Nautro koga trebase da mijam zabi gledam edna rozeva edna zelena cetka i gi gledam i vikam nemoj da zgresam da ja zemam cetkata na mm i taka si miev zabi so zelenata cetka koja e na mm
Сакајќи да споделам на фб слика од интернет,која ја имаше клаено една познаничка,јас и ја споделив профилната
Арно една другарка ме има во блиски пријатели и штом споделам нешто таа прва гледа, и ми вика шо е ова бе шо споделваш? Му викам семе синапово Абе какво семе ова цел плод е вика оди види ЛЕЛЕ ко видов хаха лудница...ај да се тешам можеби не виделе многу луѓе
Во Милано влегов во бутик само заради продавачот што беше прекрасен Целата изгубена зјапам во него и му велам да разгледам фустанчиња..И тој вели ова е машки бутик Сакав во земја да пропаднам ама ајде тоа е..Само му реков "кој би забележал каков е бутикот покрај ваков продавач" и одма низ врата си излегов
Бев со две другарки на кафе (портал во Битола) и сега седиме на кафе и идат мали циганчина (Тие шо се од Битола знаат) и сега иди циганчето (ние ѓупчиња си ги викаме) и досадува,лични дајте 5 денари,швалеро да ти живеј и такви некој смешки...И јас со другарките нешто се заебававме,ѓупчина вака ѓупчина така и тоо си вика среќни да бидите ајде дајте ние се смееме другарками само прикажува то ѓупчина од уста не го изваде и иди келнеро вика повелете и са другарками му вика капучино и јас на другата другарка ќе му кажував и се изгубив ко дојде келенро ќе кажував шо сакам и наместо неа да му кажам се вртам кај него викам и ѓупчинаheadbang:...И тој вика досадни се са ќе ги избркам му досадваат на муштерите секој ден по 20 ден му давам и се научија а поќе пари од нас имат вика хахаха а јас не трепкам сериозна седам ко подзамина ко зедовме се смееме ние па налет то келнеро смешен се кара со нив тие не бегаат му викат жити женати вака така хаха
Седиме со еден дечко на кафе ама се знаеме онака од видување. Разговараме за се и сешто и дојдовме до темата секс. Ми вика дали ти е битно колку време си со типт за да имате секс и јас како некоја будала да се напраам паметна и европска девојка му викам: Ма не, тоа е застарено сфаќање, доколку има хемија меѓу нас може да имам секс уште првиот ден. Искрено сладок беше и мислев дека ќе се фати на таа јадица и дека ќе падне барем секс И замисли он идиот ни пет ни шест ми вика, многу мразам девојки кои одма шират нозе дури уште пред да ја запознаат особата. Вика, јас незнам што има тука интересно ако она одма рашири нозе без да те мачи, ќе имате секс ќе ја прочиташ како книга и што после? Уф, ми се чини никогаш не сум била повеќе посрамена. Наравоучение секогаш приогајте им на лугето со мала доза на резервам а не дирекно со грло во јагоди. Сега и да ме моли не би му дала.
Ја исчистив и избришав од прашина собата (возејќи се низ неа на столчето со тркалца за биро што ми е )
Синојка се решив да праем мафини по мој рецепт и во тие корпиците како за бомбици и не стаев доволно зејтин и тоа ми се залипија на корпиците не се ваѓаат Среќа мајка ми не виде имаше да биде
Вчера порачав скара во една кафана да ми биде во 3 готова да ја земам. Одам таму и му кажувам на човеков што сум порачала и ми вика 320 денари. А до мене имаше уште еден човек, а дур ми враќаше кусур на тој продавачот да го наречам му звони телефонот и се јави. Остави една кеса и брои колку да ми врати, ми ги даде, викам фала и дремам. Мислев таа кесата за другиот човек дека е, а не приметувам дека и тој стои и не ја зема. Си дремам, си разгледувам околу ко теле некое, се што имаше околу мене и подалеку го разгледав. Го гледам продавачот и тој мене и мавта со рацете зошто нели, зборуваше на тел. Се изгубив луѓе. Одеднаш престана да зборува и ми вика: „Чупе, твоја е кесата, ти се излади јадењето!“
Тоа што несакајки се опив на роденден на 13 годишно дете, седнав на шанк и си испив пола (или цело беше) шише вино во рок од 20 мин. Резили. Промашив вратата и едвај се качив по скалите за да излезам на воздух. Од кога помина нирвана дејството ме удри смеењето, тогаш беше забавно.
аххах интересно мене ми се има случено да го ставам Далечинското во Фрижидер.. Кога бев мала исто така во една сендвичара кај нас во маало оти ме познаваа јас нарачувам тост а пред мене девојчиња ама поголеми викаат да да за нас со помфрит и јас идам на ред и жената ми вика ------- и тебе ли со компирче ? И јас целата збркана е а може ли и мене со помфрит аххахах и она абе исто е тоа ...сега пукам од смеа хаха
ахаххах Синоќа снема струја и ме фати страв.. И пуштам светло од телефонот но батерија 2% и од што ме фати паника да не исклучи мобилниот брзо го уклучувам на полнач и гледам не се полни си викам што е работата и после ми текна декА нема струја ..јајајјајаххааххаха и си легнав со ќебе преку глава хаха најјпресно е овоа
лелее пред некој ден бев таму каде што работе татко ми и еден човек ми вика,,вие нова сте тука,,а јас се завртев и мртва ладна одговарам ''неее јас сум керка на татко ми''овој вика аааа на татко ти збунет цел и се сетив што кажав и се вртам викам ооооо на ?????сум керка,,,,,после колку сум се смејала лелее хахаххаха