Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последната глупост што ја направив

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 28 август 2010.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Леле кога ќе се сетам ми иде да се отепам... :tmi:
    1. Пред неколку дена бевме кај тетка ми на гости и ми вика ај затвори ја вратата да пуштам клима, жешко е. И станувам јас ама гледав филм и занесена кога слушнав еден силен тресок нема да поверувате ама телевизорот се стресе . Ја лупнав вратата толку силно, дури си помислив дека во рака ќе ми остане вратата, среќа ништо не се случи, добра е вратата.
    2. Во петокот бевме во Скопје, во Џамбо ама нешто плочките многу ми се лизгаа зошто сандалите ми беа такви и јас видов една играчка и сакав да се свртам мама да ја викнам да и покажам и се свртев за 720 степени :D и паднав :lol: ама се струполив така јако, уште ме боли левата рака. Половина од луѓето мислеа дека сум се онесвестила, половина паѓаа од смеа, јас се смеев само колку да не заплачам.
    3. Пред околу 1 недела бевме кај една пријателка на мама и ќе си одевме ама јас кога станав ми се сплеткаа нозете и паднав :D и јас како waterllady им викам „Леле, ќе паднев“ а јас се испружив на земја колку шо сум долга и широка.
    4. Мама прееска ми вика оди разбуди ја ХХХХ(сестра ми) треба да оди во Скопје и јас со ваква :o фаца и викам: а која е таа ХХХХ? :o :tmi: и мама ми вика како тоа која е па сестра ти е и 5 минути се освестував како ми се вика сестрата.
    5. Сабајле бев да ми зимаат крв и ми земаа ич не ме болеше(колку за информација :D ) и не ми беше ни страв ништо и туку наеднаш паднав на земја(по 1.000.000 пат за овие 5-6 дена), поубаво кажано се онесвестив :tmi: ама ништо страшно за пола минута се освестив. :lol:
    Браво, браво за мене!
     
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Си одам утрово по скали, ко зомби, а во рацете си носам пет лакчиња, ацетон и памук. Иако ми беа прекрасни ноктите.
    У така, шпрааас, ми избега црниот. Шпрууус, на тепихот во ходник. :D
    Шпљинк, црнило на подот. Ко лудача почнав да се тресам, а и истовремено да се смеам. Не знаев шо да правам. Ми помина тоа, ги тргнав другите лакови, задов да стругам... Не бре. Му отана на зелениот тепих црна шара. Ај, нова мода. :rolf:
    Само, мама кога ќе види сигурно нема тоа да го рече. :tmi:
     
  3. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Вчера отидов со мајка ми во тоалетот во Рамстор и ја почекав да оди во тоалет. Во меѓувреме нејзината чанта, ќесињата, мојата чанта беа во моите раце и одвај успеав и да си ја поправам шминката. И таа кога излезе јас помислив дека ќе си ја земе чантата и ќе и ја дадев, ама таа пошла да си ги измие рацете. И така ќесињата ми попаѓаа на земја и морав да се наведнувам да ги земам, а плус бев и во кратка суќња. Среќа имав што немаше многу народ во тоалетот, ама добро се избрукав пред тие што беа внатре. Ајде ништо страшно, се случува. :lol:
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Бев на презентација во факултетот и асистентката ми вика отвори нов фолдер со твое име и внатре стави ги фајловите од презентацијата. Јас со глувчето отворам фолдер, си штракам по тастатурата од лаптопот (го држев во скут) а гледам на екранот на компјутерот од асистентката и се прашувам зошто ништо не се пишува. :lol:
    Пробувам по втор пат, пак истото. Тогаш ми вели асистентката "Ама на оваа тастатура :) " и ми покажува.
    Кој резил. :tmi: Оттогаш многу мила ми стана бидејќи не се испонаша. Беше демек, знам те разбирам, и јас имав многу непроспиени ноќи заради факултетов. Уште по рамо да ме потапскаше. :D
     
