Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последната глупост што ја направив

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Unfaithful18, 28 август 2010.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    96.496
    Си ја заборавив ташната во еден дуќан:headbang:.
    Па во влезот на зградата кога ми текнааа(facepalm), трчи како избезумена...еден дуќан ако беше арно, ама 1001 беа. Добро што успеав да си вратам филмот назад у тоа лудило што ме зафана од паника и ладна пот облевање во исто време и директ на местото на злосторот се нацртав. Кога си го здогледав ташнето си стои обесено кај што сум пробувала, ми огреа сонце:whew:.Иначе како што ги макнам сите документи во новчаник:worried:...
    И заборавот почна да ме зафаќа, следно се бели влакна ми се чини:drunk::rofl:.
     
    На sugarlips, kjukli, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tinker Bell

    Tinker Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Има две случки. Едната е постара. Се вракавме со другарки од Сити Мол со автобус и веке доага автобусот на нашата станица и одам накај вратата да излезам. Таман да излезам стапнувам со едната нога надвор тоа во дупка да сум стапнала и бум доле на коленици. Брзо брзо станав да не се брукам.
    Втората е исто така за пагање но овој пат во школо. Се вракавме со другарките од одмор и дека во школото е на катови ние сме на најгорниот кај и требаше по скали да идеме. Се беше ок се додека не дојдоа последните скали. Ми се сплеткаа нозете и лупнав. Срека не ме видоа од генерација децата ке ми се утепаа од смеење. Што сопка сум била! :D 8) :)
     
    На wanderlust му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ставив компири да се варат,си отидов во соба,си читам јас по фемина,саат време секако помина.
    Гледам ми мириса чудно во собата,одам до кујна,компириве црни јаглен :D
    Ај нека ми е наздравје ручекот :D
     
    На girl-miri, iloveyou29, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  4. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Go staviv plinskoto na ringla da si svaram kafe,a istovremeno nesvesno sum ja uklucila ringlata,i pocna plinskovo da mi cadi,gledam se topi odozdola,e arno sto ne mi eksplodira..
    Glupost nevidena
     
    На Osamena devojka и Dr.Zzz им се допаѓа ова.
  5. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    леле ги има многу но последно време само се сопкам! :lol: Скоро сите бруки ми се со тоа сопкање,еве една од нив што ме засрами..
    Со дечко ми излегуваме да шетаме он пред мене прв излезе а јас по него да ја затворам вратата.И имаше скалички и бидејќи темно беше јас не ги заприметив и ја промаршив скалата,коа се засопнав за малку што не паднав на нос:rofl:И он се сврте да види што направив, и јас:(од една страна кукам ме болеше ногата а од друга страна се правам како ништо да не било:lol: ) :hai: Не, ништо не е почекај ме, само се зсопнав малце(амаа маалцее,ќе се залепев за земја :$:rofl:) И он ми се насмевна и ми вели: хаха ма паази кај одиш..:$
     
  6. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    Влегувам во Зара пред некој ден и почнав да си разгледувам што има како има и почнав да си пробувам едни шешири.
    Така уфилмана си се гледам како ми стои, па пробувам друг и наеднаш се вртам кај парфемите и почнав да ги мирисам така занесена...
    После некое време трнувам накај излезот со шеширот на глава, со етикетата и алармот од позади и таман да го поминам сензорот за аларм ми текнува дека шеширов уставри ми е уште на глава дека сум заборавила да го извадам и таква трчам брзо да го вратам назад а обезбедувањево ме гледа така бледо.
    Абе еден бед коа ме фати ми идеше да избегам што побрзо. Добро можеби и не е некоја глупост ама да се заборавев и така да си изкочев со шеширот и да се пуштеше алармот ќе се засрамев до коска. Една ракета да си фатев и да ме лансираше на Марс :rofl:
     
    На Nigredo Odor, CoCoGiiiRL, shining_star и 12 други им се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Најсвежо, од пред малку.
    Истурив талог од кафе врз креветот, врз прекривачот. И одлучив да оставам да се исуше и да не и кажам на мама. Арно ама фана ме стра навечер да не ми се соберат бубачки. :D Ќе погодете ли следно што се случи? Да дадам hint? Влажно марамче. И го расшлака уште толку :D Од толку што го расшлака, направи дупка во прекривачот. Eве го моето ремек дело https://scontent-fra3-1.xx.fbcdn.ne...=870b84f27dfd43bd376acea553331f85&oe=56830B02
    Пет минути после тоа истури УФО лепак врз хеланките, ама во добра количина :D
     
