Шетавме со дечко ми и ај да седнеме на кафе малку... седнавме а јас се одлучив за чај ... И ми го носат чајот нормално водата посебно кесенцето парче лимон... и имаше гласна музика и келнерот ме прашал дали сакам мед ,а јас : леед не бе зашо лед .... И овој само чудно ме погледна и замина.... И дечко ми се смеее ,викам абе овој будала ме прави врела вода ми носи и ме прашува лед дали сакам И дечко ми ми кажа шо ме праашал келнерот Важно јас си се изглупирав
Си тргнав ја во школо без ранец. Ехеее дури стигнав до школо,после кога приметив трк накај дома. Што ќе праиш, прва смена цела заспана не знам кај сум. И еднаш тоа одамна беше пред 1 година можеби, се вратив дома без ранец. И си стигнав ја дома и не ни приметив ништо и мама вика кај ти е ранецот и ја ваква . За среќа блиску ми е школото инаку.
Си се преселив ја таква цела среќна, ајде да се бањам во новото ВЦ. и таква си уклучувам тоа кај што има нацртано болјер, си чекам и си влагам јас да си се бањам и си пуштам вода глеам таман како за мене и си викам брее што е арно и водата си знае кога како треба за нов газда си се намокрив си стаив шампон и кога лед ладна водааааааа ајдааа, и тааква брзо косата во пеешкир ( читај : со шампон ) искачам успаничена кога да ти видам сум уклучила гралица што нема и си седнав јас до печката и седам кога да видам косата џоа метла ми станала и таква чекам чекам и се стопли водата и си се избањав.. Хепи ендинг
Батерфлај реши да прави пуканки И само што ги ставив, заѕвони телефонот, и јас во дневната сум се занела во разговорот и кога влегувам во кујната што да видам Сум заборавила да го ставам капакот на тенџерето и пуканки летаат на секаде
Еее сега Белибер ќе ви каже што направи пред околу еден час...Останав сама дома и решив да правам Мрзлива палачинка.Си реков па не се вика за џабе мрзлива,сигурно многу е лесна за правење.И почнав јас,направив се,ја ставив во тепсија и таман да ја ставам во рерна,ми текна дека не ја уклучив И реков додека се пече да сомелам лешници(демек се по рецептот да правам),ама не можев да го најдам тоа за мелење па одлучив да ги сечам со нож.Отворам јас полицата кај што е даската за сечење и ја гледам таа на крај,а пред неа еден куп пластични кутии.Почнав да ги ваѓам една по една и кога веќе немаше место на земја за да ги ставам,ставив 2 на ќумбето дека до мене беше.И таква јас "уживам" сечејќи ги лешниците,кога нешто почна да ми мириса .Се вртам,и што да видам,тоа ќумбето запалено да ти било и пластиките почнале да се топат,а јас уште не сфатив како не приметив .Да се вратиме на палачинката.Ја боцнав со виљушка и демек ај готова,ја извадив,почнав да ја сечам и кога гледам таа жива внатре .Ај ја вратив да се допече и ја извадив,ја пробав и во тој момент изгледав вака: . И на крај си реков џабе ти е Белибер,не те бива за готвење,подобро престани да готвиш,пред да ја запалиш куќата
Хахах вчера си реков ај да го пробам новиот автомат за кафе што ми е дома. И така среќна радосна си правам кафе кога се полни шољата ја тргнав на страна и оп ја превртев. И пљас шољата на земја и цела кујна со кафе..