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сабајлево шишето од кечап празно беше и сакав да го фрлам и незнам што ми текна и го мавнав низ прозор во на комшијата дворот буквално а тој бил наведнат работел нешто и директно по глава сум го погодила. :x Ме кажа на татко ми и од татко ми добив комплимент безобразничка :o

    Вчера си седам така на скалите си читам нешто и на оваа другарката пред мене шо живее брат и гледам кај нив отворен прозорот и брат и цело време ми свирка од прозорот и се крие. Тој мисли дека не го гледам ама уште прв пат ко свирна знаев дека е тој. И ништо го игнорирав нека си свирка. И си пишев после со другарката ми кажа на црква ќе одела со мајка и и татко и, и и викам а брат ти вика дома ќе остане. Само што отидоа тие земав еден стап и му тропнав на прозорот оти им е повисок и се сокрив. :D Кутриот тој 5 минути стоеше после тоа на прозорот и се прашуваше што тропна.
     
    На shushu, LittlePinky, Stefani999 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Сабајле лупев патлиџан за летна манџа да направам и на крај наместо да ги фрлам лушпите во ѓубре јас излупениот патлиџан, и се откажав од готвењето :lol:
     
    На iloveyou29 и eloves им се допаѓа ова.
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Hahahahahahaha, me nasmea :D
     
  8. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    кога бев седмо одд. со другарките бевме на концерт од виктор апостоловски и први појдовме таму да фатиме место жива душа немаше :lol: ( не беше баш концерт како свирка во кафич ) и ние 1 сат порано појдени незнаевме што да правиме и си седнавме на маса пред бина и си седиме така 10-20 минути и иде келнерот и ни вика : што ќе порачате за пиење ? .. ние сите од дома излезени со 30 денари колку 1 шише фанта да купиш во тоа време :rofl: и му викаме : не фала , ќе чекаме ко ќе дојде виктор тогај ќе порачаме хаха :rofl: :rofl: си замина чоекот назад и си се изнасмеа ние се чудиме зошто се смее :lol:
    после дојде виктор пред нас сите испобудалевме како господ да сме го виделе :rofl:
    дечишта
     
  9. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Истурив шише сок и целите плочки пливаа во сок. Значи саката сум во тоа рацете! |(
     
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Бев гладна и земав да јадам колачиња. Во исто време имав слушалка во увото. Слушалката случајно ми падна и ја зедов. Во едната рака го држев колачето, а во другата слушалката и наместо да го ставам колачето во устата, јас по грешка ја доближив слушалката до устата. Потоа сфатив што всушност правам и си се изнасмеав сама на себе.
     
    На Osamena devojka, Lella, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Порано живеевме во стан,близу до болницата.. Кога бев малечка, летото пред да тргнам на училиште, имав обичај да врлам 2-3 живи јајца од тараса.. Еден ден комшијата ја поправаше колата(жежок летен ден) а јас во тој момент врлив едно јајце, и оппа на кола.. и една лушпа во кутијата со алати.. јас одма се прибрав за да не ме види, и го врлив второто јајце од друга тараса, - и кај еден доктор на палто. :rofl: Ама, комшијата со колата изгледа ме виде и дојде дома кај нас на кавга :sweat: ама со лесно си поминав, само со еден шамар.. :lol: Ама многу се засрамив :worried: :|
     
    На Osamena devojka и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Денеска ни дојдоа кумашините на гости и требаше кафе да сварам.И го ставив и си викам сеа кој ќе седе да го гледа ќе одам малце во дневна за 2-3 мин ќе станам...И наместо 2-3 мин ја си се заседнав и мајка ми срипа наеднаш по кафето.Го спасиме :D :rock: ама немаше кајмак :(
    кумашините со кајмак сакаа.
     
