Моите си излегоа и ме оставија ориз да правам за ручек. Јас, цели часа пред телевизор. Околу 4 саат си велам:"ај да го ѕирнам јадењето". Кога отворив рерната, цело тавче црно, па и мириса. Го средив некако да не изгори цела куќа, кога ете ги мама и тато. Мама:" Лајт, ај намести ја масата, да јадеме". Јас, опа цупа, на масата јаглен. На крај битно го изедовме, и, всушност. беше превкусно. И друг пат ќе го оставам оризот во рернс додека да се оцрни тавчето.
Вчера одам на тренинг и јас си велам Сноу ајде малку набиј кондиција доста се влечеше по улиците и успеав , од дома до салата обично стигнувам за околу 20 мин но вчера за 6 -7 мин . Ама јас како и секогаш морам да направам беља . Стигнувам до центарот и нели се брзам ќе ја преминувам улицата . И на поминување , бидејќи имаше повеќе коли паркирано таму јас сум се залетала и одеднаш кола од авото школа поминува а јас веќе поминувам покрај колата и трчам . Остај тоа што имаше коли таму , не беше тоа доволно за да влезам во земја па и шоферот одеднаш закочи а јас се правам дека ништо ниту гледам ниту слушам . После се покајав ама дека , јас веќе се изглупирав и си велам Сноу човекот ќе ти мава пцовки додека е жив . Ама ајде се случи , инаку ова ми се случува по втор пат во неделава да имам проблеми со сообраќајот .
Ништо посебно. Само што во 00:30 се погледнав во огледало и сфатив дека косата ми е мрсна. Утре треба да одам некаде, а нема шанси да се појавам со мрсна коса а и плус рано е во 6:30 и ми дојде една фикс идеја да си ја измијам сега косата. Немаше топла вода па решив со ладна да си го измијам само предниот дел на косата. Ок е сега. Сушам ја, уште малку ми е мокра. Па ќе ја виткам со пеглата, па ќе пеглам рубите за утре и ќе си легнам. Можеби и ќе поспијам два часа? Ако ме нема деновиве да пишам, да знаете болна сум, дојдете ми на посета. Како подарок може да ми донесете некој шампон што не ја масти косата, можеби?
Ги знаете оние оградине... ко минијатурна бандера (со големина до коленка), на определено растојание се распределени и се поврзани со некоја жица... Е па, прееска да се разминам со неколку луѓе, отидов ептен на десно (лоша проценка) и си го заринкав коленото во тоа бандериштено. Зошто, бе кога се разминувам со луѓе, мора секогаш јас да се тргам на странаа?
Истурив чаша вода, позади компјутерот, врз тоа каблите. Нек се угоде, један је живот. И без невоља мање вредан.
Извадов копче од тастатурата и не знам да го вратам назад и сега стој залепено со селотејп Аферим Меј, аферим Сега ми е срам да прашам кај што поправат компјутери дали ќе можи да ми го наместат да не ми се изнасмеат
Денес мислев ќе имаме први час, па се разбудив во 06:00 да се спремам. Се спремав и ја чекам другарка ми, неа ја нема. И си велам да не се успие ќе и се јавам. И таа спиеше, секако. Мислела ќе немаме први час. Па јас и ѕвонам на една друга школска и таа ми кажа дека ќе немаме први час. Кој е сега крив и будала?
Значи само јас ова го можам и можеби уште неколку таленти на светов како мене што се..Мајка ми правела торта и ја ставила во ходник на една наткасна што е,а јас таму клучот си го ставам секогаш..Ии се враќам денес од школо затрчана, си го фрлив клучот таму и отидов во друга соба.После околу 1 час мајка ми ми вика ај оди стави ја тортата да се замрзне, да не прекинувам јас со работа.Одам јас и што да видам ... Во тортата дупка, а во дупката мојот клуч.Не знам само како не ја видов тортата дека била тука ни пред тоа, а ни од после,мислам кога го фрлив клучот.Леле луѓе кога почнав да се смеам не можев да престанам,а па мајка ми кога ја виде ваква остана .
Хахах јас еднаш згрешив смена и влегувам у училница гледам други ученици и се чудам. Излегов и и вртам на другарка ми абе нели доаѓаш денес она даа ама рано е јас како рано јас сум у школо она абе втора смена сме читаа соопштенние за промена нс смени во петокот. А јас не бев во петок хаха.
Се изгорев на плинско, бе! Уште еден белег, супер! Прво со пегла, со преса, потоа на печка, па во рерна, сега на плинско... what's next? Рингла, maybe? Иии... го изгубив чадорот.
Во средата решавам задача математика на табла, и ја решив ми вика точна е и јас од среќа тргнав на кај вратата и ја отворив, му викам на наставников Довидување! и си излегов! Гледам во ходников никој нема, се чудам.... Лелеее кога се сетив шо направив, отварам вратата гледам цело одделение паѓа у несвес од смеење заедно со наставников.. И сега наставников цело време ме зафркава дека сакам да си одам порано ... Ииии после седнувам и зимам на другарка ми од рака и го земам моливот и почнувам да си пишувам , ми вика еееј шо правиш бе ти? И јас озбилна, ништо си пишувам.. А со кој молив? Ајј си викам шо му е на девојчево... После кога ќе видам со нејзиниот молив пишувам а мојот господарски си лежи на тврдите книги ...
Под дејство на ПМС ја удрив десната рака од ѕид намерно ( е знам де кај ми беше мозокот ќе прашате) и така си завршив в болница,дома напукани сестра ми повторно ја измалтертирав а штотуку си дојде од работа...и дирек во брза помош со такси,ама ме откорна болење...оттаму на болница во ортопедија...и ми помина замислете откако дојде докторот ( едно повеќе од 40 мин беше чекањето) а мене ми беше страв да ја мрднам раката...ама ја мрдав дур чекавме и болеше...Ми рече докторот не ти е ништо еве ја мрдам не те боли и ми се изнасмеа ццц хаха оф леле мајко моја...бев..бруки И така со мраз си ја ладев и некој крем шо ми го даде дечкото на сестра ми се мачкав..... Знам немате зборови Btw Го излажав докторот дека сум паднала на неа и сум ја згмечила и на крај не го излажав него туку себе...нели?
Па јас Ми тргна со глупостиве деновиве............. Ручавме и јас незнам како ама сум се замотала во чаршавот за јадење и кога станував, се сопнав и паднав.. А заедно со мене падна и се шо имаше на масата ...... Компири, копани, зелка салата, морков, краставица, вода, сок..... Лелеллеле мама кога виде срцев удар ќе добиеше.... Како можев незнам да се замотам така со чаршавот .