Минатата недела требаше да си го скенирам пасошот и да го пратам. Едвај најдов скенер, продавачката ми направи услуга, ми го префрли и на усб. Почнав муабет со типката и кога си кренав, на крај памет не ми дојде за пасошот да си го земам. Си доаѓам дома, седнувам на ком да префрлувам, бркам по ташната и ваква цела прво помислив дека го имам изгубено, од после ми текна Утредента мама ја праќав да го земе
Вчера ,со другарките ко од Недојдија ненаспани седиме во дворот.Теми за зборување тапа,во еден момент гледаме двајца делат флаери ..поточно фрлаат насекаде,на авта,во дворови итн.И така из чисте досаде ја вклучивме камерата и решивме да крадеме флаери .Пред да земеме флаер броиме 3,2,1 АКЦИЈА И така цел саат си крадеме ние флаери,кога да видиме сме собрале 53 флаери за цело маало.На компанијата ем им го смаливме прометот,ем им ги уништивме флаерите.Цел филм снимавме .... We are crazy and we know it
Милион се неможам да одвојам ниту една хаха ) па имам секакви мемории од детство а сега сум покулурна хахаха не правам глупости до толку.. али еве сега од тие кога бев поголема односно лани бевме со другарка во Сити мол и го глеам него во бургер кинг и викам ај ќе пиеме по една кока кола и зимање јас телефонот да го сликам и он пуштен не знаев дека тонот ќе праи тоа чкљ и они фрлиа некаква рецка и јас цела црвена ко демек се сликам со предна АХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХХАХА и не беше толку после сакав пак и пак не го изгасив тонот како што треба стиснав ама не убаво и една од девојчињата у друштво што му беа фрли пак рецка и јас демек другарка ја сликам ХАХАХ ))
Бев на доктор пред некој ден. И сега нели место книшка има едни такви картички, знаете какви де. И таа картичка не знам како успеав да ја заборавам во болница. Си доаѓам дома и кога гледам ја нема картичката никаде, после кога си вратив филмот ми текна кај ми е. Живи срамови. А пред некоја недела си заборавив УСБ-то во книжара. Сега ми е страв да идам да вадам пари од банкомат, можно е и таа картичка да заборавам да ја извадам. Уште малку и проблем ќе ми стане тоа. Од дома ми кажаа добро е што ранецот си го носам стално дома, барем него да не го изгубам некаде. EДИТ ИНФОРМАЦИЈА: Мајка ми само што се врати. Картичката ја нема кај докторот. Не ми се верува. Кој дебил сум еј. Сега ќе ме убијат, готова сум. Инаку сигурна сум дека ја оставив таму, не сакам да ги кривам докторите, ама кај нив треба да е. На масата си беше, не ја ни земав од таму. Значи не е можно.
Си одам јас така накај факултет и се трудам да ги отплеткам слушалките за да си пуштам радио на телефон. Ај некако се отплеткав, попуштам глас... не го бива. А си чинеа слушалките, арни си беа, што им стана? Го попуштив гласот на најсилно и конечно почнав да слушам.... ама и сите на постојката покрај која поминав слушаа Сум го уклучила радиото на звучник, не на слушалки. Ех... ако слушнавте утрото Петар за појадок и пауза, јас бев
голем баксуз си извини ако те навредив ама убаво ти викаат твојте за ранецот а понародно кажано еден ден и главата ќе си ја заборавишш :/
Бев излажана дека ќе игра титаник на сител. Ок ќе беше се, ако не излажев јас пола форум дека ќе игра титаник а и неколку другарки. Добро Титаник игра, ама некоја си играна серија. Ех Џени, ех будало.
Истото ми се случи мене во автобус кога си одев дома. Слушалките ги ставив во погрешното дупче од лаптопчето... седев сама назад во автобусот, немаше гужви и затоа реков ајде ќе го пуштам и си попуштам така не ми се слушаше и нешто чудно ми падна кога гледам сите слушаат... Sting - Desert Rose
Ми се лизна едноставно тацната за кафе, на работа, сол ја направив. Кај најде баш кога газдава беше тука.
Денес кога се погледнав во огледалото си испратив бакнеж и си реков сама на себе со насмевка:Буѓи!Буѓи!Мало мило бебе!Многу си убаво!
Имаше една топка во дворот, јас секако не ја видов, нели крената глава и си брзам си одам и кога ја настапнувам топката и паѓам заднички по скалите во подрум. Паднав со грбот.. Немате поим колку ме боли. Немате поиммм Не разбравте сигурно како паднав. Ама да ви кажам, паднав од 2 метри и тоа одма на скали со грбот и нозете на горе. Згора на се и топката по глава ми падна... не можам хаххаха Сега ми е смешно, ама жално е.