Изгледа премногу очекував од филмот па се разочарав, и глумата на Мајли не е нешто кој знае колку добро.. Книгата е 100 пати поинтересна.
Мене лично многу ми се допадна филмот....и изнаплакав ептен Многу ми е тажен (го имам гледано барем 3 пати )
многу тажен филм,мислам се знаеше каков ке биди по авторот на Notebook,Мајли глумеше убо за разлика,јас не ја обожавам баш сепак филмот беше многу убав.Like
Секоја чест за Nikolas Sparks ! Филмов одвај го дочекав да искочи и да се појави некоја добра снимка на нет.Знаев дека е екстремно тажен,нормално во стилот на авторот нели,ама таков крај не предвидов.
Ok! не ме одушеви нешто ниту ме разочара..очекувано! интересна фамилијарна приказна у секој случај да одмориш мозок.
Филмот го имам глеано но книгата не(ја немам читано).Мене лично ми се допадна,не нешто специјално ама убав беше.Малку ме растажи на крај ама не се дадов а и Мајли беше добра според мене
Незнам дали е во мене проблемот, ама мене овој филм не ми остави ама баш никаков позитивен впечаток. Ептен монотона содржина, досаден филм, едвај го догледав
Глупости бе. Досаден, досаден, предосаден, едвај го догледав, и мотав сцени.Т.е на почетокот интересен беше малце, ама после досаден, и подосаден. Башка и оноа Мајлино, кај антипатична па и се наканив со неа да го гледам, г нема од глума.И приказната мутава. own:
Филмот го немам гледано, но ја имам читано книгата и можам да кажам дека ми се допадна, убава книга лесна за читање, типична за Спаркс. Баш ми дадовте идеја за нов филм, ќе го изгледам и ќе коментирам
Досаден филм едвај чекав да заврши иако не ми е јасно зошто продолжував упорно да го гледам Kнигата е каде каде подобра...
Мајли што е лоша глумица,лоша е. Но филмот мене ми беше многу убав.Не е сега работа да глумам некои патетики но ми беше многу тажен.Како ли само се мачев да не заплачам на крајот,како кнедла во грлото да имав.Едноставно самата приказна и музиката на крајот беа многу жални.Не верував дека ќе ми се допадне филм во кој главна улога игра една Дизни ѕвездичка но за некое чудо овој ми се допадна.