа
Лаптопот почна да свири, празна батерија. Го занемарив, се исклучи. Одам на брзина до детска, земам полначот, го приклучувам во стуја-нејќе! Нејќе нит да се полни, нит да се уклучи. Ме фати паника. Гледам во телевизорот-има струја. Во што е проблемот? Ај си викам да видам до штекерот да не е, може овој не е арен. Само што го извадив од штеќер, ми тресна долу нешто. Што да видам... се заплеткал полначот од лаптопот, со полначот од мобилниот. Јас сум го приклучила кабелот во лаптопот, ама во струја сум го уклучила полначот за мобилен. Сега е се` во ред.
Вчера бев на забава. Си го ставив новото фустанче што го купив пред неколку дена. Некаде пред крајот на забавата се чепкам на грбот да видам дали сум испотена, кога сфаќам дека сум заборавила да ја извадам етикетата.
Заборавив дека носам боди, секако не го закопчав. Кога сфатив каде се' не прошетав.. Денес од дома нема да излезам, што уште може да направам?!?!?!?!