Старо е ова, има два три месеци: бев во канцеларија кај што седат професорите, а таму беше само класната моја. Мене не дека нешто ми требаше, ама ојдов за да се прошетам и да излезам од час (пред тоа направив посета на вц, муабет со чистачките ама не врвеше времето). И влегов што влегов, побарав лист и пенкало(од немајкаде) и се прашавме што час имам, а таа гледаше некои слики на компјутер. И ми даде лист и пенкало и ми вика ајде оди на час. Не знам од кај ми текна и викам: Аааа неее, сакам слики да гледам. Ми направи фаца и јас сфатив што стропав, се изнасмеав и си излегов. Во меѓувреме ѕвонало и еден професор влегуваше баш во моментот кога јас излегував. Истовремено се фативме за квака и јас турнав за да отворам, а тој тргна кон себе и се исплаши кога ме виде: Абе Ејнџел ме исплаши. А јас целата окезена за глупоста со сликите: Па што барате да влегувате кога се плашите???
Си бев на кафе , ме мана жеското во глава го испив шо го испив си станав заминав, по една секунда осетив рака келнерска на моето рамо.. .да платите ооооо глупааааааааа форгет ит ...и надокнада од 10 денарчиња му дадов шо ме потсети
Сега ми текна на една доста големка глупост значи пак не е последна, во последно време мирна сум пред 3 години со другарка ми во воз бевме ќе патуваме ... и имаше еден дечко со нас ... и дечково имаше бомбоњера! и јас одма тука пријателство да ширам, за бобоњерата де и се разврзавме муабети, и му викам може едно бомбонче! и вика може може, и ја отвори... ЕДНО???????/ ПОЛА БОМОЊЕРА МУ ЈА МАВНАВ цццц, срамота бре, леле хахахахаахха!!! тешка брука сум некад
Одам заби да си измијам и отварам тоа огледалото и една до друга ми стојат пастата и пената за бричење. Земам четката, отварам чудото и пред да ставам на четката се освестувам и сфаќам дека ја држам пената , а не пастата.
Епа последното мибеше денеска.. Си идам ја дома Јас: Мамо требат ми пари! Мама: Колку? Јас: Мамо ама многу. Мама: Колку многу бре Памела, ајде треба ручек да правам. Јас: Мамо незнам ама важно не е до кај 500 денари. Мама: Памела а зашо ти се пари? ЈАс: Мамо за абортус. Мама: Памела..дете 13 годд. имаш од кај ти текна (оно жената се стаписа ама ја откако почна да се смејам јасно и беше) XD
Истото ми се случи и на мене...само што се работеше за розевата веет крема...а има и розева паста и јас паметната не осетив додека не го осетив во уста....после устата ми беше ко ...
Анели си била без влакна на јазикот - во буквална смисла. Инаку често ми се случува да ја промаршам бојата на сенка, така цели 3 пати по ред имам брцкано во црвена сенка, пазете црвена накај бордо наместо во кафена. Денеска за малку ќе брцнев во неа наместо во камената пудра, а ме чекаа сите пред куќа за излегување, па замислете што ќе беше.
Леле, ова ме потсети на една глупост, ама не моја, на татко ми. Еднаш ми вика: Абе зашто шампонов за коса не прави сапуница? Кога идам да видам, со субрина миел глава. Пред некој ден со балсам за коса.
Седам дома со кратки пантолчиња... резултат: од коленово надолу (лева нога) ме имаат каснато 14 комарци.
И ја со кратки панталони- пижами. Али затоа некако го наговорив татко ми за мрежалник (комарник) и фала богу неам више ни лептири, ни бумбари..
не е баш нова ама секогаш ќе ја памтам со другарка ми решивне торта ќе правиме. деца и ние толку знаевне фативне 8 јајца кладовне и шеќер и ајде сега да се печи. ко загоре то цела куќа чад мајка ми ко се врати косата и се крена а пред тоа си правевне филмчина како сите ќе ги изненадиме па ќе не пофала... пак ќе рачам деца.
