Спектакуларно паднав по скали Во еден момент најнормално си се симнував по скали во зграда а веќе во наредниот се најдов како скала по скала, бам бам бам, со задник се спуштам надоле. Сцената беше како извадена од некоја бурлеска или од цртан филм. И да, моментално ме боли задникот, многу и тоа
И се испуфаф на сестрата дур ми ставаше инфузија Не можев да се воздржам,кај сум затната во носов и крајнициве и таму ли ќе се затнувам Си знае сеструлето,ич не и е гајле на Ази
И реков на професорка дека е болна и треба да се лечи..бев многу изнервирена од неа сепак не требаше така да избувнам :х
Значи јас кога спијам топови не ме будат. Епа вака татко ми дојде од на работа и sвонал силно неколку пати и на фиксен и на телефон и на врата. И се јавил на мама и прашал дали сум таму затоа што пробал да отллучи вратата и мислел дека е заглавена. Мама испаничена пибрзо излезе од на работа а тато немал што да прави и неколку пати ја турнал и ја скршил вратата. И де јавил на мама дека е се во ред со мене. Јас и тогаш не се разбудив и по неколку пати викање се разбудив, и уште реков шо како влезе дома и тато сега ја смена бравата. Му се сварил гравот на мама и тато. Од тогаш кога заклучувам го тргам клучот. Хахаххх
Прочитав на некој форум дека може гребаниците од екранот на мобилниот да се изгубат со триење паста за заби и јас да не останам покусо пробав и сега звучниците не ми работат како што треба. Си го оставив мобилниот на радијатор се надевам дека не се изглупирав премногу хахахаха
Си изронкав калинка си седнав и си викам така на раат ке си ја изедам кога ооопп целиот тањир на земја
Денес за малку во училиште ќе паднев на Физичко,но затоа што на паднав во училиште паднав дома ..Си дојдов дома,баш убаво се наместив да јадам и ми текна дека не зедов лажица..И така улетана по лажицата кога се слизнав на ламинантот се слушна едно големо БААМММ ..Баба ми и татко ми се извадиа од памет,а кога видоа дека не ми е ништо почнаа да ми се смејат..Еве татко ми уште ми се смее а мене уште ме болат газот и ногата
Синоќа пред да си легнам во 01.00 часот навечер ја варав тоалетната хартија крај мојот кревет што мислев дека сум ја купила вчера кога купив Дневник.Потоа легнав да спијам.Утредента кога се разбудив и расонив убаво ми текна дека продавачката кај што го купив Дневникот ми рече дека немале тоалетна хартија,утре ќе добијат и затоа не ни купив воопшто тоалетна хартија.Леле,колку заборавна сум била!
Бевме до лекар со мајка ми,со кола и така си излагам од кола и ми се замоткаа нозете и како за баксуз си шлапнав у вирот..
Овој викенд на Trap the fuck up се деси. Стоевме до dj-ите, и во еден момент едниот од нив ми заличи на келнерот. Му се напнав да ми донесе џин, а кутриот упорно ме убедуваше дека не е келнер туку DJ. Последно му реков: Па штоако си DJ, донеси ми! Ме погледна чудно, и се свртe.
Сум си ја измила косата со гел за туширање ... најверојатно. Приметив откако ми се исуши косата. Цела сабота ќе мие коса Теси, не оти попаметна работа има. Ааајјјј карррамба...
Што се вратив на форумов ахахах се шалам секако Изедов многу сарми ако продолжам вака Цацко ќе се направам И вчера претерав малце со греаното винце а денеска на еден бивши погрешка му лајкнав слика од 2009 додека го манијачев
Ме мрзеше да барам кабел за да си ги префрлам сликите од мобилниот во компјутерот, па си ги пуштив на мејл. И наместо да стиснам на мојот, несакајќи стиснав на мејлот од асистентка со исто име како моето ... Не се исконтролирав во моментот да проверам пред да притиснам на сенд и отидоа сите слики, од селфиња до храна и вино, како новогодишна честитка. Па ги чекам упорно тука и се прашувам зошто не стигаат. Во три сабајле, Боже мој. Сигурно ќе си помисли дека сум била пијана и ќе заборави, подобро нека заборави.
Синоќа пред да заспијам откако го изгаснав светлото и по цели час и половина мачење за заспивање во темнина многи гласно хистерично се смеев:Ха!Ха!Ха!Ха!Хаааааааааааааааааааааааа!Во исто време почнав и да плачам,значи истовремено и се смеев и плачев и стомакот многу ме болеше поради тоа бидејќи ми текна на Јанко Илковски и на неговите глупости што ги сереше вечерта во Јади бурек,а и онака на други глупости ми текна!Одамна вака не се бев убаво изнасмеала!Се ослободив од стресот што требаше утре сабајле рано да станам за да му држам на татко ми страв да одиме на стоматолог и потоа убаво си спикав се до сабајлето како бебенце!
Последната е на Водици, бевме со другарка ми да си купеме шише со вода, затоа што ни требаше шишето за да наполнеме од крстената вода. И на мене не ми се пиеше вода и во целата таа гужва, почнав да ја истурам, ама како да моча некое машко И сите се вртат накај мене да видат кој е тој будала што моча во јавност