  8. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ми рече да купам 1 кг компири и јас си одам во Тинекс и купвам 800 гр компири и ќе му ѕвонев на мајка ми да прашам дали се доволно 800 грама и го отклучвам телефонот отворам именикот и оти тогаш бев на каса го прибрав телефонот во џебот. Ми наплаќа продавачката и јас го вадам телефонот врти 5,6 секунди од ко ми кренаја, а јас си мислам на мајка ми му ѕвонав и таа крена и му велам "мама купив компири, ако 800 грама ? и слушам првата шо ми е во именикот (жена на брачед ми) ми вика кој е на телефон ? и јас одма му исклучив и цел пат си мислам леле резил, арно таа ми го немаше бројот оти дури тогаш ќе се отепав хахах
     
    На Svetulkaaaaaa и Ladybug. им се допаѓа ова.
  9. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Еве уште еден шо ми се случе пред неколку дена, си бегам од училиште дома и гледам едно чупе 100тина метра пред мене и почна да ми мавка и јас си реков можи го познавам и ми заличе на една моја познаничка и јас му мавкам и се вртам назад и гледам на друга му мавкала, тогаш ќе се отепав ,од шо се изрезилив и улицата ја преминав и цел пат се смеев и си повторвав во умот леле глупа колку сум, се изрезилив итн. хахах
     
    На sugarlips, Someonespecial, LittleChili и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Ne e nova glupost od poodamna e se sekjavam treta godina sredno bev i onaka kraj na februar mesec pocetok na mart , nie na cas po fizicko , a snegot uste ne druzi , si imavme eden naludnicav profesor nadvor sneg i zamrznato na nekoi mesta , on ni vika aj na igraliste da se razmrdate malku dosta bese sedenje .. Ide Krejzi so dve drugarki raka pod raka zameseni so muabet , op pred nas virce so voda .. I vikame na ednava drugarka ( Olivera ) idi slobodno voda e , a devojkava vika kje padneme ne e voda smrznato e , nee Ole voda e idi , ja ubedivme i sea proagjame site tri i op .... BUMM !! Site tri pred cel klas ,dvajca profesori , nekolku deca koi se najdoa na terenot i uste eden klas , se najdovme dolu na zemja .. Ni rece Ole ne e voda a nie uporno voda e ne e mraz , aj so ni se smeea decava od dva klasa i nepoznative , ama profesorot ni se izgazi od smeenje , i stanuvame nie , i gledame i nasiot lud profesor zapadna , da ne bese negoviot kolega da go zadrzi , i toj ke si imase modrinka na zadnikot kako nas tri xD
     
    На theowndemon и Ladybug. им се допаѓа ова.
  11. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Пишував порака наменета за дечкоми а ја пратив на другарка која сме скарани ..и са цурево ќе си мисли намерно е:headbang::headbang:....Па и нека мисли баш мие гајле :lol:
     
    На theowndemon и Ladybug. им се допаѓа ова.
  12. Ladybug.

    Ladybug. Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Не е последна ама ај... Бевме со другарки во продавница и пред да влезиме ја пеевме ти моје злато ама не оригиналот подруга верзија. И влегуваме впродавница а продавачот млад беше и јас почнувам: ТИ МОЈЕЕ ЗЛАТООО ТИ МОЈЕ ЗЛАТООО ДОЈДИ КАЈ БАТОО ДОЈДИИИ КАЈ БАТООО(facepalm) и почнаја да се смеат другаркиве и престав да пеам и поле одиме да платиме и ја чукнав клавата во она кај шо сто цигарите и сите почнаа да се смеат исто и продавачо,а и си купивме и од оние лижалчињата шо се како цуцли и продавачов ни вели несте малку големи за вакви?.... Абе резили. :$ :D
     
    На sugarlips, cresa-jagoda, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Eveline

    Eveline Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Утрово со гелот за лице си измив заби. :headbang:
     