( оваа глупост од одамна) 1....Како мала си ја бутнав главата во ограда кај баба ми ( оградата е како со паралелни линии) и после колку мачење виде мајка ми кога требасе да ми ја извади.. туркај нејке да искочи се заглави, ја плачам ме боли а сестра ми поголема, од страна ме гледа и се витка од смеење. Ден денес кога ќе ми текне по пола саат немозам да се соземам од смеење. 2.... Си седиме сестра ми, другарка ми и јас кај мене на кат на скали. И на сестрами и се припи вода и отиде дома да се напие, и се напи и искача и на врата едно силни ЖДРИГАЊЕ, и во тој момент се симнува едно дете што не се дружиме со него ама понекогаш се зезаме, и јас и другарка ми се виткаме од смеење и во тој момент како јаготка на шлаг другарка ми се превиткува од смеење и ТРРРТТ.... и толку ми требање ја да се помочам од смеење и наеднаш се слуша ПШШШ... и ја трчање во веце. По таа глупост неможев да спијам цела ноќ од смеење
Глупоста не е од скоро но сепак кога се потсетиме со сестра ми се смееме ко нездрави... Бевме мали јас некаде 4 одд а сестра ми 2 одд.претходната вечер бевме јаделе пици и дека не можевме цели да ги изедеме ги оставивме за утре сабајлето. И сабајлето јас и сестра ми сами дома со една комшивка-другарка и таа колку нас голема. И сестра ми:дадо ај згреј ми ај пицата во релна сакам топла и јас таква целата: ок дадино сега веднаш ја ставив пицата во чинија и брц во релна,релната на најако пуштена и си седавме на тераса си играме карти... Се заигравме пицата си се згреала,изгорела зачурела и кога засмрде цела зграда уфффф влегувам во кујна чур наоколу не се дише,од кутрата пица останало само крајчето тоа подебелиот дел. И паметни да не дознае никој врц изгорената пица низ тераса позади зграда ја џитнавме... ДЕЦА
Оваа ми е најсвежа од пред недела дена. Кај нас во маало едно два часа мјаучеше некое мало маче, ама онака греотка звучеше. И после еден сат молење успеав да го натерам маж ми ( кој патем речено тргна во пижами со мене) да одиме да го бараме. И така се вртиме низ малото и оп го здогледуваме мачето на една гранка на дрвото кај комшиите. Маж ми се ослободи дека ете го видовме,добро е и ќе си се симне само, AMAAA јас си имав друг план. . И така си се качи маж ми на оградата, по пижами кога излегува комшијата со папуча во рака и му вели симни се од кајсијата не ти е срам Толкаво магаре па и по пижами си ми дошол. Па и со засилување плус. . Додека се објаснивме со дедото се собра еден куп комшии. И да мачето само си скокна од целата бука, а маж ми цела ноќ се муртеше додека јас хистерично се смеев.
Имам огромна гребаница на десната подлактица која 2 дена убаво ме болеше, сеа се смирува. А зошто имам гребаница? Го гризав дечко ми, тој почна да ме скокотка, јас да го удирам, тој да ми ги фати рацете, јас него со нозе во меѓуножје .... и така тепање едно 10 минути. Резултат модрици на ногата и левата рака, голема гребаница со малку крв на десната од што се изгребав од ѕидот. Дечко ми има на стомакот саат голем убав со мои запчиња на него, личи на Касио и уште еден саат на раката, малку помал e oвој сепак некој пошкарт. Мајка ми ме прашуваше после тоа што сме правеле што имало толку врева и дали личи на 25 и 27 години да се тепаме? A да тепачката заврши со она јас на глава сум ставила Л и викам лузер си, он вика не ти си лузер. И така, со години не сум се тепала така. Сите сме деца понекогаш