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Си го заборавив клучот на вратата од надвор и си заминав надвор од градот на една недела. Па после звони ваму таму да одат да го земат додека не ми влегол некој. :fubar:
     
  14. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Да кажам или да не кажам :$ ај ќе кажам :D
    Бевме со дечко ми, еден другар мој и девојката негова на купување. Не дека купивме којзнае што, со по едно кесенце во раце ама не е важно, битна беше дружбата :) И дечко ми си купи кратки панталони а другаров боксерки. Сме ги помешале кесињата и сите по дома. Видовме со дечко ми и ај да се јавам јас да кажам а тој имаше последен повик на еден негов колега. И незнам како не збележав, ѕвонам јас .
    Он : Ало
    Јас: Еј абеее боксерките кај ти се тебе?
    Он : Кои боксерки, кој е на телефон ?
    Јас : Абе ај не ми се прави измачкан ,донеси ајде нашето да си земиш ти твоето.
    И почна да се смее колегава, јас :o гледам во тел. друго име :$

    Дечко ми ваков :rofl: јас - зини земјо. Па го терав да се јавува да му се извини , па му кажал ај бе не знаеш каде си оставаш гаќите :tmi: :D
     
    На Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.377
    Пол:
    Женски
    Зборев со мама на фончето,и во еден момент испаничив и и реков да ми заѕвони за 5 мин. затоа што мислев сум го заборавила телефонот во школо :drunk:
     
    На cooll, Lella, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Horrorka

    Horrorka Нов член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    12
    Вчера се подновив со нов пар штикли. 8)
    Утрово одам на работа, по грешка влегов во една училница каде што имаше осмооделенци, наместо кај моите.
    Деца како деца, си играле фудбал со капачка од шише. И нормално, кој ако не јас ќе стапне врз неа. :rofl:
    Оооп, штиклата се закачи, оди па откачи ја. :D И ништо, денес си купив исти такви, само црвени. 8) :D
     
  17. Bojana.20

    Bojana.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Јас бев возбудена а немав причина. Добро ајде, и кога завршив со јадење, ги кренав овие, јас го оставив леб во фрижидер (што мајка бара таму бе :^) ). После 4-5саати, ја го барав леб 10мин, бев изнервирана. После тоа сакав да видам што има во фрижидер, кога го отворив бев таква фаца :o ..
    за тоа пак се чудам :tmi:

    хахахахах е ова никогаш нема да заборавам.
    Во школо, седевме последна клупа со машкиве,ни беше досадно на час, нормално беше тука професорка ги провери некои проекти за матура. Е еден од нив ми рече да го пуштам интернет пошто имам бесплатен интернет на мобилен телефон, си го пуштив, и овој го земал лап топ на една школска, и си пуштил порно, го гледавме и овој беше напален, ја се згазив од смеење, професорката не виде, ни викаа, и дојде одма но овој неможел да го исклучи, одма го затворил лап топ, професорката лута, и го рекол да го отвори, овој вика ама нема батерија, се исклучил, и професорката лута,сама отвори лап топ,и ВИДЕ.. не избркаа од час, не запишаа. ХАХАХАХАХАХАХАХ :D
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Pregi pecev riba vo furnata i koga bese gotova ja izvadiv i trebase da stavam kroketten da se pece na hartija za pecenje. I kako sto gi stavam so se hartija, edno kjose od hartijata se dopre do gorniot greac i se zapali, a uste ne beaa staveni ubavo vo furnata i plaamen :o lelee se pretresov. Ja iskluciv relnata, viknav po mm da dojde i pocnav da ja duvam hartijata da se izgasne plamenot i go izgasnavv :sweat: dobiv nekolku lekcii :$ ama um za dr pat. :!:
    Ke izgoreme kako gluvci, Bog da cuva.
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.592
    Пол:
    Женски
    Сабајле влегувам во автобус, приватен (а знаете во приватен мора да извадиш слободната и да ја покажеш, за да те пуштат внатре). :D
    И буричкам ја низ ташна, а мобилниот и картата ми се стаени у преграда едно до друго, ги напипувам двете и некако механички, со цел памет го земам мобилниот и го покажувам на шоферот. :rofl: После некој дел од секундата, кога ми текна... :tmi: :$
    Е океј де, да се пофалам онака рандом на некого за новата позадина. :rofl:
     
    На Osamena devojka, Аliсe и Lella им се допаѓа ова.
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    По грешка му пратив понуда за пријателство на фб на еден дечко што ме бендисваше што досадваше порано претходно јас го избришав :@