Уште не оладен сутлијашот, течен, јас трк да го пробам. Додека да стигнам до дневна, пола ми се истурил на тепих, а пола во ракав ми влегол. Немаше да биде толку трагично, доколку јас не го „пресолив“ со какао и не беше толку темен сутлијашот, а светол тепихот. Е па ќе си рабаш Елено, ќе си рибаш. Кога не гледаш кај одиш...
Испив чај, нескафе, капучино, јогурт во рок од 1 саат дур седам пред пц и мислам дека ќе Баш сум талент..
Што Бог ме тераше да носам кратка блуза кога требаше да ги пробуваме униформите .Ми ја видоа долната мајца,хулахопките и малку гаќите.Ете ти последици од фармерки со низен струк .Јас облекувам од позади другарките ја спуштаат блузата. А фацата на машките чудо невидено...
Му вртам јас на еден мој другар да го прашам во врска со едни прашања за училиште,и тој се јавува и јас му викам еееј,знаеш ли зошто те барам..?и тој ми вика зошто.?и јас онака весело му викам па затоа што имам кредит...
го измешав дечко ми со брат му (близнаци се), ојдоф до него и му викам јас дојдоф, и тој ми вика ***** внатре е те чекат, ова на училиште се деси, за среќа што не го бацив се стопив пред негоо
Бев на роденден кај најдобар другар и незнам како се сопнав он нешто на земја се спружив колку што сум долга и широка Брукиии ( не е баш последна од пред скоро една година е )
Ако јас не направам некоја глупост, тогаш се прашувам кој. Денес, на училиште, наставничката по биологија не повика во училницата на другото одделение. Бевме неколку девојчиња од моето одделение кои се одговорни за таканаречениот клуб/ секција во која учествуваме. Сите културно влеговме во училницата, седнавме и внимателно ја ислушавме наставничката. Откако заврши разговорот, мене ми ја подаде папката која стои во нејзиниот кабинет и самиот клуч од кабинетот и ми даде одговорност да ја однесам таму. Ја однесов и ја ставив на местото каде си седи, и се вратив во училницата, само да го вратам клучот. Влегувам во училницата, и го дадов клучот на наставничката и се упатив кон вратата. Ја фаќам кваката. Не се отвара. Повторно. Не се отвора. И пак. И пак не се отвора. Во позадина се слуша смеа, јас не можам врата да ја отворам. Замолив некој да ми помогне, а тогаш уште повеќе почнаа да се смеат. Ајде, се најде девојче кое стана и ми ја отвори вратата. Кога излегов... Леле, зарем толку сум глупава, па ни една врата не можам да отворам.
Креонот ми се кршеше постојано и решив да го оставам да ми се стврдно малце во фрижидер за да може полесно да го наоштрам. Поминаа неколку дена и го барам каде ми е, каде ми е.. го нема. Отворам фрижидер и го гледам на полица си седи. Ејј што бара тука бе.. па се сетив
А таман помислив дека ги намалив глупостите (после поплавата што ја предизвикав, неподносливиот мирис во мојата соба на таванот заради отровите кои ги правев, млекото што го истурив на креветот, бањата која ја поплавив кога се туширав, трчањето како мува без глава и „сообраќајната несреќа“ со велосипед) и еве, не било така. Отидов да се туширам. Не знам кој ѓавол ме натера. Има некое нешто, некое филтерче или како и да се вика на отворот за вода во туш-кабината. Јас решив да го извадам. Заборавив на тоа и продолжив да се туширам, да пеам, да си замислувам ситуации, како и секогаш кога се туширам. Почнав да си играм со капачето од шампонот и морав несвесно да го ставам во отворот. Кога се сетив што сум направила и се обидов да го извадам тоа глупо сино капаче, веќе беше доцна. Заглави.
јас само пари гинам ... ццццц сабаље, ајт 60 денари си паднале некаде по пат. па си останав гладна на училиште хахах
последно... наставникот по физичко ми рече да се вратам по дневникот а јас (бидејќи мн. често го земам) му реков: а наставниче, ја ли сум дежурна, му покажав среден прст и си излегов од салата кулирајќи си
Значи вакаа.. Ѕвонеше и ајде сите надвор од училна искачаме и слушам некој вика по мене, димковскаа, димковска..(ама јас горе на втори спрат, а професоров доле на скали, на први спрат) и коаа глеам доле професоров по гео.. и му викам ,,оо кажете професоре'' .. и вика он ,, димковска ќе ти го фрлам пенкалово да го фатиш и да го однесеш во прво три на еден ученик'' , и јас онаква,, нема проблем професоре'', и он фрла и јас таман да го фатам, го испуштив од раце и тресна доле, и се скрши и он вика ,,абе димковска го скршивме пенкалото, ајде ништо'' и ја тука се пукнав од смеење и како баш се се погодува се со професоров по географија н екои вакви случки ми се погодуваат
Денеска правам муабет по телефон со брат ми и онака му се фалам дека читам книга. Ме прашува чоеко која и јас си кажувам Me Before You ама арно ама наместо да ко кажам авторо Jojo Moyes(сега незнам дали на Македонски ќе му дојди Џоџо Мојс) ама како и да е јас ко од пушка викам Моџо Џоџо(Mojo Jojo) то е онај мајмунот од пауверпафгрлс со мозоко. Ко се сетив со кажувам се умрев смеење. Сега цел ден ми се смеат со татко ми и мајка ми поради тоа, сите ми ѕвонеа на телефон
Па добро не е последна , малце од поодамна е ама нема везе : Одиме на гробишта со баба ми и таа поминува покрај оден гроб и вели : - Леле па овој човек здрав беше од што умрел ? И јас со цел памет : - Па нели гледаш бе бабо пишува на надгробната плоча ,, Од фамилијата " ( нели пишува од кој е гробот и јас тоа го треснав )
Позајмив УСБ од една комшика, ми требаше да испринтам нешто. Отидов, испринтав и си дојдов дома. УСБ МИ ОСТАНА ВО КНИЖАРАТА. Ќе одам да го земам сега
Денеска по право станав да одговарам, ме прашува за акционерско друштво и јас почнувам и наместо да кажам основачко собрание,јас реков собраничко востание !!! wtf?? ама важно ја насмеав професорката Чудо дете !
Вчера бевме излезени неколку другарки и почнавме да зборуваме за серииве и ја залетана наместо султан сулејман реков хурем султан и неговите жени а другарками сулејман султанката
Се договорив со дечко ми денес во 17 да се чекаме и јас се успав... Станав од спиење во 6 и има што да видам на телефонот 47 пропуштени повици. Ме чекал тој душичка, дур јас сум си спиела..хјфдцхгдехцфхфцвхјдфве.... само јас можам да сум толкав идиот.