Bese kaj nas majstorot za klimata i toj vnatre jas nadvor a prethodno ne go pustav brat mi da izleze i slusam nekoj idi i zedov se obesiv na vrata i drzam so seta sila jas trgam toj trga i samo naednas pustiv i koa vidov majstorot lele be jas celata pocrvenev nabiv muskul so nego debel bese
Место на мајка ми му се јавив на едно машко а бидејки мајка ми е на претплата и ми спушта машково ми крена лел кога се развикав знајш дека немам кредит а упорно ми креваш сега да ми ставиш ти и машково ми спушти и ми ѕвони јас си викам шо ме бара сега овај во 12ч полнок и ми вика еј навистина извини не знаев дека немаш кредит ако сакаш ке ти ставам утре и јас цеча збунета си велам од кај знајш дека немам кредит кога сватив што се случии му се извинив му кажав што е работата си се насмеавме малку де
ахаахахахах сеа само што му ги фрлив нечистите чорапи на татко ми преку тараса на 6ти спрат живееме инаку. Па морав, во едното вц (ги имаме 2) тој ги фрлил неговите чорапи и цело вц го засмрдел наместо да ги фрли во корпата која е во другото вц. Ама, бидејќи сестра ми го зафати едното, смрди во другово, морав да сторам нешто. Ќе му речам дека сум ги фрлила пошто задутре сме на одмор и мајка ми и онака нема да има време да ги испере
Седам пред компјутерот и јадам помфрит и онака ептен занесена пробувам да боцнам едно компирче и не успевам, пробувам да боцнам друго не успевам, и одеднаш ја притискам велушката онака ептен силно (пластична, од оние од сендвичарите) и како се скршува едно компирче со кечап и мајонез се залепува на екранот. Ама онака, ептен големо, баш на средина. И сега оваа како паѓа на доле ми прави цела линија кечап/мајонез по екранот. Трапавост или несмасност или и двете се вклучено во моето ремек дело. Браво.
Шефката сакала вчера после работа да не носи на кафе...кажала пред сите ама јас не сум слушнал Кога ме праша дали имам некои обврски за после 4, јас си помислив дека сака прекувремено да останеме на работа, ја излажав дека ќе носам кола на мајстор во 5... и така...другите отидоа на кафе а јас дома како мисир...
Другарками да е здрава и жива Значи прашала за некој тип што му се допаѓал во град каде е што е му кажале дека негде работел во странство наводно оваја таман стигнала дома одма отворила на фб да мањачи типот наводно бил во Србија дури ја гледала страна НЕЗНАМ КАКО НЕЗНАМ ама наместо мене да ми пиши порака таја на типот ГО ЛОЦИРАВ ОВАЈ СРБИЈА Е и му ја пушти пораката ,сигурно несвесно кај него на страната отворила пораки мн била занесена откако ја пратила во истата секунда сватила што направи еве сега бара лопата и некоја дупка кај да ја скриеме искрено се умрев од смеа...
Дојдоа гости и запнаа да седат во дворот,јас бев сама дома и велат стави набрзина кафе само ,океј ставив кафе и заминав накратко кај нив, по некоја минута одам дома од кафето абер нема,не сум ја пуштила ринглата,леле дури да се свари 15 мин поминаа,тие дремат надвор нервозни..кога излегов стопати прашаа што сум правела толку,да не варев грав #едно незгодно шо ми падна
влегов купив јадење си излегов и на пешачки една жена вика девојчее девојчеее не си го земавте јадењето. А беее до толку ум да немам, си платив и си заминав.
Isturiv eden tanjir so lutenica nad tepih Zaprasajte se samo. Zaprasajte se samo kako go iscistiv seto toa...zamislete me... Tepison od merinos...debel...kremav
На училиште ми претече менструација коа станав од стол црвен беше среќа што носев црни фармерки и црно наметче.Фатив то ташната и да ме нема другарките кажаа дека морам да си одам..Брууки
Најтазе: Ставив вода да зоврие за макарони и шо има да му седам на глава додека да зоврие, си отидов во соба. Таа си вриеше, си вриеше и си вриеше и ете ме мене одеднаш ми текна што имам на оган, одам, и таман стасав кога испаруваше последната капка од цело тенџере со вода. Ок бар стасав нешто, можеше и таа капка да испарит ако не отидев на време
Принтскрин од муабет меѓу мене и другарка му го пратив на оној за кој се однесуваше... Ама одамна беше ова.Ама и последно
На бензинска во Лукоил мама тураше бензин и дека нели внатре се наплаќа и сега јас со мене носев точно 500 денари а и мама толку бензин тураше, и сега си влегов и давам пари на таа внатре како да ја наречам ајде продавачка ќе кажам и таа ми дава фискална и си броеше пари нешто и си стојам јас си чекам кусур,си чекам си чекам и вика мајка ми ајдее што стори ти ? и јас кога ми текна што направив ми идеше да си потонам ахахахахахаххахаха (а јас навикната кусур да ми врати пошто секогаш одпојќе сум носела пари не точно)
Беше пред 3-4 дена.Со такси со малиот отидовме до кај мајка ми,и клучот од дома ми паднал во таксито.И потоа ми звони мм го бара клучот ме прашува кај сум го ставила,а јас не се сеќавам,се пребарав торба,ташна никаде го нема,човекот внатре не може да си влезе и јас упорно не се сеќавам незнам и стварно така беше.И потоа мајка ми вика во такси да не ти паднал звони прашај.И јас земам тел. звонам и тоа на погрешен број,како навиена си изгубив клуч со зелено човече од дома ми е,да го однесете во централа.И човекот ми вика,јас се разбирам но звонете на приватен број.И ајде извинте пријатно.Аах се прават глупости
Брат му на тој што го бендисувам дојде кај нас во клас да собери пари за карти.Јас не носев пари и сега и побарав на другарка ми и оваа ми даде ама наместо 60 таа 40 ми дала и ми кажала ама јас не ја разбрав.Му ги дадов парите и сега ги брои париве и ми се смешка машково и ништоо.После на одмор и велам на другарка ми да ми се јави пред да тргнувам утредента да не заборавам 60 ден.И ми се пули вака девојчевоо ми вика од каде бе 60 јас 40 ти дадов.Леле ко ми текна што направив и зошто ми се смешкалСледниот ден го срекавам со брат му пред училиште му ги дадов парите набрзина му се извинив и да ме немаа
Во банка на шалтер им оставив стегач со влакна по него. Ми беше фатена косата па ненајдено ја пуштив и го ставив стегачот во новчаникот и кога плаќав го извадив и го оставив на шалтер. Се сетив дури кога излегов од банка. Срам ме изеде.