Не беше последна ама сега ми текна Во средно на час по англиски правиме диктат и јас што знам знам,што не знам оставам празно место.И требаше за некој светец на се напише,на пример Свети Никола а јас не знаев како е Свети и напишав light .Сега знам како е ама тогаш снаџи се па живи Кој знае што си помислил професорот
Бев во КАМ маркет и си позарев мајками ми прати нешто да купам и јас отидов и купив и одам на каса да ми наплати продавачката и и ги давам парите и таа ми го враќа кусурот јас си го зедов и си заминав и излегувам и некој ми вика девојче девојче и се вртам и ми вика еден човек работиве девојчее леле тогаш јас пукнав бруки си реков зини земјо голтни ме и реков ај да си ги земам и ја отварам вратава од кај што се излегуваа и ми вака продавачката од другата врата лелеле за срамота арно што немаше гужва ќе пропаднев тогашшш и појдов усрамена си ги зедов и си заминав хаха и пријатноо после си рековме
* Заборавив дека до креветот оставив шише кисела вода, па така убаво го рашутирав кога станав... башка ни капачето не сум го затворила. БОМБА! * И' варев кафе на мајка ми на плинско. И guess what? Го истурив. * Две минути се обидував да се разминам со келнерот и на крај се удрив. * Се потправ на регалот и пола работи се струполија долу. Знам дека е последната глупост (еднина), али ме мрзи после секоја глупост да пишувам, вака кога ќе ми се насоберат. Башка три работи од горе ми се случија денес...
Денес идејки си од работа ме фати невремево, се прецоблеков и земав фенот да се исушам кога го слушам син ми(2 год.): мама дади сок! и нормално одам го сипувам во шишенце, одам му го давам фенот на бебето и одам да се фенирам со сокот!! Се освестив кога се видов на огледало!!!!! да му видевте фаца на сиротоно дете
Си отидов да си пазарам во кам, и место да застанам на каса да си платам, јас со се корпата си излагам да си одам хахахахха
Се будам сабајлево, жедна у пм, ми се пие нешто ладно и ми текнува дека у фрижидер имаше сок од лимон. Трчам накај фрижидер со полу отворени очи, гледам шишето доле, отворам и пијам - секундарно почнувам да плукам, да испуштам неартикулирани звуци и да трчам накај шољата да олеснам душа. Се исповраќав едно убаво посабајле, не ради сокот од лимон, туку оти сочно си голтнав 3-4 голтки ракија додека да сфатам шо е. Фак мај лајф, јас денес ни јадам ни пијам, до толку ми се стежи.
во маркет продавачката-може да наплатам? (јас бев замислена и помислив дека ситно ми бара) НЕ! сум се обрукала за цел живот
Еве една и моја последна ама најголема глупост Тргнувам рано сабајле накај факултет , и едвај се влечкав по патот од што не бев спиена.. Кога стигнав таму седнав на една клупа и го чекав професорот да отвори за да земам оцена. Едвај ги држев очите отворени , доволно ќе беше само да се потпрам и да заспијам. И си чекам така скоро цел саат кога дојде и мојот ред за да влезам, иии влегувам внатре и сваќам уствари дека не е тој проф. ама така цела збунета , и ми вели тој повели колешке и ја му велам - Ништо, и си излегов. Тогаш дури се свестив убаво дека сум ја утнала канцеларијата , па си се изначекав после уште толку повеќе дур да дојде повторно проф. од кого требаше да земам оцена бидејќи тој во мегувреме завршил и излегол додека јас чекав кај онај другиот хаха. Се обрукав до немајкаде
Една од најголемите глупости кои сум ги направила... После курс седевме со мојата другарка надвор и во меѓувреме торбата ја вртев околу мене и за несреќа во тој момент поминуваше еден полицаец кој несакајќи го мавнав со ташната во јајца хахахаха И сега пред половина час истурив цела чаша сок врз компјутерот на другарка ми и морав да чистам
Тетка ми ми побара да и дадам ладна вода и јас отварам фрижидерот и видов многу шишиња кои сите ми личеа дека се вода и и носам па си влегувам внатре. И одеднаш почнаа сите од надвор да викаат по мене. И мајка ми вика ти на тетка ти си и дала ракија. Жената ќе помисли дека сум планирала да ја опијам.
Се случува понекогаш да снемаме вода од чешмата обично наутро оти тој еден комшија вади бавчата и затоа полниме во шишиња за да си имаме секогаш за секој случај. И сабајле станав и да се измијам гледам едно шише од пиво во кујната ја мислев вода е оно пиво било. И си ги измив рацете дури приметив Добро е што на лицето не ставив.
Денес бев кај другарка да видиме нешто во врска со едни книги, небитно, и бевме седнати на маса, една наспроти друга. Е, на мојот стол имаше едно џемперче, со џебови од страна. И јас ваљда од што ми се многу ладни нозете, стапалото си го пикнав во еден од џебовите. Си седевме така, пишувавме, ги гледавме книгите, и ни притреба една тетратка, па другарка ми ми вика: „Оди на троседот стои тетратката, земи ја“. И така јас фино лепо, заборавена дека ногата ми стои во џебот од џемперот, станувам и во истиот момент се шлапнав на земја како жаба раскречена.. Другаркава ме гледа со покер фејс, мртва ладна, озбилна.. Енд д момент, станувам, си ја тресам облеката, ја гледам озбилна другаркава и и викам: „Уф, ќе паднев“ А јас како треснав, сигурно другаркава помислила дека ги скршив нозете. Не, не паднав, само си играв тепих..