    На Lunadeeztac, sugarlips, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Хаха слично нешто ми се случило...
    Во трета година средно со другарка имавме празни часови неможевме да замениме зошто на 6ти правевме тест и ај ќе прошетаме до теранова да видиме шо има:D.Со нас беа и чантите зошто ја менувавме училницата па мораше да ги влечкаме и така си влегваме се убо си разгледваме и дојде време да излезиме...леле луѓе ко почна тој алармо да свири набаре ограбивме банка јас пребледев другаркава се укоче обезбедување околу нас за среќа немаше многу луѓе:whew:]:)...после 2 минути му текна на таа продавачката да кажи и да стави натпис дека алармот е расипан:punch:...ццц замаена вака човек во беља ќе го стави :fubar:....тогаш не ми беше смешно ама сега мие..:rofl::D
     
    На theowndemon, Bubblequeen, Ladybug. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ми е за тука мислењето.
    Пред една некое време, стрина ми ме прашува за кој е добар фризер за да иде да се шиша и сега јас, најнормално го препорачувам мојот. И сега да речеме дека се вика Петко. Они живеат во стан со чиче и Петко им е комшија. И сега да и дадам број, арно ама јас имам и школски што се вика Петко :D И по грешка бројот од школскиот и го дадов. И му ѕвони стрина и слушам дијалог.
    - Ало, Петко?
    Да.
    - Што правиш?
    Ништо.
    - Добар ли си?
    Аха.
    - Абе на телефон е комшиката, на тој и тој жена му, на ColoursOfTheRainbow стина и.
    Добро.
    - Сакам за шишање да закажам. А ти на работа ли си?
    Не.
    И тука стрина му спушта и ме гледа зачудено. И ми вика ти кој знае на кој си ми дала број. И јас патос кога се сети дека наместо на фризеро, дадела сам и број од школскио. Можам да му ја замислам фацата додека одговара на прашањата на стрина :D
     
    На any_xx, CoCoGiiiRL, foreverMATH и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Ladybug.

    Ladybug. Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Пред малку бев во продавница за да купам штипки и ко се врајчав едни двајца ромци одеа пред мене и ко ме видоја дека одам зад нив застанаја за јас да појдам пред нив и мене ме фати страв, ама не го носев телефоно и ги зедов штипките демек телефон ми се и се преправав дека зборувам за да не ми реча ништо а комшите беа излезени надвор и ми се пула си мисла на кизнеј со дроги сум. :lol::rofl:
     
    На shining_star, VivienLeigh и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. Magenta

    Magenta Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Не ми се идеше на час и и кажав на професорката дека умрела баба ми и дека морам на погреб :)
     
    На Lunadeeztac, Βικτωρία, shining_star и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Во темата „Напредување во висина и тежина од 0-1 год“ напишав едно големо мислење и еден хронолошки распоред на мојата тежина и висина во претходните години, среќа пред да го постирам прочитав и ми падна малку чудо, после неколку минути сфатив дека уствари јас сум на грешка тема. (facepalm)

    Ам, добро де, што па и јас напреднав во висина и тежина, сакав да си се искажам некаде. :drunk:
     
    На Nigredo Odor, CoCoGiiiRL, Dr.Zzz и 11 други им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Варев чај и земав цедалка да го прецедам над судоперот но одоздола не сум ставила ништо и чајот ми истече. Која глупоќа брее(facepalm)
     
    На LadyLollypop, Osamena devojka, Nigredo Odor и 17 други им се допаѓа ова.
  20. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Имавме час по англиски два класа заедно и сега нели знае се, последна клупа со друшките :D И ги прашувам дали ја знаат песната Baby got back. И ми викаат не.
    Не ни очекував дека професорката ќе ме слушне од последна клупа. И си почнувам јас да си пеам
    I like big butts and I can not lie
    You other brothers can't deny
    ....
    Deep in the jeans she's wearing
    I'm hooked and I can't stop staring
    Oh baby, I wanna get with you
    And take your picture
    My homeboys tried to warn me
    But that butt you got makes me so horny
    Сакам големи задници и не можам да лажам
    Вие другите браќа не можете да негирате
    .......
    Длабоко во фармерките што ги носи
    Закачен сум и не можам да престанам да зјапам
    Ох бејби, сакам да сум со тебе
    И да те сликам
    Моите момци се обидоа да ме предупредат
    Ама задникот што го имаш многу ме пали
    И професорката ме прашува - Целата ли ја знаеш?
    И јас таква :o - А слушнате ли која песна?
    Вика - Убаво слушнав :D
    Леле Боже, сакав само да ме нема :D
     
    На Dr.Zzz, shining_star, borjan4eto и 8 други им се допаѓа ова.